Description
Салицилната киселина припаѓа под бета хидроксилни киселини (BHA), а поради нејзиното докажано позитивно дејство врз комбинираната, масна и реактивна кожа склона кон неправилности во вид на проширени пори, отворени и затворени комедони, мозолчиња и акни, многу често се користи како активна состојка во наменската козметика. Салицилната киселина има противвоспалително и комедолитичко дејство (спречува и ублажува појава на комедони), длабински ги чисти порите и го спречува нивното запушување, го регулира лачењето на себумот, ги отстранува мртвите клетки на кожата, го освежува тенот и постепено ја ублажува видливоста на флеките и хиперпигментацијата. Од друга страна, механичкиот пилинг во Оливал Микроексфолијантот го вршат природните зрнца од рицинусовиот восок.
Со процесот на формулирањето со зрнца од природно билно потекло, се испочитувани стандардите на “зелена хемија”, а воедно е искреиран производ кој е истовремено нежен и ефективен во отстранувањето на мртвите клетки на кожата.
Состојки: Zea Mays Starch, Hydrogenated Castor Oil, Sodium Cocoyl Isethionate, Magnesium Oxide, Hydroxypropyl Starch Phosphate, Sodium Polystyrene Sulfonate, Salicylic Acid, Xanthan Gum, Sodium Benzoate, Biotin, Allantoin