Кошничката е празна.

Top

Чистење и тонирање на лице

Двојното чистење на лице претставува чистење во два чекора, првиот чекор со кој се отстрануваат шминката и поголемата (видлива) нечистотија и вториот чекор со кој се отстрануваат остатоците од шминката и помалата (со око невидлива) нечистотија на лицето.

За првиот чекор, зависно од типот на кожа и користењето на шминка, можат да се користат Olival Мицеларниот раствор со масло од смил, Olival Мицеларниот раствор со смил 2во1, Olival Негувателното млеко со масло од смил и Olival Мицеларниот раствор со зелено кафе, додека за вториот чекор, односно за миење на лицето се препорачуваат Olival Мицеларниот гел со масло од смил и Olival Мицеларната пена со масло од смил.

Бидејќи се наменети за миење на лицето како втор чекор во двојното чистење на кожата, Olival Мицеларниот гел и пена не се замислени како производи кои во потполност ќе ја отстранат декоративната шминка, посебно кога станува збор за пудрата и водоотпорната маскара. Препорачуваме во рутината за нега да го вметнете двојното чистење, со Olival Мицеларните раствори или Olival Негувателното млеко како прв, и Olival Мицеларниот гел и пена како втор чекор.

Знаеме дека правилното чистење на кожата и нејзината квалитетна хидратација се многу важни чекори во рутината за нега. Меѓутоа, чекорот помеѓу чистењето и негата, каде се наоѓа тоникот, сеуште се прескокнува иако има неколку важни улоги.

 

Дополнително ја чисти кожата од најситните нечистотии
И по двојното чистење најситните честички невидливи за човечкото око, често се сеуште присутни. Со нанесувањето на тоникот се смирува кожата по процесот на чистење, се отстрануваат најситните честички па така се “заокружува” целовкупното чистење на кожата

 

Ја урамнотежува pH вредноста на кожата по чистењето
И да користите благи производи за чистење и нега на лицето кои не ја нарушуваат хидролипидната бариера, сепак и со нанесување на обична вода pH вредноста на површината се менува. Природната pH вредност на кожата е малку киселкаста што се совпаѓа со природната флора па така штити од слободните радикали, додека pH вредноста на водата е неутрална до благо алкална. Нарушената pH вредност може да доведе до промена на микробиомот на кожата, појава на неправилности и слично, па затоа е многу важно да се одржува нејзината рамнотежа.

 

Ја смирува и длабински ја хидратизира
Бидејќи е збогатен со состојки како глицерин, алое вера и други билни екстракти, Olival Тоникот за лице е мултифункционален производ и одговара на сите типови на кожа. Го смирува црвенилото, ја освежува кожата, и ја враќа природната влага, а зависно од присутните екстракти, делува и за други потреби. Olival Тоникот за лице содржи комбинација од етерично масло од смил, екстракти од семки од грозје, витамин Е и алое вера кои ја хидрираат кожата и имаат адстригентно дејство.

 

Тајната на хијалуронската кисела се крие во тоникот
Користењето на Olival Тоникот е исто многу важно доколку во вашата рутина за нега користите серуми со хијалуронска киселина, како што се серумите од Olival Professional колекцијата. Хијалуронот е омилен на кожата бидејќи сам по себе е хумектант, што значи дека на површината на своите молекули ја привлекува и врзува водата. Ако во рутината не се додаде таа вода, наместо да ја хидрира кожата, хијалуронот ќе го има обратното дејство, односно ќе ја извлече влагата од најдлабоките слоеви на кожата. Затоа пред нанесувањето на хијалуронот клучно е добро да го исчистите лицето, да го тонизирате и додека е влажна кожата од тоникот, да го нанесете серумот или кремата.

Пилинзи за лице

Olival Микроексфолијантот е пилинг за лице во прашкаста форма за чија “активација” е потребна вода. Во контакт со вода, ситниот прав формира густа, кремаста паста за длабински пилинг кој ги отстранува мртвите клетки од кожата, темелно ја чисти и ја припрема за рутина на нега.

