Кошничката е празна.

Top

Неодамна сте почнале да истражувате skincare производи или веќе знаете и читате многу, но никако не успевате да ја најдете идеалната рутина за себе?
Во тој случај, најдобро да почнете од самиот почеток. Сите ја имаме истата желба – да ja доведеме својата кожа во најдобра можна состојба и изглед без многу мака. Сепак, за жал, ниту еден успех, па така и подобрувањето на состојбата на кожата не се случува преку ноќ.

Во било која животна ситуација, промена на сезона, кога сте под дополнителен стрес или кога вашата вообичаена рутина едноставно престанува да делува и не ви е јасно што се случува, нашиот совет е – вратете и се на основната нега. Back to basics.

ЧИСТЕЊЕТО Е ЧЕКОР КОЈ НЕ САКАТЕ ДА ГО ПРЕСКОКНЕТЕ

Секогаш и во секоја прилика, основното чистење на кожата од акумулираните нечистотии не се прескокнува. За таа цел, апсолутно препорачуваме да се избегне употребата на обичен сапун како метод за чистење.  Поради нивната многу алкална pH вредност (над 9), класичните сапуни се премногу агресивни за да се користат на кожата на лицето и всушност, многу често предизвикуваат проблеми кои сакаме да ги избегнеме. Но, тоа не значи дека е доволно да го измиеме лицето со вода, особено не во случај на употреба на тврда вода од чешма.

Чистењето на кожата на лицето може да се прави во еден чекор, или во два. За дали ќе биде еден чекор или два, најдобро е да одлучите преку преиспитување на вашите навики.
Ако преку ден не носите „тешка“ шминка или СПФ (кој секако ви го препорачуваме) и ако повеќе вечери едноставно немате да одвоите дури ни 10 минути за нега на кожата на лицето, или пак вашата чувствителна кожа брзо реагира на нови производи – предлагаме да користите негувателно млеко или мицеларен раствор, по кои кожата се плакне со вода. Еднократното чистење е подобро отколку целосно прескокнување на чистењето!

Двојното чистење нема да биде одговор за секој тип кожа, но советуваме да размислите на тоа доколку имате урамнотежен до масен тип на кожа, склона кон неправилности. Двојното чистење во потполност ги отстранува СПФ и шминката, а извонредно нежните производи за чистење како што се Микроемулзијата и Амино гелот нема да ја нарушат нејзината природна заштитна бариера. За оние кои го обожаваат мирисот на смилот, двојното чистење може да го почнат со еден од следниве производи – Мицеларниот раствор со масло од смил, Мицеларениот раствор 2во1 или Негувателното млеко со масло од смил. За вториот чекор во варијантата со смил можете да ги употребите Мицеларниот гел или Мицеларната пена, кои се идеални нежни чистачи во утринската рутина, заедно со споменатиот Амино гел.

Утринското чистење со наведените производи е неопходно во оние случаи кога слојот од вечерната рутина останува присутен на кожата на лицето и кога кожата е склона кон замастување, додека кај лесно одржливиот тип на кожа понекогаш доволно е наутро да се измие само со вода.

ХИДРАТАЦИЈА – ДОСЛЕДНОСТА Е КЛУЧОТ

После нежното чистење следи хидратацијата која е исклучително важна и во утринската и во вечерната рутина, а потребна им е на сите типови кожа. Сувата кожа, покрај хидратацијата има потреба и од надополнување на маснотии што се постигнува со липиди и емолиенти, додека на дехидрираната кожа и е потребна (исклучиво) влага. Ако имате навика да избегнувате хидратација, доаѓа до губење на природната рамнотежа со што се зголемува лачењето на себумот и кожата станува почувствителна.

Затоа изборот на хидратантна крема треба да се прилагоди на индивидуалните потреби на кожата. Побогатите кремите се неопходни во негата на сувата кожа, додека полесните и брзоапсорбирачки текстури ќе одговараат на комбинираната до масна кожа. Хијалурон Хидраторот 4Х е одличен избор за секој кој сака дополнително да ја хидрира кожата пред да нанесе крема, а важно е да се знае дека хијалуронската киселина се нанесува на малку навлажнета кожа на лицето. Тука детално опишавме колку е доволно и како да се нанесе серумот за лице, но не заборавајте дека серумот подобро ќе се апсорбира преку втапкување во кожата. Плус совет за сите кои сакаат нега со масла е Омега Еликсирот, „немасно“ масло базирано на сквалан сродно со природната маснотија на кожата и одговара и за масна кожа. Идеален е за употреба во вечерната рутина како последен чекор.

Наутро имајте на ум дека примената на СПФ е исклучително важна! Заштитата од сонце штити од кумулативното оштетување и иритација, како и од знаците на предвремено стареење на кожата. Со други зборови, сите серуми, сите чекори во рутината се анулираат и се залудни ако не ја заштитите кожата од сонцето. Затоа, после лесното миење со еден од производите од вториот чекор за чистење кој го користите и навечер, обилно нанесете СПФ. Колку побрзо ќе започнете со користење на заштитата од сонце и ќе се придржувате до основната нега за чистење и хидратација, толку побрзо ќе ги видите првите промени на вашата кожа.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.