Кошничката е празна.

Top

Кожата е нашиот штит, природна бариера која не брани од нечистотиите од животната средина, температурните  разлики и другите штетни влијанија. Хидрираната кожа не носи само убав изглед, туку овозможува остатокот од негата да биде ефективен и да ги максимилизира останатите активни состојки на другите производи во рутината. Препознавањето на разликата помеѓу дехидрацијата како состојба на кожата и сувиот тип на кожа често може да доведе до различни толкувања, поради што е важно навреме да се забележат знаците на дехидрацијата.

РЕАГИРАЈТЕ БРЗО, НО НЕЖНО

Различни фактори влијаат врз промените во количината на вода во кожата. Условите на животната средина како што се УВ зраците, смогот, студот и ветерот, како и емоционалните состојби како стресот и заморот се дел од секојдневниот живот кој подеднакво влијае на надворешните и внатрешните промени на кожата. Дополнително, трансепидермалната загуба на влага се забрзува кога е оштетена физиолошката бариера на кожата. Пукање, лупење и чувство на затегнатост се непријатни симптоми кои можат да се појават кај сите типови кожа и на тој начин го отежнуваат откривањето на соодветната нега.

„Сува однадвор, масна однатре“ е вообичаен термин кој го користиме при сликовитото опишување на дехидрација на кожата, која потоа се обидуваме да ја „одмастиме“ со преагресивни препарати. Ова всушност придонесува  до се поголема дехидрација, додека од друга страна  се зголемува мастењето на кожата, па така добиваме контра ефект. Во овие ситуации, најдобро е да се користат нежни средства за чистење базирани на сурфактанти кои не сушат, состојки како што се екстрактот од сладок корен и полиглутаминска киселина, кои ја смируваат и хидрираат кожата уште за време на чистењето. Користењето на лесно масло збогатено со сквалан и масло од коноп успешно ги топи нечистотиите, истовремено делува кориснo врз епидермисот. Оливал Микроемулзијата во комбинација со Амино гелот го спречува сушењето и ја подготвува кожата за понатамошна хидратација. Хиперсензитивноста не е невообичаена појава кај дехидрираната кожа, а покрај нежното чистење и избегнување на потенцијално иритирачка козметика, треба да се земе во предвид и правилната употреба на серуми и креми.

НАВЛАЖНУВАЧИ ПРОТИВ ДЕХИДРАЦИЈА

На дехидрираната кожа всушност не и недостасува маснотија, туку влага. Покрај горенаведените фактори како животната средина и емоциите, недостаток на влага предивикува и климатизацијата, пречестото внесување на кофеин и неурамнотежената исхрана. Сето ова потенцијално може да влијае на чувствителноста на кожата, која се манифестира со перутање, сивкаста боја и губење на сјајот. Исто така, по миењето нема чувство на удобност, туку трајна затегнатост. Ве потсетуваме дека ако кожата чкрипи – не е добро!

Негата на дехидрираната кожа без оглед на самиот тип на кожа, треба да биде збогатена со навлажнувачи како што е Оливал Хијалурон Хидраторот 4Х. Неговиот комплекс од четири вида хијалуронска киселина создава своевидна „мрежа“ која продира длабоко во кожата и ја хидрира однадвор и однатре. Синергиското дејство на хијалуронската и полиглутаминската киселина, ектоин и провитамин Б5 овозможува формирање на свиленкаста текстура на кожата која ја заштитува од надворешни нечистотии. Дејството на серумот се засилува со нанесување на малку навлажнето лице по Оливал Хидро тоникот и со задолжителен крем по хидрататорот кој ќе ја заклучи влагата. Исто така, на навлажнето лице, се нанесува и Оливал Витамин Ц серумот кој во комбинација со Оливал Витамин Ц кремата овозможува изедначување на тенот и ефективна хидратација. Серумите, како и останатите козметички препарати, имаат најдобар ефект ако правилно се избрани за одреден тип на кожа. Така, на пример, за зрела и сува кожа, подобро ќе одговара Оливал Пептидниот серум П и Оливал Пептидната крема П бидејќи активното дејство на пептидниот комплекс го стимулира обновувањето на кожата однатре. Кај сувиот тип на  кожа, корисно е да размислите и за дополнителната нега во вид на масла со цел да се обнови липидната компонента во најгорниот дел од епидермисот.

СУВАТА КОЖА САКА МАСЛА

На сувата кожа, за разлика од другите типови, и недостасува масленост. Последователно, тоа предизвикува недостаток на лачење на природна масленост на кожата, себумот. Надоместувањето  на липидите помага да се изгради хидролипиден филм, тенок заштитен слој кој ја штити кожата од надворешни влијанија. Користењето екстремно хранливи  креми со високо дејство на емолијанси длабински ќе ја хидрираат сувата кожа. Пожелно е негата да се подигне на повисоко ниво, а природните формулации базирани на традиционални рецепти и состојки како што е етеричното масло од смил ќе помогнат. Овој неисцрпен, бесмртен извор на инспирација во козметиката ќе ја измазни кожата и ќе ја остави свиленкаста на допир, особено во комбинација со маслата од јојоба и маслинка.

Во негата на зрелата кожа, но и на кожа генерално склона кон дехидрација, ќе помогне и маслото од зелено кафе, кое ја буди кожата, а долгорочно помага да се успори појавата на длабоки брчки и линии. Оливал Лесната крема против брчки со зелено кафе ќе го стимулира обновувањето на колагенот, проширување на аквапоринските канали одговорни за одржување на нивото на влага и будење на уморната кожа. Со секојдневната нега, но и прилагодувањето на животните навики со внесување на соодветни количини витамини, минерали и вода, резултатите нема да изостанат.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599