Кошничката е празна.

Top

За да биде здрава и убава, кожата има потреба од богата и обилна хидратација! Водени од ова, Оливал разви производ фокусиран исклучиво на оваа клучна потреба на кожата. Хијалурон Хидраторот 4Х веднаш ќе ја врати потребната влага, цврстина и исполнетост на секоја кожа, без оглед на видот, состојбата или пак возраста.

Овој хидратор е во вид на серум, со лесна, прозирна и воденеста текстура која веднаш се апсорбира во кожата. Се користи по чистењето и миењето на лицето, а се нанесува на навлажнета кожа. 

4 ХИЈАЛУРОНИ ВО ХИДРАТАЦИСКА „МРЕЖА“

„4Х“ во името на Хијалурон Хидраторот го означува главниот комплекс на активни супстанции – хијалуронска киселина со различни форми, молекулски маси, својства и дејства. Sodium Hyaluronate crosspolymerSodium HyaluronateSodium Acetylated Hyaluronate и Hydrolyzed Sodium Hyaluronate имаат различна моќ на апсорпција и делуваат на повеќе нивоа на кожата, формирајќи тродимензионална „мрежа“ на хидратација во ткивото на кожата, од stratum corneum, се до епидермисот и дермисот. Со користење на тоник или термална вода, по апсорпцијата, тие веднаш ја враќаат потребната влага, помагаат да се задржи водата во слоевите на кожата и го обновуваат природното својство на еластичност, цврстина и исполнетост карактеристична за младата кожа. 

РАЗЛИЧНИ СВОЈСТВА И ЕФЕКТИ ВРЗ КОЖАТА

Sodium Hyaluronate crosspolymer создава заштитен слој на површината на кожата и го спречува трансепидермалното губење на  влага. Станува збор за своевиден модифициран хијалурон „прицврстен“ на полимерна структура со што се овозможува продолжено дејство. Поради оваа причина, обезбедува 24-часовна хидратација, но исто така штити од надворешни влијанија (против загадување) и од последиците на изложеност на кожата на УВ зрачење.

Sodium Hyaluronate е всушност облик на хијалуронска киселина во форма на сол со подобра стабилност, односно отпорност на оксидација. Главната предност на оваа форма на хијалурон е малата молекулска маса која овозможува подобро продирање во кожата. Помага да се задржи водата во кожата, длабински ја храни и и дава исполнет ефект со што последователно се намалува видливоста на брчките и фините линии на кожата. 

Sodium Acetylated Hyaluronate е дериват на хијалуронска киселина. Исклучително брзо се апсорбира, ја обновува хидролипидната бариера на кожата и длабински ја (ре)хидратизира. Особено добро делува на груба, сува кожа, која по нанесувањето веднаш е хидрирана, а со тоа омекната и смирена.

Hydrolyzed Sodium Hyaluronate е форма на хијалуронска киселина со многу мала молекулска маса што овозможува брза апсорпција длабоко во слоевите на кожата, сè до дермисот. Ја носи влагата длабоко во кожата, особено во синергија со други форми на хијалуронска киселина со поголема молекуларна тежина. Го стимулира создавањето на хијалуронската киселина во епидермисот, со што се зголемува нивото на хидратација на кожата. Од друга страна, го спречува формирањете на слободни радикали во дермисот. Има антиоксидативно дејство, го регенерира ткивото и ја штити кожата од ефектите на надворешните влијанија и УВ зрачење. Последователно, ја ублажува видливоста на подлабоките и видливи знаци на стареење присутни на површината на кожата. 

ПОЛИГЛУТАМИНСКА КИСЕЛИНА, ЕКТОИН, ПАНТЕНОЛ...

Синергијата на 4 вида хијалуронска киселина дополнително ја зајакнуваат други две моќни козметички состојки – полиглутаминска киселина и ектоинПолиглутаминската киселина има сличен (и нешто посилен) ефект од хијалуронската киселина. Експертите истакнуваат дека молекулите на полиглутаминска киселина можат да носат и до 4 пати повеќе вода од хијалуронската киселина, што значи само едно – супер силна хидратација. Но сепак, во комбинација со хијалуронската киселина, оваа активна супстанција помага „вградената“ вода да се задржи таму каде што е потребна, во различните слоеви на кожата. Полиглутаминската киселина формира невидлив “слој” на површината на кожата и дава чувство на моментално олеснување од затегнатост на кожата. Овозможува видливо мазна, свилена текстура на кожата, ја штити од надворешни влијанија и ги смирува воспалителните процеси.

Ектоинот, како еден своевиден супер-навлажнувач, дополнително го зајакнува хидратацискиот потенцијал на Оливал Хијалурон Хидраторот 4Х, ја заштитува хидролипидната бариера, ја зајакнува природната отпорност на кожата и ги ублажува последиците од УВ зрачењето. Ваквиот вид на нега е одличен за кожа склона кон состојби како што се атопичен дерматит, себороичен дерматит или нарушено здравје на хидролипидната бариера на кожата. Хијалурон Хидраторот 4Х е формулиран со оптимална концентрација на ектоин од 2% која обезбедува целосен потенцијал на делување и синергија со другите активни супстанции во формулацијата.

На крај е, не помалку важниот провитамин Б5, односно пантенолот. Тој ја комплетира целата формулација со својот заштитен и смирувачки ефект, обезбедувајќи дополнителна нега на кожата. 

ЗА ПОСТОЈАНА ХИДРАТАЦИЈА ИЛИ ПОВРЕМЕНА (РЕ)ХИДРАТАЦИЈА

Оливал Хијалурон Хидраторот 4Х е многу нежен производ со смирувачка формулација сродна на кожата. Погоден е за нега на сите типови и состојби на кожа, вклучувајќи ја и премногу чувствителната кожа, кожа погодена од розацеа и себороичен дерматит. Секоја кожа, без разлика дали е адолесцентска или зрела, ќе има значително подобрување во однос на хидратацијата. Исто така одлично е што може да се користи според потребите и желбите. Можете да го користите долг временски период, но и како еднократна сезонска нега, на пример во текот на зимата кога кожата е почувствителна и посува. При користење, исклучително е важно производот да се нанесува на навлажнето лице, а може да се користи наутро, навечер или двапати на ден, со крем и/или масло во продолжение на негата. 

ХИДРАТОР ИЛИ СЕРУМ - ШТО ДА ОДБЕРЕТЕ

За разлика од серумите во Оливал Professional колекцијата, чие дејство може да се подели според специфичните потреби на кожата (и одредени активни супстанции одговорни за нив), главната намена на Хијалурон Хидраторот 4Х е (повторно) да дава хидратација. Иако сите Professional серуми содржат хијалуронска киселина и на тој начин ја хидрираат кожата, кај Хијалурон Хидраторот 4Х станува збор за е комплетен комплекс фокусиран на оваа потреба на кожата.

4-те вида на хијалуронска киселина, полиглутаминска киселина, ектоин и провитамин Б5 во истиот момент од апсорпцијата видливо делуваат против дехидрација и сувост (особено во комбинација со креми и масла). Тие помогнат во спречување на понатамошното, повторно сушење и последователните појави (првут, затегнатост, испукана кожа, чешање, црвенило, и сл.). Во зависност од состојбата и потребите на кожата, може да се користи како единствен серумски производ во рутинска нега или во комбинација со други Professional серуми во текот на денот. 

Кликни и нарачај го твојот Оливал Хијалурон Хидратор 4Х

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599