Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ВИТАМИН Б3 ФЛУИД ЗА ОКОЛУ ОЧИ

1,050 ден

Свиленкастата текстура на флуидот длабински ја хидратизира, храни и измазнува областа околу очите. Внимателно избалансираниот комплекс од 1% ниацинамид, 0,5% кофеин и комплекс од церамиди ќе го освежат, негуваат и намалат уморниот изглед на кожата.

 

Шеа путерот, маслата од авокадо, магнолија и витамин Е ќе ја подобрат еластичноста на кожата, долгорочно ќе ја намалат видливоста на брчките и ќе придонесат за осветлување на околуочното подрачје. Производот не содржи вештачки бои и мириси.
За повеќе информации за состојките погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Нанесете на чисто чице, по серум, а пред СПФ или крема за лице.

 

Напомена: Подочниците во вид на многу темни кругови кои најчесто настануваат како последица од генетска предиспозиција, физиономија на лицето и животните навики многу тешко реагираат на козметика, па така, овој производ нема комплетно да ги отстрани. Меѓутоа, со негова употреба ќе се воспостави правилна нега со што ќе се постигне нахранетост, посвеж и посветол изглед околу очите.

 

Предупредување: Избегнувајте директен контакт со очите.

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа

 

15 мл

- +

Опис

Ниацинамид, познат и како никотинамид или витамин Б3 е исклучително мултифункционална состојка и нуди огромен спектар на бенефити. Во овој флуид, нуди хидратација, смирување и зајакнување на природната бариера на кожата, додека со својот антиоксидативен ефект го намалува дејството од надворешните фактори и стрес.

Кофеинот е еден од најпознатите и најзастапени активни состојки во негата на околуочнатаобласт. Има антиоксидативно дејство и ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од надворешните фактори. Ја поттикнува микроциркулацијата, допринесува за свежина, одморен изглед на кожата и помага за намалување на потеченоста.

Флуидот содржи и биоидентични церамиди кои го стимулираат природното својство на саморегулирање на нивоата на хидратација, што доведува до посилна и поотпорна кожа.

Екстрактот од корен од магнолија докажано ја штити кожата од хронични воспаленија, помага при намалување на црвенилото и долгорочно помага за неутрализирање на внатрешните фактори за предвремено стареење на кожата.

Кампестеролот и бета-ситостеролот, односно фитостероли присутни во восокот од хељда, инхибираат липогенеза и поттикнуваат липолиза со што позитивно делуваат на нагласеното ткиво под очите. Восокот од хељда дополнително дава продолжено хидратациско дејство и помага за намалување на потеченоста.

Состојки: Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Sucrose Polystearate, Macadamia Integrifolia Seed Oil, Glycerin, Cetearyl Alcohol, Butyrospermum Parkii Butter, Persea Gratissima Oil, Cyclopentasiloxane, Sodium Stearoyl Glutamate, Niacinamide, Panthenol, Caffeine, Xylitol, Cetyl Palmitate, Maltodextrin, Xanthan Gum, Hydrogenated Vegetable Oil, Sodium Polyglutamate, Lecithin, Bisabolol, Ceteareth-25, Cholesterol, Ceramide NP, Magnolia Officinalis Bark Extract, Polygonum Fagopyrum Seed Extract, Ceramide NS, Ceramide EOS, Ceramide EOP, Ceramide AP, Caprooyl Phytosphingosine, Caprooyl Sphingosine, PEG-8, Tocopherol, Cetyl Alcohol, Ascorbyl Palmitate, Behenic Acid, Ascorbic Acid, Citric Acid, Caprylyl Glycol, Methylpropanediol, Didecyldimonium Chloride, Polyquaternium-80

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.