Salvia hispanica, односно чиа, некогаш се сметала за потполно егзотична намирница која сепак (и за среќа) успеала да стигне до нашите менија и оброци. Својата популарност ја должи на богатството од омега 3 масни киселини, кои се неопходни за нашиот организам, а му ги обезбедуваме со здрава исхрана.
Чиата, полека но сигурно, навлегува и во skin care светот, директно во козметичките торбички и шкафчиња, бидејќи омега масните киселини докажано обезбедуваат исклучителни придобивки на кожата.
Од 11 масни киселини, само две се есенцијални, што значи дека нашето тело не може да ги произведе самостојно. Омега 3 и омега 6 масните киселини првенствено можеме да ги најдеме во храната – масло од семе од чиа, рибино масло, масло од орев, итн.
ПРОТИВ ЦРВЕНИЛО, ИРИТАЦИЈА, СУВОСТ, ДЕХИДРАЦИЈА ....
Според неговиот состав, маслото од чиа семе е многу специфично. Се карактеризира со многу висок процент на полинезаситени масни киселини – алфа-линоленска (омега 3) и линолна (омега 6). Заедно сочинуваат над 80%, додека учеството на палмитинска киселина е околу 7%.
Веќе пишувавме за бенефитите од користење на омега масните киселини во негата на кожата, но вредат да се спомнат најважните сознанија. Топикалната апликација на состојките кои ги содржат овие киселини, особено во комбинација со хумектанси и липиди придонесува за:
- затегната и помека текстура на кожата
- антиоксидативно дејство,
- намалено црвенило и чувствителност
- намаленa TEWL (трансепидермална загуба на влага)
- долгорочно зајакната кожа поотпорна на надворешни влијанија.
НАЈГОЛЕМ РАСТИТЕЛЕН ИЗВОР НА Н-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ
Во 2010тата година, спроведена e студија за ефикасноста на топикалниот третман врз ксеротична (сува) кожа на пациенти со ренална дисфункција, при што во период од 8 недели, континуирано на кожата е аплицирана формулација со 4% чиа масло. Резултатите покажаа извонредно антиинфламаторно дејство на ова масло. Интересно е што во моментов, маслото од чиа семе е познато како најголем ратителен извор на омега 3 масни киселини.
Студијата, исто така, покажа дека примената на маслото од чиа семе придонесува за подобрување на функцијата на бариерата на кожата (хидролипидна бариера) и нивото на хидратација. Ги намалило чешањето и сувата кожа поврзани со последиците од бубрежни заболувања, што значи дека истиот бенефит може да го почувствува и друга кожа со слични потешкотии. Покрај комбинацијата со состојки како што се глицерин и церамиди, маслото од чиа семе исклучително добро функционира со други лесни, брзо апсорбирачки масла.
МАСЛАТА МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ МАСТЕЊЕТО НА КОЖАТА И ПОЈАВАТА НА АКНИ
Од друга страна, познато е дека маслата со високо ниво на алфа-линоленска и линолна киселина (масло од чиа семе, но исто така и масло од семе од капини, лен, коноп, ноќниче, авокадо) се исклучително корисни и ефикасни во грижата на масната, комбинирана и генерално проблематична кожа склона на комедони и воспалителни процеси. Таканаречените “oil free” производи, честопати не се најсоодветниот одговор на појавата на акните, а дека решението се наоѓа во маслата, покажаа и студиите.
Имено, кај проблематичната кожа, забележан е хроничен недостаток на есенцијални масни киселини и различен состав на себум во однос на урамнотежената кожа, па така, подложна е на хиперкератинизација, размножување на C. Acnes и развој на воспаление.
Всушност, топикалната суплементација на кожата со омега 3 и омега 6 масни киселини покажа драстично подобрување на текстурата на кожата без развој на нови акни. Покрај тоа, маслата богати со полинезаситени киселини го подобруваат процесот на десквамација (отстранување на мртвите клетки на кожата), ги ослободуваат порите од насобраниот себум и на тој начин спречуваат плодна површина за развој на понатамошни неправилности. Не помалку важно е дека поради нивните својства тие се со полесна текстура, се апсорбираат неверојатно брзо и не оставаат масни траги, ниту пак тежина на лицето. Секако, секоја кожа е различна, па затоа ефектот на секоја поединечна состојка зависи од состојбата на кожата, како и од моменталната рутина и други фактори, па затоа е добро да се консултирате со дерматолог и да побарате совет во форма на персонализирана рутина за нега.
Како извонредна опција за маслен комплекс се истакнува Оливал Омега Еликсирот, производ богат со омега 3 и омега 6 масни киселини. Станува збор за комбинација на масло од чиа семе со сквалан добиен од маслинки (сроден со природната масленост на кожата), масло од семки од капина, авокадо и ноќниче. Токму поради специфично формулираниот состав, ова масло е погодно за нега и длабинско хранење на сите типови на кожа, додека поради различните начини на аплицирање можете да го прилагодите според вашите моментални потреби.