Хемискиот пилинг и продолженото дејство на кожата ги носи салициската киселина. Салициската киселина припаѓа под бета хидроксилни киселини (BHA), а поради нејзиното докажано позитивно дејство врз комбинираната, масна и реактивна кожа склона кон неправилности во вид на проширени пори, отворени и затворени комедони, мозолчиња и акни, многу често се користи како активна состојка во наменската козметика. Салициската киселина има противвоспалително и комедолитичко дејство (спречува и ублажува појава на комедони), длабински ги чисти порите и го спречува нивното запушување, го регулира лачењето на себумот, ги отстранува мртвите клетки на кожата, го освежува тенот и постепено ја ублажува видливоста на флеките и хиперпигментацијата. Од друга страна, механичкиот пилинг во  Olival Микроексфолијантот го вршат природните зрнца од рицинусовиот восок. Со процесот на формулирањето со зрнца од природно билно потекло, се испочитувани стандардите на “зелена хемија”, а воедно е искреиран производ кој е истовремено нежен и ефективен во отстранувањето на мртвите клетки на кожата.

Кај корисници со изразено чувствителна кожа, се препорачува Olival Микроексфолијанот да се користи еднаш неделно, а на кожата да се држи помалку од препорачаното време. Освен тоа, во овие случаеви е подобро да се направи тест на издржливост на мал дел кај подлактицата. Производот не смее да се комбинира во иста рутина со друга козметика која содржи киселини и се препорачува да се користи навечер. Доколку често се користи производот во текот на летото и при подолго изложување на сонце, се препорачува нанесување на производи со заштитен фактор.

Olival Микроексфолијантот се користи 3 пати неделно на сите типови на кожа, освен кај изразено чувствителна кожа, кожа склона кон капиларни промени, розацеа и слични состојби. Употребата на Olival Микроексфолијантот не се препорачува кај оштетена, иритирана и видливо воспалена кожа со отворени рани, и кај лица алергични на салициска киселина. Бидејќи се работи за пилинг во прав, многу е важно правилно да ракувате со производот и да се избегнува вдишување на правот. Поради дејството на салициската киселина можна е појава на нежно пецкање кое е знак на активно дејствување на оваа состојка. Доколку се зголеми чувството на пецкање и се појави жарење, веднаш исплакнете го од лицето и прекинете со понатамошно користење.

Серуми за лице

Бидејќи производот не се темели на фототоксични и “тешки” активни состојки од синтетичко потекло, може да се користи и во текот на летото. Се препорачува користење на крема со заштитен фактор како превенција од нови хиперпигментациски флеки и за одржување на ефективното дејство на серумот.

Иако е многу концентриран и првенствено наменет за употреба на подрачјето околу очите и усните (поради што и доаѓа во пакување од 15мл), серумот може да се нанесува на цело лице.

Olival Омега Еликсирот е хранливо масло наменето за длабинска вечерна нега на сите типови кожа. Има низок вискозитет и лесна, но нутритивно богата текстура. Базиран на богатиот комплекс од сквалан од маслиново масло, масло од авокадо, чија семе, семки од капини и ноќниче, Омега Еликсирот темелно ја влажни кожата, ја смирува и го обновува нејзиниот заштитен слој (хидролипидна бариера).

Го спречува трансепидермалното губење на вода и делува регенеративно и превентивно против последиците од изложување на штетните сончеви зраци и други надворешни влијанија. Поради природното својство на скваланот во сродност со природната масленост на самата кожа, ова масло се апсорбира со неверојатна леснотија, ја заклучува влагата во кожата и ја остава мека, еластична, нахранета и заштитена. Карактеристичниот орашаст мирис потекнува од природните масла кои ги содржи, најмногу од маслото од чија семе и семки од капини.

Бидејќи Olival Омега Еликсирот е комплекс од сквалан добиен од маслиново масло и хранливи масла од авокадо, чија семе, семки од капини и ноќниче кои во одбраните проценти одговараат на сите типови на кожа, маслото може да се користи како на сува така и на масна кожа. Не се препорачува да се користи на изразито реактивна кожа и многу масна кожа склона кон комедони.

