Кошничката е празна.

Top

Хидратацијата е клучен елемент, а правилниот избор на крема според индивидуалните потреби, на големо може да придонесе за пријатна, свиленкаста, здрава кожа со нормален сјај, без чувство на затегање.
На сувата кожа, покрај хидратација, и е потребно надоместување на маснотии, кое се постигнува со внес на липиди и емолиенси. На дехидрираната кожа пак, скоро исклучително и е потребна влага.
Бидејќи може да дојде до забуна при изборот на крема од сертифицираната колекција со Смил, решивме преку оваа статија да ви помогнеме при изборот.

И МАСНАТА КОЖА ИМА ПОТРЕБА ОД ХИДРАТАЦИЈА

Матирачкиот флуид со масло од смил е идеален избор за сите оние кои имаат комбинирана до масна, проблематична кожа склона кон мозолчиња, формирање на акни и затворени комедони. Поради својата лесна текстура, оваа крема нема да остави масна трага и брзо ќе се апсорбира, а нејзините состојки ќе делуваат на наведените потешкотии кај овој тип на кожа.

Екстрактот од тимијан содржан во кремата и неговите главни компоненти, тимол и карвакрол,  се заслужни за активното антивоспалително и антимикробно дејство. Заедно со маслото од камелина, кое е исклучиво богато со алфа-линоленска киселина и линолна киселина, целно ги намалуваат и спречуваат неправилностите. Со долготрајна употреба, Матирачкиот флуид ќе го регулира себумот и ќе го спречи честото мастење на кожата.

НА КОМБИНИРАНИОТ ТИП МУ Е ПОТРЕБНА ВНИМАТЕЛНА НЕГА

Формулацијата на Регенеративната крема со масло од смил е осмислена за комбинираната кожа, односно, како би и го дала најдоброто од двата света – богата хидратација и нега со лесна текстура која брзо се апсорбира. Внимателно избраните состојки како што се етеричното масло од смил, маслото од макадамија, ноќниче, невен и екстрактот од кантарион длабински ја хранат, влажнат и негуваат кожата.

ЕКСТРА ХИДРАТАЦИЈА ЗА НОРМАЛНА КОЖА

Екстра Хидратантната крема со масло од смил е долгогодишен bestseller токму поради тоа што ја дава сета потребна хидратација и зад себе остава свиленкаста кожа мека на допир. Има хранлива текстура базирана на природната синергија на етеричното масло од смил, маслото од јојоба, пченични никулци и екстракти од морков и маточина, за долготрајно чувство на нахранетост и хидратација. Идеална е за кожа која не е проблематична и на која и одговараат природните масла во рутинската нега.

НА СУВАТА КОЖА И НЕДОСТАСУВА МАСНОТИЈА

Екстра Богатата крема со масло од смил е наменета баш за онаа кожа која брзо ги „пие“ сите креми и има потреба од богата, густа, хранлива нега со значително надополнување на маснотиите. Оваа крема, збогатена со комплекс од етерично масло од смил, маслиново масло, семки од кајсија и екстракти од алое вера и камилица, ќе спречи лупење и непријатно чувство на затегнатост. При тоа, богато ќе ја нахрани екстремно сувата, зрела кожа. Има многу хранлива текстура и затоа првенствено е наменета за вечерна рутинска нега, но може да се употреби и наутро зависно од потребите.

NATRUE СЕРТИФИКАТ КАКО ПОТВРДА ЗА КВАЛИТЕТ

Колекцијата со Смил е прва во Хрватска и регионот, и во 2014та година го доби својот NATRUE серификат за природна и органска козметика. Независните  сертификати се единствен квалитетен показател, за квалитетот на природната козметика, бидејќи сите сегменти на производот, од самата формулација до производниот процес, се следат долгорочно и континуирано.

Да се добие, но и задржи овој сертификат, неопходно е да се следи строг стандард. Меѓу другото, дозволени се само природни состојки од органско потекло, состојки деривирани од растителни извори и биоидентични состојки, а исклучена е употреба на состојки од синтетичко или вештачко потекло. Пример, кремите не содржат вештачки парфеми и мириси, па мирисаат на природни состојки, кои токму поради тоа што се природни, може малку да се разликуваат од сезона до сезона. Во тоа е вистинската посебност на природната козметика.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599