Кошничката е празна.

Top

Магнезиумот помага за правилна работа на цревата, со него кожата е посјајна, а срцето чука во правилен ритам. Со придобивките на магнезиумот се запознаени сите спортисти и рекреативци. Причината е во тоа што, благодарение на магнезиумот, борбата против воспалението на мускулите и грчевите станува многу лесна, особено кога овие непријатни појави може да се третираат локално – со гел или со масло.

МАГНЕЗИУМ - НАЈВАЖЕН „СПОРТСКИ" МИНЕРАЛ

Секој што се занимава со спортска активност знае колку е важен одморот за понатамошниот спортски напредок. За време на одморот, исклучително е важно да му ги овозможите на вашето тело сите потребни витамини и минерали кои ќе го забрзаат закрепнувањето на мускулите од напорниот тренинг. Најдобар сојузник во ова е секако магнезиумот.

Некои од најчестите последици од недостаток на магнезиум, особено по физичка активност, секако се грчевите во мускулите, заморот и чувството на „тешки“ нозе или раце. За брзо и моментално олеснување на болката и друга непријатност, најдобро е да користите магнезиум гел или магнезиум масло.

СО ГЕЛОТ МУСКУЛИТЕ ПОВТОРНО „ЌЕ ДИШАТ"

Главната состојка на магнезиум гелoт и магнезиум маслото е магнезиум хлоридoт. Тоа е исклучителна форма на магнезиум која е биорасположива во однос на обичниот магнезиум оксид, кој се користи во додатоците во исхрана.

Магнезиум хлоридот, за разлика од другите форми на магнезиум, скоро во потполност се апсорбира и користи во организмот. Лесно е растворлив и кога во организмот се внесува преку кожата, се случува процес во кој магнезиумот ги стимулира клетките за детоксикација и самопрочистување во телото. Исто така, магнезиумот во оваа форма му помага на организмот да се заштити од тешките метали во телото, вклучувајќи ги кадмиумот, алуминиумот и оловото.

Магнезиум хлоридот во форма на гел, го чисти телото, а со тоа им помага на мускулите да „дишат“ и да започнат да функционираат нормално за многу кратко време, односно безболно. Кога се применува локално и надворешно, магнезиумот ја подобрува флексибилноста, силата и издржливоста.

Покрај тоа, ефектот на ладење кој го има магнезиум гелот е дополнителна причина поради која мускулите за брзо почнуваат да се чувствуваат лесни и опуштени. Навистина не е чудо што спортистите го обожаваат.

ЕДИНСТВЕН МИНЕРАЛ ОД КОЈ НИКОГАШ НЕ НИ Е ДОСТА

Доколку посакате да ги споите благотворното дејство на магнезиумот и масажата магнезиум маслото ќе биде одличен избор за вас. Нанесете ја препорачаната доза од магнезиум маслото на посакуваната област и убаво вмасирајте ја во кожата. Колку посилно вмасирате, толку поефикасна и подобра ќе биде апсорпцијата на магнезиумот  во телото.

Покрај тоа, маслото базирано на магнезиум хлорид, совршено ги надополнува нивоата на магнезиум во телото, а за оптимално трансдермално внесување (преку кожата), маслото е идеално да го нанесувате во областа на стомакот, пазувите и бутовите.

Користењето на магнезиум маслото за време на масажа, исто така, ќе ја подобри циркулацијата во одредени места на телото. Ова е многу корисно во случаи кога ве мачат разни „чворови“, односно акумулации на стрес или грчеви во мускулите. Маслото може да се вмасирува во мускулите, но и во зглобовите бидејќи е подеднакво ефикасно и во двата случаи. 

Инаку, магнезиумот игра многу важна улога во животот на човекот. Учествува во голем број процеси: од создавање енергија, до метаболизам на калциумот неопходен за здравјето на коскениот систем. Магнезиумот, посочуваат експертите, е единствениот минерал што треба да се внесува и да се надополнува во текот на целиот живот. Особено е препорачливо да се консумираат поголеми количини на магнезиум во текот на летните месеци и за време на стресни периоди.

МАГНЕЗИУМ МАСЛОТО ОДИ И ВО КУПКА

Покрај тоа што е важен и моќен придружник во борбата против грчевите и другите форми на физичка исцрпеност, магнезиумот може да биде и одличен лек во борбата против стресот. Имено, можете да користите магнезиум маслото за релаксирачки купки за стапалата или телото.

Купката збогатена со магнезиум масло промовира потење и исфлање на токсините. Благодарение на неа, ќе забележите дека вашата кожа станува помека и почиста. Овој вид на релаксирачка купка може да биде одличен избор токму на крајот на летото кога на телото му е потребен шеќер, после годишниот одмор и уживање.

Кликни и нарачај го твојот магнезиум гел или масло

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.