Бидејќи станува збор за комплекс од масла кои изобилуваат со хранливи состојки, Olival Омега Еликсирот се препорачува за вечерна нега. Меѓутоа, може да се користи и според потребите на кожата, па така, може и наутро. Може да се користи и како самостоен производ во рутина на нега заедно само со производите за чистење на кожата.

Olival Омега Еликсирот кај поединични типови на кожа е сосема доволен сам по себе или во комбинација со уште еден серум. Но, ова масло, својот полн потенцијал го остварува во комбинација со други производи, посебно серуми и креми. Бидејќи редоследот на “слоевитото” нанесување се темели на текстурата на производите, се препорачува негата да се започне со производи на водена база, а да се заврши со производи на маслена база. Така се создава заштитниот слој кој го спречува губењето на влагата и помага да се искористи полниот потенцијал на другите активни состојки, како што е хијалуронската киселина. При тоа е важно правилото “малку е многу” – доволни се неколку капки серум, потоа малку крема и на крај неколку капки од маслото.

Olival Златното масло со смил се препорачува најмногу за сува и чувствителна кожа, бидејќи содржи комбинација од хранливи масла кои имаат комедоген потенцијал, како маслата од маслинка и семки од кајсија.

Olival Витамин Ц серумот содржи 10% витамин Ц во облик на естер SAP (Sodium Ascorbyl Phosphate) кој е многу стабилен и високо отпорен на оксидација.

Лесната заматеност, односно промената на бојата, не делува на ефикасноста на самиот производ. Поради високата стабилност на естерот витамин Ц и соодветната амбалажа во вид на темно стакло, серумот нема потреба да го чувате во фрижидер, но чувајте го подалеку од директен извор на топлина и високи температури.

Поради формулаторната рамнотежа и постигнување на што поголем ефект од натриум аскорбил фосфатот како активна состојка, pH вредноста на серумот е 6,4. Оваа pH вредност е лесно поднослива на сите типови на кожа, вклучувајќи ја чувствителната кожа.

Бидејќи серумот како активна состојка содржи натриум аскорбил фосфат (SAP), високо стабилен естер на витамин Ц кој во однос на други облици/деривати на витамин Ц бара и подржува повисока pH вредност на производите, серумот може слободно да се комбинира со ниацинамид во истата рутина.

Olival Пептидниот серум П содржи максимално дозволени проценти на пептидите Matrixyl 3000™ и  Matrixyl sinthe’6™ , односно вкупно 5%.

Olival Витамин Р2 серумот содржи 0,1% ретинол, поради што е високо поднослив за повеќето типови на кожа и е идеален за почетници кои предходно во рутината за нега не користеле ретинол.

Поради ретинолот како активна состојка, препорачуваме серумот да се користи во вечерната рутина за нега, со задолжително нанесување на крема со заштитен фактор во текот на денот.

Бидејќи ретинолот како активна состојка потенцијално може да има тератогено делување на развивањето на плодот, не се препорачува користење на серумот во текот на бременоста или доење.

Серумите можат да се комбинираат низ текот на денот, во утринската и вечерната рутина за нега на лице. За нанесување наутро, поради фотопротективното дејство, идеален е Olival Витамин Ц серумот во комбинација со СПФ крема, додека навечер се користат Olival Витамин Р2 серум и Olival Пептидниот серум П.

Не се препорачува серумите да се користат заедно во исто време (слоевито нанесување), односно во иста рутина поради потенцијално настанување на иритации и/или губење на ефективното делување на серумите.

Комбинирана кожа на која и недостасува сјај: Olival Витамин Ц серум (+СПФ) наутро, Olival Витамин Р2 серум навечер.

Комбинирана и масна кожа склона кон неправилности, црвенила и први знаци на стареење: Olival Витамин Ц серум (+СПФ) наутро, Olival Витамин Р2 серум навечер.

Дехидрирана или сува кожа со први и видливи знаци на стареење: Olival Пептиден серум П наутро и навечер

Кожа склона кон постепени флеки од акни: Olival Витамин Ц серум (+СПФ) наутро и навечер.

Сува кожа со хиперпигментациски флеки и брчки: Olival Витамин Ц серум (+СПФ) наутро, Olival Пептиден серум П навечер.

