Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ВИТАМИН Р² СЕРУМ

1,380 ден

Витамин Р² серумот се темели на докажаното и долготрајно дејствување на ретиноидите и антиоксидансите. Станува збор за 0,1% ретинил палмитат (дериват на витамин А), ресвератрол и хијалуронска киселина. Нежната формулација на серумската емулзија е погодна за почетници со негата со ретиноиди.

 

Серумот длабински ја влажни кожата, го смирува црвенилото и неправилностите, делува антиоксидативно и долготрајно допринесува за цврстината и еластичноста на кожата, па така ефективно ја намалува видливоста на брчките. Може да се користи како превентивна нега, но и за нега кај видливи промени на кожата.

 

Употреба: Нанесете го серумот навечер на чисто лице навлажнето со Оливал Хидро Тоникот пред вообичаената хранлива крема и/или масло (серумот сам по себе не е доволен поради високиот процент на навлажнувачи и потребно е да се комбинира со производи кои ќе ја заклучат влагата во кожата).

 

Предупредување: Да се користи со производи за заштита од сонце во текот на денот како што се Оливал Professional Крема за лице СПФ50 и Оливал Professional Флуид за лице СПФ30. Не се препорачува користење во бременост и доење, кај чувствителна, оштетена или детска кожа. Не се препорачува истовремена употреба на други ретиноиди, киселини или слични јаки активни состојки.

 

Напомена: Производот не содржи вештачки бои и мириси.

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа, кожа склона кон акни.

 

30 мл

- +

Опис

Состојки: Aqua, Aloe Barba­densis Leaf Juice, Glycerin, Propylene Glycol, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Resveratrol, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol, Tocopheryl Acetate, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Retinyl Palmitate, Ethylhexylglycerin, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.