Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ PROFESSIONAL СЕТ βG

1,755 ден

PROFESSIONAL СЕТ βG содржи:

  1. Хидро Тоник 150 мл
  2. Хидро Цица маска за лице 50 мл
  3. ПОДАРОК/ Силиконска четка за нанесување на маската

Тип на кожа: Сите типови на кожа

За повеќе информации погледнете во Опис на производот

- +

Опис

Хидро тоникот е нежен тоник базиран на богатство од смирувачки и хидратантни состојки. Содржи бета-глукан, екстракт од Globulariа alypum (грмушкаста глава), бетаин, алантоин, глицерин, екстракт од алое вера, фитична киселина и хидролат од роза.

Моментално (ре)хидрира, ја балансира pH вредноста и го ублажува влијанието на тврдата вода врз кожата. Бета-глуканот ја стимулира обновата на заштитната бариера и ја прави поотпорна на надворешни влијанија, додека екстрактот од Globularie alypum (грмушкаста глава) има антивоспалително дејство и ја смирува чувствителната кожа. Бетаинот, алантоинот, глицеринот и екстрактот од алое вера го поддржуваат хидрантниот ефект, истовремено враќајќи и ја мекоста и сјајот на кожата.

Тоникот е pH оптимизиран, односно ја „следи“ природната малку кисела pH на кожата. Идеален е како прв чекор за нега по чистење на лицето, пред нанесување на хидратантните серуми, креми и / или масла. Одлично и делува на кожата по пилинг (Микроексфолијат) и пред нанесување на серуми богати со хијалуронска киселина. Одговара за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и чувствителната кожа.

Употреба: Нанесете го тоникот со помош на пумпицата директно на исчистено чице, а потоа нанесете ја маската.

Хидро ЦИЦА [hidro-see-ca] маска за лице е мултифункционален производ за нега на кожата богат со низа навлажнувачи и екстракти за смирувачка и богата хидратација.

Мадекасозид и растителниот екстракт од Centella asiatica ја зајакнуваат отпорноста на бариерата на кожата, екстрактот од хибискус придонесува за еластичност и антиоксидативно дејство, додека ектоинот помага да се балансира нивото на хидратација. Комплексот за хидратација AQUAXYL™ ја поттиткнува размената и циркулацијата на влагата низ слоевите на кожата, како и зајакнувањето на хијалуронската киселина која ја создава самата кожа. Дејствува како „штит против дехидрација“ бидејќи го стимулира формирањето на есенцијални липиди и протеини во хидролипидниот слој на кожата.

Со долготрајна употреба, Хидро ЦИЦА маската помага да се зајакне отпорноста на кожата, односно функцијата на бариерата, што е предуслов да се користат активните состојки, со тоа се добива комплетен потенцијал на резултатите од рутинската нега на кожата.

Употреба: Хидро ЦИЦА маската за лице може да се користи на неколку начини.

1. Нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 15 минути, а потоа отстранете ја или измасирајте го остатокот од маската и продолжете со вообичаената нега.
2. Нанесете ја самостојно навечер во подебел слој и оставете ја да делува преку ноќ.
3. Заменете ја вообичаената крема со маската и нанесувајте ја после серумот, неколку пати неделно како додаток за хидратација.

Состојки:
Хидро Тоник βG: Aqua, Butylene Glycol, Betaine, Glycerin, Beta-Glucan, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Phytic Acid, Rosa Damascena Flower Water, Allantoin, Globularia Alypum Leaf Extract, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate
Хидро Тоник маска: Aqua, Propanediol, Diethylhexyl Adipate, Squalane, Butylene Glycol, Dimethicone, Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, Glycerin, Polyglyceryl-3 Laurate, Hibiscus Sabdariffa Flower Extract, Centella Asiatica Leaf Extract, Madecassoside, Ectoin, Xylitylglucoside, Anhydroxylitol, Tocopherol, Glucose, Xylitol, Isopropyl Palmitate, Isostearyl Isostearate, Octyldodecanol, Octyldodecyl Myristate, Citric Acid, Sodium Hydroxide, PEG-8, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Methylpropanediol, Caprylyl Glycol, Polyquaternium-80, Didecyldimonium Chloride, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, CI 16255

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.