Бидејќи не содржи потенцијално иритирачки состојки, серумот може да се користи на пределот околу очите, внимателно и со избегнување на контакт со самите очи.

Поради високиот процент на хијалуронска киселина во самиот состав, за полн и правилен ефект на хидратација, серумите се нанесуваат на чисто и минимално влажно лице, а негата се дополнува со нанесување на крема според потребите на кожата. Хијалуронската киселина, како и алое верата можат да имаат мал леплив ефект на кожата кој исчезнува неколку минути по нанесувањето на серумите.

Креми за лице

Иако целата Olival колекција на Смил е редизајнирана во смисол на амбалажа, илустрација, колорит и комуникација, формулацијата и составот на производите, па така и кремите од колекцијата смил се исти од самиот почеток и не се променети.

Olival ЦЦ кремата има лесна текстура и е погодна за користење на сите типови на кожа, вклучувајки ја и комбинираната кожа. Поради комедогениот потенцијал на маслата од макадамија и концентрациите содржани во составот, употреба на ЦЦ кремата не се препорачува за кожа склона кон запушување на пори и акни. За да постигнете матиран ефект, ЦЦ кремата “финиширајте” ја со камена пудра.

На прв поглед, нијансата на Olival ЦЦ кремата може да остави впечаток дека станува збор за различна боја, што е можно првенствено поради користењето на природни масла во составот. Во моментот кога ја истиснувате кремата од пумпицата, нијансата може да изгледа малку поразлично од предходната што сте ја користеле. Меѓутоа, откако ќе се нанесе на лицето и ќе се апсорбира во кожата, кремата се прилагодува на тенот и ја нијансира кожата секогаш на ист начин, поради стандардниот процент на пигмент во формулацијата.

Од која возраст можат да се користат кремите за лице од Olival колекција на смил?

Кремите за лице од Olival колекцијата на Смил не се препорачуваат во случај на преголема сензитивност на етеричното масло и салициската киселина во составот, иако е застапена во многу мали проценти.

Поради големата улога на хранливите масла во составот, како што се маслата од бадем, маслинки и коски од кајсија кои потенцијално можат да имаат комедогено дејство на одредени типови на кожа, Olival Екстра Богатата крема не се препорачува на кожа склона кон појава на неправилности. Во тој случај сугерираме употреба на Olival Регенеративната крема со масло од смил.

За комбинирана кожа склона кон неправилности идеална е Olival Регенеративната крема со масло од смил за посебна нега. Станува збор за хидратантна емулзија која брзо се апсорбира во кожата, ја смирува и матира, па така создава одлична подлога за нанесување на декоративна козметика.

Маслото од зелено кафе, покрај другите дејствија, потикнува циркулација на кожата, па така, по нанесувањето можна е појава на привремено црвенило. Таквата појава е знак на делување на маслото како активна состојка во оваа колекција.

Нега на тело

Olival Маслената емулзија е изразено богата, густа и негувателна емулзија на вода во масло и содржи масла од маслинки, јојоба и путер од какао. Поради својот состав оваа емулзија е идеална за нега на изразено сува, исушена, испукана и перутава кожа на телото.

Olival Волшебниот пилинг гел се нанесува прво на дланките па од таму рамномерно се распределува на кожата на телото, се вмасирува со кружни движења и на крајот темелно се измива. По овој процес, кожата се негува со Olival Волшебното млеко за тело. 

Olival Волшебниот пилинг гел, како и останатите пилинзи во асортиманот на Olival, е формулиран според потребите на “зелената хемија”. Не содржи пластични честички и нема штетно влијание врз отпадните води и околината.

Волшебниот пилинг гел е наменет за кожа која е чувствителна и склона на сушење, но може да се користи и за нормална кожа. Бидејќи во својот состав содржи исклучително пилинг зрнца од коски од кајсија, посебно се препорачува за кожа на која не и е потребен абразивен пилинг третман.

Бидејќи станува збор за концентрирана комбинација на високовредни, хранливи природни масла, од кои неколку имаат висок комедоген потенцијал, употребата на овие масла не се препорачува за кожа склона кон неправилности како запушување на пори, мозолчиња и акни.

