Кошничката е празна.

Top

Каква може да биде ексфолијацијата? Може да биде повремена и силна, предизвикана од високи проценти на потентни киселини, со поголем ризик од иритација и оштетена бариера на кожата. Може да биде почеста и нежна, (по)лесна, хидратантна и погодна за различни состојби на кожата.

Оливал се води по вториот пристап. Прво ни го понудија Оливал Микроексфолијантот со 1% салицилна киселина и гранули од рицинусов восок, кој покажа феноменални резултати, а сега време е да се запознаеме и со НОВАТА ЅВЕЗДА на Professional колекцијата – течен ексфолијант – Пилинг Тоникот, чие главно дејство го носат AHA и PHA киселините.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ СО КЛУЧНА PH ВРЕДНОСТ ОД 3.6

Манделичната киселина, глуконолактонот, лактобионската киселина, екстрактот од јаболка, хијалуронската киселина, бетаинот, глицеринот и пантенолот се темелот на богатата, а сепак исклучително нежна формулација на Оливал Пилинг тоникот. Комбинацијата од AHA и PHA киселини (5,9%) и посебно прилагодената pH вредност од 3,6 гарантира ефикасен хемиски пилинг за скоро сите типови на кожа, вклучувајќи ја и зрелата кожа и почетници кои за прв пат ќе воведат вакви киселини. Пилинг тоникот нежно ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја враќа влагата, додека со долготрајната употреба тенот станува мазен, почист, изедначен и сјаен.

КОКТЕЛ ОД НЕЖНИ КИСЕЛИНИ И НЕГУВАТЕЛНИ СОСТОЈКИ

Веројатно многу работи досега сте чуле за хемиските пилинзи, но за некои поединечни киселини не се зборува толку често – а би требало!

Манделичната киселина е прва на нашата листа. Оваа алфа-хидроксилна (AHA) киселина е добиена од бадем, а од другите AHA киселини се разликува по тоа што има најнежен ефект врз кожата (за разлика од, на пример, гликолната киселина). Многу нежно ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја забрзува размената на клетките, со што делува против флеките на кожата и го подобрува целовкупниот изглед на тенот, ги чисти порите и го враќа природниот сјај.

Времето на лактобионската киселина исто така допрва доаѓа, и тоа токму во Оливал Пилинг тоникот. Оваа киселина станува сè по популарна во употребата во козметичките производи, а станува збор за поли-хидроксилна киселина (PHA), слична на групата AHA киселини. Она што ги разликува е големината на молекулите – PHA киселините се поголеми во молекуларната структура, не продираат длабоко во кожата и на тој начин вршат многу нежна ексфолијација без силен потенцијал за иритација. Лактобионската киселина делува слично како групата AHA киселини, но со дополнителни бенефити. Има смирувачки, противвоспалителни својства, а помага и во ублажување на видливоста на брчките и фините линии.

EКСФОЛИЈАЦИЈА, АНТИОКСАДАТИВНО ДЕЈСТВО, ХИДРАТАЦИЈА....

Во однос на AHA и BHA киселините, PHA киселините се разликуваат и по своите хидроксилни групи кои покрај отстранувањето на мртвите клетки, овозможуваат истовремена хидратација на кожата. Поради тоа, категоријата на PHA киселини е извонредна за сите типови на кожа кои тешко ги поднесуваат AHA и BHA киселините, односно за зрелата и чувствителна кожа.

Во PHA киселините припаѓа и глуконолактонот со многу слично (и синергиско) дејство, кој исто така нежно ја ексфолира кожата, ја хидрира и обезбедува антиоксидантно дејство против слободните радикали предизвикани од сонцето и стресните фактори од околината. Има исклучително добро дејство врз неизедначеноста на тенот, ја враќа потребната влага и помага да се намали видливоста на зголемените пори.

Хидратацискиот ефект го поддржува и екстрактот од дива јаболка, чие присуство е познато од памтивек, а неговата примена е добро позната за многу состојби во човечкиот организам. Поради своите природни својства и богатството на органски киселини како малична (јаболкова) и галична киселина, но и магнезиум и железо, екстрактот од плодот од јаболко извонредно ја храни, хидрира и тонифицира кожата. Покрај вредниот екстракт, тука се и хијалуронската киселина, бетаинот, глицеринот и пантенолот – исклучително потребни навлажнувачи за нега на кожата. Хијалуронската киселина, бетаинот, глицеринот и пантенолот се исто така хумектанси, односно навлажнувачи кои ја враќаат многу потребната влага на кожата и ги регулираат нивоата на хидратација во нејзините слоеви. Тие се исклучително потребни во негата во состојба на дехидрираност, без оглед на самиот тип на кожа, бидејќи моментално ја навлажнуваат, омекнуваат и негуваат кожата.

НАЈДОБРО Е ДА ГО НАНЕСЕТЕ ДИРЕКТНО СО ДЛАНКИТЕ

Кога ќе посакате да го внесете овој тоник во вашата рутина, направете го тоа според потребите на вашата сопствена кожа. Во зависност од состојбата на кожата и потребите, тоникот може да се користи неколку пати неделно, до секој втор ден (кај зрела, сува и избалансирана кожа) или пак секојдневно (кај масна кожа). Поради специфичното дејство на киселините кои ја забрзуваат размената на клетките, кај проблематичната кожа склона кон акни и митесери, можна е puging фаза, односно фаза на чистење која е краткотрајна и минлива, а ја карактеризираат неправилности кои се појавуваат на вообичаените места на кожата (пример, локализирани на брадата).

Оливал Пилинг тоникот со AHA и PHA киселини се нанесува навечер на чисто и суво лице, со парче памук или со директно втапкување со дланките откако убаво ќе го протресете шишенцето (ова е идеален начин на употреба поради заштеда на производот и најнежно нанесување без влечење на кожата). Потребно е да се избегнува чувствителниот предел околу очите, а доколку е потребно и околу усните. По впивање на производот, негата ја продолжуваме со нанесување на хидратантен серум, крема и /или масло.

Се нанесува исклучиво на сува кожа, со задолжителна употреба на креми со заштитен фактор во текот на денот. Пилинг тоникот не се препорачува за екстремно чувствителна или оштетена кожа, а не се препорачува и паралелна употреба на други AHA и BHA киселини (слоевито нанесување и комбинирање во иста рутина).

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.