Кошничката е празна.

Top

Медитеранското растение смил е одамна познато како растение чие масло и носи многу придобивки на кожата. Кои се точните придобивки? Што го издвојува смилот и по што е навистина посебен? Дознајте во продолжение.

Смилот е растение кое припаѓа на семејството Asteraceae и вклучува над 600 видови тревни растенија, полугрмушки и грмушки распостранети низ целиот свет. Во европската област, постои мешавина од два вида на смил, медитерански и азиски. Во Хрватска, на карпестите пасишта расте приморскиот или средоземен вид на смил (H. italicum). Препознатлив е по жолтите цветови собрани во мали цветни главици, често видливи на многу фотографии на различни козметички производи и има разгрането стебло, кое расте до 60 см во височина. Покрај тоа што е популарен по изглед, мирисот на смил е потполно уникатен. Маѓепсува и освежува!

ВЕЧЕН СОЈУЗНИК ПРОТИВ ПРЕДВРЕМЕНОТО СТАРЕЕЊЕ НА КОЖАТА

Иако смилот се користи на различни начини, во Хрватското подневје постои верување дека смилот ја акумулира сончевата топлина, па затоа жените за да ги заштитат домашните од студените бури, го ставаат во навлаки за перници со цел да се греат. Сепак, еден од најчестите начини за користење на смилот е да се користи етеричното масло во производите за нега на кожа. И не само во креми, туку и во други производи како што се млеко за чистење, мицеларен раствор, маски, пилинзи и други производи.

Употребата на смил отсекогаш била поврзана со долговечноста, со што се оправдува француското име immortelle или бесмртен. Цветовите на смилот ја задржуваат својата жолта боја и после бербата, а на кожата имаат anti-age ефект поради високата содржина на полифеноли, особено флавоноиди, кои се познати антиоксиданси. Иако стареењето на кожата е нормален и потполно природен процес и е невозможно целосно да се запре, постојат ефикасни препарати чии состојки го поттикнуваат создавањето на колаген.

Според спроведените студии, докажан е инхибиторниот ефект на етеричното масло Helichrysum italicum врз стареењето на кожата со особено релевантен ефект врз активноста на еластазата (активна форма на ензим). Етеричното масло од смил ја враќа еластичноста на кожата и придонесува за посвежа и поздрава кожа. Во исто време, има исклучително хранлив ефект и длабоко ја навлажнува кожата. Исто така, со долготрајна употреба, смилот помага да се балансира пигментот и ја намалува појавувата на ситни дамки на кожата. Со редовна употреба, се постигнува изедначен тен и сјајност на кожата.

ЗА НЕГА НА КОЖАТА И ТЕЛОТО

Смилот е погоден за користење кај сите типови на кожа, освен во случај на индивидуална преосетливост на етерични масла. Кај комбинираната до масна кожа, ќе има смирувачки ефект, ублажувајќи ги воспалителните процеси. Тоа ќе помогне да се ублажи појавата на разни неправилности, а кожата ќе остане мазна и свиленкаста. Етеричното масло од смил го стимулира обновувањето на клетките на кожата и на тој начин го подобрува нејзиното здравје.

Кај уморната и сива, особено сува кожа на лицето, етеричното масло од смил ќе има освежувачки ефект и ќе ја стимулира циркулацијата. Поради подобрената циркулација на крвта, постепено ќе се намалат отечените места на лицето. Со своето регенеративно дејство врз кожата, етеричното масло од смил одлично ги храни екстремно сувите делови на кожата и има благотворен ефект кај разни видови на дерматитис и алергии на кожата.

Освен горенаведените бенефити, смилот во комбинација со други масла, ќе ги ублажи и видливите промени кај кожата. Од таа причина, се советува да се мачка на стрии, проширени и воспалени вени, испукани капилари, но и модрици. Со често нанесување на кожата, смилот ја враќа исполнетоста на кожата, па така ќе помогне да се намали и видливоста на евентуалните лузни. Важно е да се напомене дека етеричното масло од смил има противвоспалително дејство, како и после прекумерното изложување на сонце помага да се ублажи црвенилото на кожата.

Да заклучиме, смилот нуди многу придобивки:

 – Ефикасно делува против стареење на кожата
 – Ги ублажува воспалителните процеси на кожата
 – Ја подобрува микроциркулацијата
 – Помага да се ублажи видливоста на модриците
 – Ја намалува видливоста на лузните и ја враќа исполнетоста на кожата
 – Го ублажува црвенилото и поволно делува кај изгореници

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.