Кошничката е празна.

Top

Откако ќе се откријат сите предности од користењето на серум во секојдневната нега на лицето, ретко кој се враќа на живот без нив.

Длабинското хранење на кожата и дава свиленкаст сјај и уште поважно здрав изглед, а тоа е нешто што секој го посакува.

Меѓутоа, за да се постигне таков ефект, важно е да се знае како правилно се користат производите. Затоа, еве сè што треба да знаете за аплицирање на серумите за лице.

СЕРУМОТ ТРЕБА ДА СЕ НАНЕСЕ ДИРЕКТНО НА ЛИЦЕ?

Дали серумот се нанесува прво на дланките па потоа на лицето или директно на лицето е прашање кое најчесто се поставува по изборот на вистинскиот серум. Одговорот е дека нема погрешен одговор, односно не постои точен или правилен начин на нанесување на серумот.

Кога станува збор за серуми со пипета, се препорачува кожата на лицето или на рацете да не ја допира пипетата. На овој начин, се одржува микробиолошката чистина на самиот серум, а со тоа и неговиот ефект. Имено, ако производот се нанесува на рацете или ако пипетата ја допира вашата кожа, без оглед на тоа што е штотуку исчистена и измиена, постои можност за загадување на производот.

Од друга страна, постои разлика во вториот чекор на примена на серумот: дали треба да се втрие, да се натапка или да се размачка на кожата. Иако начинот на примена зависи од серум до серум, односно од конзистентноста на серумот, зависи и од типот на кожата, како и од „чувствителноста“ на активните супстанции во серумот.

Сепак, најчесто се препорачува да се примени серумот со тапкање. Ова ја поттикнува подобрата апсорпција на серумот и спречува загревањето на производот,како што е случајот со размачкувањето и триењето.

КАЈ СЕРУМОТ ВАЖИ ПРАВИЛОТО „ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ"

Кога станува збор за серуми, правило за нив е дека помалку е повеќе. Нема да се зголеми ефектот ако се консумира половина шише во една употреба. Имено, серумите во 99% од случаите се производи со најголема концентрација на активни супстанции кога станува збор за целокупниот козметички асортиман, па затоа доволни ви се само неколу капки за да го покриете целото лице и врат.

Сепак, серумите со хијалуронска киселина во „прекумерна“ количина, нема да предизвикаат никакви последици. Меѓутоа, серумите кои во својот состав содржат, на пример, АХА или БХА киселини  можат да бидат многу штетни за вас. Може да се појават сериозни иритација, лупење на кожата, како и оштетување на здравјето на хидролипидната бариера. Се разбира, треба да се земе во предвид концентрацијата на активните супстанции, како и видот на кожата, навиката, односно отпорноста на кожата на киселини и слично.

Покрај тоа, серумите засновани на AHA / BHA киселини, но исто така и на концентрирани серуми, како и на серумски емулзии на кисела pH или алкална pH вредност, никако не треба да се применуваат на чувствителните области како што се оние околу очите. Затоа е најдобро да се запознаете со дејството на присутните активните супстанции и со препораките за употреба.

СЕРУМИТЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ МЕШААТ СО КРЕМИТЕ

Да се нанесе серумот на влажно лице или не, прашање е сега. Серумите кои содржат хијалуронска киселина треба да се нанесат на влажно лице. Имено, таа ја привлекува и задржува влага на „своите“ молекули.

Ако серумот не се примени на влажна кожа, може да се случи спротивен ефект. Ова може да доведе до „вадење” на влага од кожата, како и појава на состојба на дехидрираност на кожата.

Сите постоечки Professional серуми содржат хијалуронска киселина и се нанесуваат на влажна кожа, а пред да се нанесе, најдобро е да се навлажни лицето со термичка вода, тоник или есенција.

Од друга страна, сите оние кои сакаат да капнат неколку капки серум во својот хидратантен крем па се заедно да се нанесе на лицето, треба да знаат дека по правило, тоа не се препорачува, а нема ни потреба тоа да се прави. Во најдобар случај, концентрацијата на активната супстанција во серумот ќе се разреди, а во најлош случај може да се појави комбинација на различни супстанции (од кремот и од серумот), што не е пожелно да се комбинираат.

Затоа, најдобро е да се применуваат серумите одделно – пред да се нанесе крем и / или масло и секогаш на чисто лице, а во случај на серуми со хијалуронска киселина на влажна кожа.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599