Кошничката е празна.

Top

Во Professional сетот Б3, своето место го заслужија новиот Витамин Б3 серум со висок  третмански процент на ниацинамид и Витамин Б3 кремата, формулирана на таков начин што совршено го надополнува и истовремено го надградува дејството на серумот. И секако, како мало изненадување – ролер од црн обсидијан за масажа на лицето!

КАДЕ ШТО Е НИАЦИАМИДОТ, ТАМУ Е МАЗНАТА КОЖА

Нема повеќе чекање, ниациамидот е тука и масната кожа ќе го обожава. Претходните Оливал Professional сетови ги покриваа различните потреби на кожата, но веруваме дека овој сет најмногу ќе ги израдува сите оние кои сакаат да делуваат против неправилности на кожата во форма на акни и комедони, да го регулираат прекуумереното мастење на кожата и да ја намалат видливоста на проширените пори.

Ниацинамидот  во третмански процент од 8%  во Витамин Б3 серумот ќе и даде на кожата широк спектар на ефекти, од хидратација и смирувачки ефект, зајакнување на природната бариера на кожата, до ублажување на дејствијата од надворешните стресни фактори со помош на антиоксидативното  дејство. Неутралната pH вредност, исто така, ќе одговара и за чувствителната кожа, како и за комбинирање со деривати на витамин Ц, како што е SAP (натриум аскорбил фосфат) во Оливал Витамин Ц серумот, хијалуронската киселина и слични супстанции. На пример, ако наутро користите Оливал Витамин Ц серум, по потреба и желба во рутината можете да го додадете Витамин Б3 серумот или Витамин Б3 кремата. Ниацинамидот е одличен утрински додаток во рутината за оние кои имаат комбинирана и масна кожа и доколку користите ретиноиди навечер.

Меѓутоа, како и обично, Оливал не се фокусираат исклучиво само на една состојка, напротив, фокусот е повторно на синергиските делувања, па така… Во Витамин Б3 серумот, е вградена трансексамичната  киселина во концентрација од 1%, која целно ја намалува видливоста на флеките и допринесува за изедначување на текстурата на кожата. Дополнителен смирувачки и хидратантен ефект се постигнува со додавање на екстракт од кора од магнолија, ксилитол и пантенол кои заедно го стимулираат обновувањето на кожата. Познато е дека кората од магнолија содржи активни компоненти магнолол и хонокиол, кои ги ублажуваат воспалителните процеси и го забавуваат стареењето на клетките на кожата, а ксилитолот ја намалува загубата на влагата.

Наменет за комбинирана до мрсна кожа со изразена Т-зона и несовршености, Витамин Б3 серумот се нанесува на исчистена и малку навлажнета кожа, пред креми и/или масла, и може да се комбинира со Оливал Витамин Ц серумот и Оливал Professional производите за заштита од сонце и секојдневна нега. Во случај да се користи во иста рутина со Витамин Ц серумот, се нанесува пред него.

ПРВА ГЕЛ КРЕМА ВО PROFESSIONAL ЛИНИЈАТА

Витамин Б3 кремата е со бело-сина боја, но не содржи додадени бои или мириси, туку само својата нежна пастелна боја и малку лесниот мирис на орев кои доаѓаат од природното масло од германска камилица. На сите на кои навистина им недостасува лесна гел-крема која брзо се апсорбира, Витамин Б3 кремата е вистинско откритие. Поради помалиот процент на ниацинамид, може да се користи со Витамин Б3 серумот или самостојно, а дополнително е збогатен со екстракт од кора од магнолија, сквалан и пантенол. Покрај тоа што длабински ја хидрира комбинираната и масна кожа, при тоа лесно ја матира и ја прави мека и мазна на допир. Како и серумот, може да се комбинира со другите Оливал Professional серуми, како што се Витамин Ц серумот, Витамин РА серумот, Хијалурон Хидраторот 4Х и други.

ДЛАБИНСКА МАСАЖА НА ЛИЦЕТО СО ТЕКСТУРИРАН ЦРН ОПСИДИЈАН

Елегантната црна боја на масажерот за лице од црн опсидијан, идеално се вклопува во минималистички препознатливата Professional линија. Направен од вистински обсидијан, кој е формиран од брзото ладење на лавата, може да варира во боја од црна, црно-сива до сива. Има два краја, едниот поширок и текстуриран за длабоко третирање и масажа на ткивото на кожата, а другиот потенок и потесен, идеален за делови од лицето како слепоочниците и пределот под очите.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.