Кошничката е празна.

Top

Иако претставуваат најмоќна карика во грижата за лицето, серумите сè уште се неправедно запоставени. Навистина штета, бидејќи серумските производи се најмоќни во решавањето на сувоста на кожата, дамките и брчките. Затоа во продолжение ќе ја исправиме неправдата и ќе ви ги покажеме најважните предности од користењето на серум во негата на лицето.

КОНЦЕНТРИРАНИ СЕ ПА ТРААТ ДОЛГО

Конвенционалните креми, емулзии, помади и средства за чистење на лицето обично содржат активни состојки кои несомнено ја хранат кожата, но она што ги издвојува серумите од нив е нивната исклучителна концентрација. Во зависност од видот на серумот и неговата намена, учеството на активните состојки во составот на серумот може да биде до 70%. Затоа се препорачува да се нанесуваат во навистина мали количини.

Неколку капки се доволни за да се грижите за специфични делови, како што е пределот околу очите и усните, но и за целото лице. И покрај малку повисоката цена во споредба со другите производи наменети за рутинска нега, купувањето серум на долгорочен план е многу по исплатливо. Серумите секогаш покажуваат највидливи резултати, ја комплетираат целовкупната нега на лицето, а со правилно нанесување, едно шишенце трае со месеци.

ГИ РЕШАВААТ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ И СПЕЦИФИЧНИТЕ ПОТРЕБИ

Богатството и чистотата на активните состојки во серумите се најдобриот одговор на посебните потреби на кожата. Длабокото, насочено  дејство на серумските производи се базира на синергетските комбинации на природните масла, екстракти и други состојки, како што се маслото од шафран, зелено кафе, смил и хијалуронската киселина, за кои е докажано дека делуваат на одредени состојби на кожата. Ја хранат, навлажнуваат, ја зајакнуваат структурата на кожата, ја подобруваат нејзината сила на подолг временски рок и и помагаат да остане мека, мазна и да има здрав и младешки сјај.

Од ублажување на брчките и фини линии, како и флеки на хиперпигментација создадени од сонцето, до освежување на безживотниот, сивкав тен, серумите се наменска нега на која секогаш можете да сметате. Но, за да постигнете најдобри резултати, важно е добро да ги комбинирате и добро да ги мешате со производите што ги користите. Затоа производите од сродните линии се обично најдобриот избор.

ВИ ШТЕДАТ ВРЕМЕ И ПАРИ

Предноста на концентрираната нега е што имате скоро „салонски“ третман на лицето дома, во исто време секој ден. Во ваквата нега можете да бидете доследни бидејќи со сигурност ќе знаете што производ нанесувате и кои се неговите клучни состојки. Штом ја откриете магијата на серумската нега, нема да размислувате многу за да ги вложите парите во домашните третмани за убавина.

ТИЕ СЕ ВРЕДЕН ПРИДОНЕС ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КОЖАТА

Резултатите од квалитетна, внимателна, насочена грижа  денес, најдобро ќе ги видите утре. Во превод – целата козметика, вклучувајќи ја и декоративната, но и навиките на исхрана, начинот на живот и стресот што е скоро невозможно да се избегнат, се фактори кои долгорочно влијаат на здравјето и убавината на кожата. Важно е да ги доведете во рамнотежа, а истовремено да и обезбедите квалитетна нега на кожата во зависност од нејзините потреби, сезоната и околностите во кои се наоѓате. Серумите се чекор во beauty рутината што лесно ќе го прилагодите на вашиот животен стил и ритам, а истовремено грижата за кожата ќе ја доведете на повисоко ниво.

ВНЕСУВААТ „КАПКА“ ЛУКСУЗ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО

Секој има свои задоволства, но сигурно ќе се согласите дека грижата за лицето е едно од задоволствата што е заедничко скоро за сите. Оние неколку минути на крајот од денот кога ќе ја исчистите шминката, ќе го измиете лицето и ќе ја нанесете омилената природна козметика, не се „само“ вечерна нега, туку и дневен ритуал на релаксација што едноставно не се прескокнува. Нанесувањето на овие неколку моќни капки серум пред вашиот омилен крем прават чуда за кожата, но верувајте и за духот.

Пружете и на вашата кожа ритуал со природните серуми на Оливал.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.