Top

Рекламација и рефундирање

Доколку не сте задоволни од производот кој сте го нарачале, можете да го вратите со целосно рефундирање на уплатените средства, вклучувајќи ја и доставата доколку е наплатена (во случај на поврат на цела пратка), во рок од 15 дена од доставување на пратката.

Производите на кои се прави повратница треба да бидат неотворени, неискористени и во оригинална амбалажа.

Трошокот за поврат на производите до нашиот магацин ги сносува купувачот, освен во случај на испорака на неисправен производ или направена грешка од наша страна при испорака (ако не е испорачан соодветен производ према нарачката). Во овој случај трошоците за поврат во целост ги превзема Тесори ди маре ДОО Скопје.

За поврат на неискористени и неоштетени производи, Ве молиме претходно да не контактирате на телефон  071/889-228, 076/263-040 или на [email protected] .

НАПОМЕНА

  • Повратите и замените на производите треба да бидат однапред договорени
  • При поврат на производите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се приложи и неоштетена фискална сметка
  • Доколку се работи за поврат на средства (не за замена на производ), треба да приложите фотокопија од вашата трансакциска сметка каде ќе биде извршена уплата на средствата.
  • Повратот на средствата се врши откако производите ќе се достават до нашиот магацин
  • Во случај на поврат на производ, купувачот е должен соодветно да ги спакува производите (во картонска кутија или слично), со цел да се спречи оштетување на проиводите при транспорт. Доколку дојде до оштетување на производот поради несоодветно пакување на истите (во обична кеса или слично) повратот на средствата или замената нема да бидат остварени.
  • Повратот на производите купувачот треба да го изврши без одлагање, најкасно во рок од 14 дена од пријавената рекламација.

ОШТЕТЕНИ, НЕИСПРАВНИ ПРОИЗВОДИ И ГРЕШНА ИСПОРАКА

  • Во случај на оштетување на производот при достава, неисправен производ или грешна достава (ако не е испорачан соодветен производ према нарачката), Ве молиме да не контактирате во рок од 2 (два) работни дена на телефон 071/889-228, 076/263-040 или на на [email protected] .
  • Сите рекламации ќе ги решиме во најкраток можен рок. Во вакви случаеви сите трошоци ги покрива Тесори ди маре ДОО Скопје

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.