Кошничката е празна.

Top

Масла од авокадо, чиа семе, семе од капина, ноќниче, сквалан… 
Овие масла нема да ви помогнат во кујната, но благодарение на нив на кожата ќе и обезбедите прекрасна длабинска нега. Добро е познато како омега масните киселини ви помагаат одвнатре, но еве како ви помагаат и однадвор.

ОМЕГА МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ ЈА ШТИТАТ И ХРАНАТ КОЖАТА

Во денешно време скоро секој знае дека омега масните киселини се добри за здравјето на организмот. Меѓутоа, тие можат да донесат многу придобивки и за вашата кожа, особено во студените зимски месеци.

Имено, есенцијалните омега-3 и омега-6 масни киселини играат важна улога во создавањето на липидите во кожата кои ве штитат од УВ зрачење, штетни надворешни влијанија како што се студот, ветерот и слично. Покрај тоа, благодарение на омега масните киселини ќе се намалат бројните иритации, а вашата кожа ќе биде длабински нахранета и хидрирана.

ГИ НАМАЛУВААТ ЗНАЦИТЕ ОД ФОТОСТАРЕЕЊЕ НА КОЖАТА

Различните воспалителни процеси, намалената еластичност и губењето на цврстината на кожата се само дел од состојбите кои можат да се забават и намалат со помош на омега масните киселини. Тие исто така помагаат при псоријаза, акни и слични воспалителни состојби на кожата.

Покрај тоа, омега масните киселини можат да ви бидат од голема корист во намалувањето на знаците од т.н. фотостареење. Имено, иако е невозможно да се запре биолошкото стареење, фотостареењето на кожата може да се спречи. Се јавува поради прекумерна изложеност на УВ зрачење, што доведува до оштетување на ткивото на кожата, намалување на нејзината еластичност, појава на темни флеки, брчки и слично.

Бидејќи сите овие состојби можат да се спречат и намалат со помош на омега масните киселини, еве неколку од нив кои со задоволство ќе ги прифатите како дел од вашата рутина за убавина.

БОГАТ СО ОМЕГА МАСНИ КИСЕЛИНИ Е И СКВАЛАНОТ

Едно од најпопуларните и нутритивно богати масла кои се користат во козметиката е секако маслото од авокадо. Богато е со омега-3 и омега-6 масни киселини и витамините А, Б, Ц, Д и Е. Благодарение на него, кожата ја добива потребната влага, а покрај тоа, и ревитализација. Маслото од авокадо е одлично во комбинација со други хранливи масла.

Кога станува збор за лекување на лузни, сува и испукана кожа, маслото од чиа семе може многу да помогне. Богато е со витаминот Б и цинк, поради што поволно делува врз регулирањето на лачењето на себум и појавата на неправилности.

Исто така, во негата на дехидрирана, оштетена и чувствителна кожа склона кон неправилности, одлично ќе се покажат и маслото од семе од капина и маслото од ноќниче. Мешавина од сите овие масла има токму во Оливал Омега Еликсирот. Сепак, уште една моќна состојка скриена во него е и скваланот.

Скваланот е нежна маслена текстура добиена со деривација од ладно-цедено маслиново масло. Познат е по тоа што се апсорбира исклучително брзо и не е комедоген (не предизвикува акни и мозолчиња, не ги запушува порите), поради што го сакаат сите типови на кожа. Исто така, има слична структура како скваленот, односно компонентата на природната масленост на човечката кожа. И скваланот е богат со есенцијални омега-3 и омега-6 масни киселини, а со редовната употреба и помагате на кожата да ја врати и задржи многу потребната влага, особено во студените зимски месеци.

ЕЛИКСИРОТ ЌЕ ЈА „ЗАКЛУЧИ“ ВЛАГАТА

Добрата комбинација на омега масни киселини, со која може да се пофали Оливал Омега Еликсирот, успешно го измазнува тенот, ја зајакнува структурата на кожата, а исто така има и антиоксидантно дејство. Се препорачува да се користи во ноќната рутина или генерално на крајот на рутината за нега.

Омега Еликсирот може да се користи и самостојно во текот на денот и лесно се вклопува во секоја рутина. Сепак, во текот на зимските месеци, неговата употреба се препорачува по следниот редослед: серум-крем-еликсир.

Значи, на чисто лице нанесете еден од Professional серумите, а потоа нанесете ја и вашата омилена крема. По кремата, нанесете го Омега Еликсирот, правејќи минимални паузи помеѓу чекорите. На овој начин, производите подобро ќе се апсорбираат во кожата, а со тоа ќе се спречи губењето на влага. Покрај тоа, нанесен на овој начин Омега Еликсирот помага за побрза и подобра апсорпција на применетиот серум и крема.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.