Интимна нега

Olival течните сапуни за интимна нега Active и Sensitive имаат pH вредност од 4,5, посебно прилагодена за нега на интимните делови на телото. Сапуните се со малку кисела pH вредност со што се оневозможува развојот на патогените бактерии и габи, кои во кисела средина тешко се разножуваат. Сапунот делува превентивно во периоди кога е можно нарушување на бактериската флора на интимните делови на телото – кога се примаат антибиотици, кога се случуваат хормонски промени итн.

Olival течните сапуни за интимна нега се збогатени со невен и бадемово масло и се посебно прилагодени за чувствителната слузница на интимните делови на телото, поради што можат да се користат и од најрана возраст.

Нега на раце и стапала

Кремите за раце се наменети за дневна нега на кожата, бидејќи  брзо се апсорбираат во кожата и ја прават свиленкаста. Olival концентратите за раце со екстракт од невен и етерично масло од лаванда се многу погусти, бавно се апсорбираат во кожата и содржат поголем процент на глицерин. Концентратите за раце служат како одличен оклузив, ја заклучуваат влагата во кожата па затоа се одлични за вечерна нега на рацете.

Olival Каменот за стапала во потполност е природен камен добиен од пемза, шупликава и сунѓереста карпа со мала тежина која врши извонредна ексфолијација на стапалата и лесно ги отстранува мртвите клетки од задебелената кожа.

Нега на коса

Рицинисувото масло е хранливо масло со висок вискозитет, густо и богато. Има изразено добар ефект на кожата на скалпот и трепките. Поради неговата густа и масна текстура, маслото е идеално да се користи како пакување кое се остава да делува преку целата ноќ или неколку саати пред миењето на косата. Може да се нанесе и на влажна и на мокра коса, односно скалп.

Маслата за коса можат да се нанесат и на сува и на мокра коса, односно скалп. Доколку косата е “преоптеретена” со производи за стилизирање, маслото потешко ќе се впие во косата, па во тој случај се препорачува предходно миење на косата.

Пакување е назив за длабинска терапија, односно третман за коса каде се користат масла. Траењето на овој третман е од 30 минути па нагоре, а кај нископорозна коса (коса која тешко впива производи), пакувањето се чува преку целата ноќ. Во овој случај пакувањето се нанесува на сува или мокра коса, а при тоа косата се заштитува со пешкир или марама. Наредниот ден пакувањето се шампонира и измива, а косата останува длабински нахранета, цврста, сјајна и јака.

Olival Natural шампоните за коса Мента и лаванда, Рузмарин и лимон, а и Сензитив содржат состојки само од природно потекло. Формулирани се без вештачки бои и мириси, не содржат парабени, силикон и алкохол, а наместо исушувачкиот тензид содржи Coco Glucoside и Sodium Coco Sulfate. Поради својот состав идеални се за нископорозна коса на која лесно се таложат остатоци од производи за стилизирање, како и за коса/скалп на која и е потребен нежен но ефективен шампон

Olival Natural шампоните содржат хидролизиран протеин од пченица кој е всушност сертифицирана безглутенска суровина.

Поради својот благ, неиритирачки состав Olival Natural Сензитив шампонот е идеален за секојдневно миење на косата.

Olival Natural шампонот Рузмарин и лимон содржи етерични масла од рузмарин и лимон кои ја враќаат природната рамнотежа на косата, ја потикнуваат циркулацијата и го регулираат лачењето на маснотиите на скалпот поради што е идеален за миење на масна коса склона на перут.

Olival Natural шампоните во својот состав содржат етерични масла како што се маслото од лаванда, рузмарин и лимон, па поради тоа не се препорачуваат во случај на алергија или преголема чувствителност. Доколку се појави иритација или оштетување на косата (кај лица на кои не се препорачуваат овие шампони), направете пауза во користењето или престанете во потполност со користење.

Olival Шампонот од Чичек, кој е третмански шампон, е идеален за миење и нега на оштетена, сува коса и перутав скалп. Со долгорочното користење на шампонот кожата се смирува, се спречува создавањето на перут и нејзиното опаѓање, а косата е нахранета од скалпот до врвовите. Идеално е да го користите во комбинација со Olival маслото од Чичек.

