Кошничката е празна.

Top

Сигурно веќе сте слушнале дека за природната козметика често се врзуваат сертификати кои го потврдуваат нејзиниот квалитет, како и статусот во козметичката индустрија. Добивањето на NATRUE и ECOCERT сертификатите е долгорочен процес регулиран со стандардите на овие организации, па затоа, во продолжение ќе објасниме повеќе за нив со цел да ви ја доближиме нивната важност при изборот на природна козметика.

ЖЕНСКАТА СИЛУЕТА Е ПОЗНАТ (И СИГУРЕН) ЗНАК ЗА ПРИРОДНОСТА

Сертификатот NATRUE го издава непрофитната меѓународна организација „The International Natural and Organic Cosmetic Association“ со седиште во Брисел. Основана e во 2007 година, и оттогаш го дава својот печат исклучиво на оние козметички брендови кои се посветени на висококвалитетна изработка и највисоки стандарди во производството на козметички производи. Желбата за нејзино основање се јавила како би се воспоставиле основни насоки за малите и средни компании кои произведуваат природна и органска козметика, а целта – на купувачот да му се обезбеди производ кој докажано содржи квалитетни природни состојки.

Во исполнувањето на  критериумите на NATRUE сертификатот, водата не влегува како состојка која може да ја оправда природноста на одреден производ. Всушност, за добивање на сертификатот,  формулата задолжително треба да содржи 75% природни состојки, состојки деривирани од природата или состојки идентични со природните, но произведени во лабораторија.

NATRUE ги дефинира дозволените состојки на следен начин:

Природни супстанции: немодифицирани, физички добиени супстанции од природата (на пр. од растенија) или од микроорганизми (на пр. со ферментација).

Природно добиени супстанции: модифицирани супстанции од оние кои се наоѓаат во природата преку користење дозволени процеси на хемиска реакција. Произведените природни супстанции мора да потекнуваат  само од 100% природни состојки (без синтетика).

Биоидентични супстанции: супстанции кои се репродуцираат во лабораторија, но можат да се најдат во природата. NATRUE дозволува само селективен список на пигменти, минерали и конзерванси кога е тоа строго неопходно за да се осигура безбедноста на потрошувачите и чистотата на состојките.

Една година по основањето, NATRUE ја претставиле својата препознатлива ознака на женска силуета, а во 2009 година го сертифицирале својот прв производ. Денес, нивниот сертификат го носат 7.000 производи од 320 различни брендови од целиот свет. Оливал го доби својот прв сертифициран производ во 2014 година, а воено и првото признание на ова ниво во Хрватска и регионот. Денес, NATRUE сертификатот го носат 15 производи од Оливал колекцијата со Смил,3 природни течни сапуни за раце и 5 природни део креми.

ECOCERT ПРОМОВИРА ЕКОЛОШКО ПРОИЗВОДСТВО

Основана во Франција во 1991 година, организацијата ECOCERT ги сертифицира органските производи и практикувањето на одржливо производство во козметичката, но и во прехранбената и текстилната индустрија. Тие спроведуваат инспекции во повеќе од 80 земји, а основачот и извршен директор на организацијата Вилијам Видел истакнува дека нивните услуги се насочени кон промовирање и ширење на поодговорни еколошки и општествено одговорни практики низ светот. Според тоа, покрај сертификацијата, оваа организација нуди совети и обуки за сите компании кои сакаат да придонесат за зачувување на планетата и да ги искористат достапните природни ресурси на одржлив начин.

Како би се заслужил ECOCERT COSMOS серификатот за органска и природна козметика, потребно е да се исполнуваат следните услови:

  • најмалку 95% од сите состојки мора да бидат од природно потекло и 10% од сите состојки од контролирано биолошко одгледување
  • производите и состојките не смеат да се тестираат на животни
  • суровините мора да бидат од обновливи извори
  • суровините мора да се произведуваат според еколошките правила
  • производите не смеат да содржат ГМО (генетски модифицирани организми)
  • амбалажата мора да биде биоразградлива или да може да се рециклирана

Покрај тоа, ECOCERT ја одредува разлика помеѓу органската и природната козметика со тоа што природната козметика мора да содржи најмалку 50% од сите растителни состојки и минимум 5% состојки добиени од контролирано биолошко одгледување. Како и NATRUE организацијата, водата не се смета за „органска“ состојка бидејќи не настанува од земјоделско производство.

Накратко, ECOCERT осигурава одржување на стандардите за квалитет на состојките кои се користат во козметичките производи, но и редовно го следи самиот производствен процес. Оливал го доби ECOCERT сертификатот за својот производствен процес во 2019 година, што всушност е резултат на долгогодишна посветеност на користење на богати природни суровини и квалитетен производствен процес.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.