Кошничката е празна.

Top

Изгорениците од сонце, сувата и иритирана кожа не се појави резервирани само за летната сезона. Тие можат да ве следат и за време на зимските денови и скиjачки авантури, а за жал, зимскиот снег може само да ги засили. Но, пред да се растревожите, опуштете се бидејќи можете да ја заштитите кожата со квалитетна козметика.

ВИСОК ИНДЕКС НА УВ ЗРАЧЕЊЕ

Сонцето зрачи цела година, па ако планирате да излегувате повеќе од 20 минути, направете го СПФ задолжителен „дел“ од вашата козметичка торбичка. Останувањето на снег е секако еден од таквите излети, а тоа е ситуација во која (во однос на вообичаените дневни потреби), кожата треба поинтензивно да се заштити со соодветен заштитен фактор.

Податоците на СЗО сугерираат дека дури и во мрачни денови, повеќе од 80% од штетните УВ зраци можат да навлезат во кожата. Водата, песокот и погодете што – снегот – ја зголемуваат таа опасност на уште повисоко ниво. Доколку планирате оваа зима да ја поминете на планина треба да знаете дека интензитетот на зрачење исто така се зголемува со разликата во висината. Поради зголемувањето на надморската височина, има помал атмосферски слој што може да апсорбира сончеви зраци, а свежиот снег со својата белина обезбедува исклучително силна рефлексија. СЗО истакнува дека на секои 1000 метри, нивото на УВ зрачење се зголемува за приближно 10%, а во зависност од локацијата, овој процент може да биде трипати поголем.

Поради таквиот одраз, важно е добро да се нанесе заштитна крема на целото лице. Посебно внимание треба да се посвети на испакнатите делови како што се носот и ушите (освен ако не носите капа цел ден). Бидејќи носот многу често се брише, се допира, ги допира очилата, заштитете го со производ што ќе создаде малку посилен, погуст заштитен слој на површината на кожата. Еден таков производ е Сан Стик, повеќенаменски стик со заштитен фактор 50 кој сигурно штити во најтешките услови, дури и при потење или бришење, а истовремено го спречува сушењето на кожата.

ЈАК ВЕТАР И СТУДЕНИЛО

На планините, особено во поотворените области, ветерот е чест “гостин“. Во комбинација со ниските температури, многу брзо ја „гребе“ кожата и ја остава смрзната и црвена. Тоа е привремено црвенило кое треба само нежно да се смири, а тоа можете да го направите со избор на производ за нежно двојно чистење на лицето (особено од крем со заштитен фактор), хидратантен серум и крема кои ќе ги нанесете по напорниот ден на скијање. Добра комбинација за оваа намена се Микроемулзијата и Амино гелот, а потоа следи Хијалурон Хидратор 4Х со крема према типот на кожа .

СУВ ВОЗДУХ

На кожата, покрај ветерот, сигурно не и одговара сувиот планински воздух. При враќањето од планина или скијање, во скоро 100% од случаите, кожата е дехидрирана, сува, донекаде безживотна и досадна, поради што (понекогаш) е потребно да ја промените целата рутина за нега. Ваквото сценарио ќе го спречите со навремено додавање на еден похранлив производ како што е лесниот, богат маслен комплекс Омега еликсир, додека сјајот ќе го вратите со стариот добар Витамин Ц серум. Покрај лицето, заштитете ги и рацете. Заштитете ги со Хидратантна крема за раце и нокти со маслинка, а навечер почастете ги со богата нега со Концентратите за раце со екстракт од невен или далматинска лаванда.

БОЛКИ И СПОРТСКИ ПОВРЕДИ (НА КОЖАТА)

Покрај природата, самите зимски активности и спортови можат да бидат сурови кон кожата. Посекотините, модринките, испукана и иритирана кожа не се ретки појави и кај возрасните и кај децата. Се разбира, постојат и мускулните воспаленија. Покрај комплетите за прва помош – завои, фластери, газа, аналгетици и антипиретици, со себе понесете универзален гел за кожата на целото тело. Изберете го оној што ќе одговара на целото семејство и во количина и по состав, како што е Оливал Алое вера гелот.

Доколку освојувате снежни патеки, не заборавајте да го надоместите и внесот на магнезиумот! За таа цел, преку кожата, ќе ви помогнат Оливал Магнезиум маслото или гелот, истовремено смирувајќи ја болката по зголемената физичка активност.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.