Пред да купите серум, најважно е да знаете дека тоа е производ што треба да се избере според специфичните потреби на кожата, а не според типот на кожата. Затоа, прво утврдете ги примарните потреби на кожата на вашето лице, а според нив, серум кој ќе ви помогне да блеснете.
СО ХИЈАЛУРОН ДОПОЛНИТЕЛНО ХИДРАТИЗИРАЈТЕ ЈА КОЖАТА
За појака хидратација, која е основа на секоја убавина, најдобро е да користите серуми кои содржат хијалуронска киселина. Благодарение на хијалуронската киселина, кожата на вашето лице ќе биде дополнително негувана, а со тоа и помека и помазна.
Хијалуронскиот серум, исто како и хидратантниот крем, е класика меѓу серумите. Неговите активни состојки ќе и дадат младолик изглед на вашата кожа, а одличен е за сите на кои кожата на лицето им е изложена на надворешен или внатрешен стрес.
Секако пред да почнете да го користите серумот, имајте на ум дека за целосен ефект на хијалуронската киселина, серумот треба да се нанесува на чиста, но малку навлажнета кожа. Имено, нанесувањето на термална вода или тоник на лицето пред серумот со хијалуронска киселина ќе го спречи „повлекувањето” на водата од самата кожа.
ИЗЕДНАЧЕТЕ ГО ТЕНОТ СО ПОМОШ НА ВИТАМИН Ц
Во случај да се борите со нерамномерен тен, знајте дека серумите и во вакви случаи, се од многу голема помош. Постојат многу работи за кои се смета дека се причина за хиперпигментација и дамки на лицето. Некои од најчестите „предизвикувачи“ секако се прекумерното изложување на сонце без соодветна заштита, премалку сон, честа консумација на цигари и алкохол, а во некои случаи игра улога и генетиката.
Добрата работа е што ваквите појави можат (успешно) да се контролираат. За ова, нема потреба да одите на козметички третмани бидејќи постојат производи кои ви нудат професионална нега која слободно можете да ја користите во вашиот дом.
За да го изедначите тенот што е можно поефикасно, користете производи кои во себе содржат витамин Ц. Иако за многумина првата асоцијација со витамин Ц е имунитет и здравје, ако еднаш се обидете да го користите во служба за нега на лице, тешко дека ќе престанете. Формулациите со дериват на витамин Ц, натриум аскорбил фосфат (SAP) се постабилни и нежни. Инаку, SAP исклучително добро делува и на регулирање на лачењето на маснотиите на кожата (себум). Покрај тоа, го олеснува појавувањето на акни, мозолчиња, последователни флеки и лесни лузни.
Се разбира, пред да внесете витамин Ц во вашата рутина за убавина, добро е да знаете дека витаминот Ц во производот кој го користите треба да биде заштитен од оксидација, за да не си направите повеќе штета отколку добро. SAP е исклучително стабилен во овој поглед, а самиот серум е спакуван во темно стакло кое дополнително го штити производот.
ВРАТЕТЕ ЈА ЦВРСТИНАТА НА КОЖАТА СО РЕТИНОЛ И РЕСВЕРАТРОЛ
Треба внимателно да ги изберете вашите производи. Во случај да барате производ кој ќе ви даде сјаен ефект, изберете ги оние со антиоксидативно дејство. Покрај витаминот Ц (кој е заштитен од оксидација), дефинитивно во тоа ќе ви помогне и алое верата.
Заправо, ова се состојките на Оливал Витамин Ц серумот кои доволно ќе ја нахранат вашата кожа, а со тоа лузните, малите брчки и фините линии ќе станат минато. Тој е серум кој ви обезбедува професионална нега и истовремено го ублажува стресот на кожата, ја зајакнува еластичноста и цврстината на ткивата и ви дава беспрекорен сјај.
Од друга страна, ако имате проблематична кожа со многу изразени неправилности како акни или мозолчиња, пробајте производи со ретинол и ресвератрол, моќен антиоксиданс кој ја крие тајната на младоста.
СО ПЕПТИДИ УБЛАЖЕТЕ ГИ ЗНАЦИТЕ НА СТАРЕЕЊЕ
За да се спречат првите, но и да се ублажат веќе видливите знаци на стареење на кожата на лицето, најдобро е да користите серуми кои ќе го обноват производството на колаген. За таа цел најмногу ќе ви помогнат серумите кои содржат пептиди.
Кога станува збор за пептиди, Matrixyl® најчесто е во фокусот. Тоа е активна супстанција, темелно тестирана и има докажано влијание врз веќе формираните фини линии и брчки.
Имено, колагенот се произведува сè помалку со возраста, што доведува до појави како што се опуштена кожа, недостаток на еластичност итн. Тогаш во пресрет може да ви искочи Оливал Пептидниот серум П, чија главна задача е да ја ублажи видливоста на веќе формираните брчки. Одлично е што може да се користи наутро, но и навечер кога на кожата на лицето и е потребно дополнително и зајакнато потхранување.
Првите знаци на стареење се појавуваат прво околу очите и устата. Бидејќи кожата на овие делови од лицето е потенка и почувствителна, треба да се третира соодветно. Оваа задача нежно ќе ја изврши Оливал Серумот против брчки со зелено кафе.
Кога ќе ги откриете потребите на вашата кожа и кој серум и помага најмногу, заедно со задолжителниот крем и/или маслото во продолжение, за многу брзо време ќе станете свесни за сите придобивки од користењето на серумот во рутината за нега на лице.