Наместо тензидот SLS (Sodium Lauryl Sulfate), Olival третманските шампони од Чичек и Авокадо содржат SLES (Sodium Laureth Sulfate), поблага форма на тензид кој овозможува побогата пена и чистење. Olival Natural шампоните содржат SCS (Sodium Coco Sulfate) и Coco Glucoside кои се од билно потекло и не прават многу пена. Наведените шампони претставуваат понежна и природна алтернатива на класичните шампони.

Гелови за посебна нега

Поради специфичниот состав на поединични гелови за посебна употреба кои содржат ментол и камфор, геловите не смеат да ги користат трудници и деца под 6 години.

Olival Алое вера гелот може да се користи и на лице, но за долготрајна употреба препорачуваме да се користат наменски креми за лице.

Сончање и забрзано потемнување

Иако Olival Супер Морков пекмезот доаѓа и во пакување со заштитен фактот 10, кај целодневното изложување на сонце потребно е да се нанесе млеко или масло со поголем заштитен фактор, па потоа се нанесува пекмезот, сувото масло или златното масло.

Хранливите масла од морков и орев, кои изобилуваат со нутритивно богати состојки, сами по себе имаат природно потемна боја, па така можат да ја обојат светлата боја или костимот за капење. Се препорачува користење на плажа.

Формулација на производите

Поединични производи на Olival како кремите за лице со масло од смил, содржат масло од пченични клици. Тоа е масло кое во процесот на преработка е ослободено од глутен, поради што е декларирано како безглутенска суровина. Хидролизираниот протеин од пченица, кои се користи во Olival Natural шампоните и #Купанац и #Рашчешљанац исто така не содржи глутен.

Целовкупниот асортиман на производи на Olival не содржи парабени.

Производите на Оливал се лабараториски тестирани, процес низ кој е утврдено дека во својот состав може да содржат никел во мали трагови, што се смета за занемарлива, сигурна и во потполност безбедна улога.

CRUELTY FREE и веган статус

Целовкупниот асортиман на производи на Olival не е тестиран на животни. Cruelty free статусот е една од работите на кои Olival е многу горд и го почитуваат уште од самите почетоци на фирмата пред повеќе од 25 години.

Повеќе од 80 производи од асортиманот на Olival се вегански, односно не содржат состојки од животинско потекло. Само дел од нив се сите производи од колекцијата Professional и детската колекција #МАЛЦИ. Olival ветуваат дека и во иднина ќе развиваат вегански формулации за нивните производи.

СЕРТИФИКАТИ И СТАНДАРДИ

Процесот на производство на Оливал се темели на стандардот  ISO 22716 кој потврдува добра производствена пракса, додека производствениот погон е сертифициран со ECOCERT сертификат. Самиот производствен процес сертифициран е со IFC KPC сертификат. Преку овој систем се остваруваат низа деловни и оперативни предности, а исто така се контролираат  добавувачите на суровини како и квалитетот на испорачаните суровини, спречување на негативни надворешни влијанија над квалитетот на производите и производниот процес, контрола над производниот процес, следејќи го од суровина до секој поединечен производ, но и континуирано одржување и унапредување на компетентноста на сите вработени.

Освен тоа, сегмент на производите на Olival, поточно део кремите и колекцијата со масло од Смил, од 2014 година е NATRUE сертификатот, која воедно е прва сертификација од овој тип во Хрватска. Во прашање е сертификат за кој 75% од производите во поединечните линии мора да бидат во склад со NATRUE критериумите. Општите принципи на овој интернационален сертификат се темелат на природно и органско потекло на козметиката. Производниот процес на Olival е исто така сертифициран со EKOCERT сертификат за природна и органска козметика.

Предности на природната козметика

Само некои од главните предности на оваа козметика се 100% природните состојки кои се главно од билно потекло, не се тестирани на животни, имаат дологорочно одличен ефект на кожата и целиот организам, но и позитивен ефект на околината. Производите на Olival се креирани без непотребни дополнителни амбалажи и микропластика, а се изработени во согласност со принципите на таканаречената “зелена хемија”.

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.