Кошничката е празна.

Top

Лето, тоа време на релаксација и безгрижност понекогаш не е безгрижно кога станува збор за нега на кожата. Како и во која било друга сезона, нашата кожа поминува низ промени на кои треба да се одговори со прилагодување на рутината и избор на соодветни производи. Сега е вистинско време да ја запознаете подобро, да ја набљудувате повнимателно и да ги следите сите флуктуации.

1. ДОБРО ПРОЦЕНЕТЕ ГО ТИПОТ И СОСТОЈБАТА НА КОЖАТА

Препознавањето на сопствениот тип на кожа може да биде комплексно, особено кога тоа ни „сигнализира“ сосема спротивни работи. Малку е масна, но исто така е и сува, има зголемени пори, но и чувство на затегнатост…Важно е да можете да ја препознаете вашата кожа, а темелната поделба на типовите ви ја носиме во продолжение.

Урамнотежена / Балансирана кожа е исто така наречената нормална кожа. Не е премногу масна, ниту премногу сува. Во текот на денот се случува да засвети минимално, обично на челото и околу носот и тоа е здрав природен сјај. Можете да ја препознаете по нејзината мазна текстура без (големи) неправилности, зголемени пори и изедначена боја на тенот. Нормалната кожа не е премногу чувствителна на хормоналните промени за време на циклусот,  ниту на временските услови.

Масната кожа произведува малку повеќе себум, односно природна маст. Ако имате масна кожа, сигурно го препознавате сјајот кој избива многу брзо во текот на денот, се лачи поинтензивно и избива дури и низ пудрата. Често има зголемени пори, особено во областа околу носот и е нешто почувствителна на хормоналните промени. Исто така е склона кон појава на акни и комедони.

Сувата кожа пак произведува помалку себум од избалансираната, нормална  кожа. Затоа, таа е матирана во текот на денот и задржува помалку вода во нејзините слоеви, што ја прави нееластична и почувствителна на надворешни услови. Ако имате сува кожа, многу веројатно ќе бидете придружени со симптоми како што се постојано чувство на затегнатост, а понекогаш и црвенило или чешање.

Комбинираната кожа може да сочинува комбинација од повеќе типови кожа, обично избалансирана и масна. Т-зоната од челото преку носот до брадата е склона кон лачење на себум и запушување на порите, додека остатокот од кожата на лицето е обично избалансиран.

Секој тип на кожа бара своја прилагодена рутина. На сувата кожа ќе и требаат повеќе хранливи и густи текстури базирани на липиди (масла), додека мaсната ќе има корист од полесни текстури. Исто така, на масната кожа ќе и биде потребна помош во форма на ексфолијација што ќе спречи запушување на порите, а со тоа и создавање на акни.

Она што може да биде заедничко за сите типови на кожа е чувствителноста во целиот спектар на појави (од развој на розацеа, акни до алергии) и многу почеста дехидрација која во текот на летото е посебно нагласена. Водата и е потребна на секоја кожа, без оглед на типот, а до дехидрираност може да дојде од разни причини. Овие причини најчесто се употреба на сапуни за чистење кои го сушат лицето, нарушена заштитна функција на кожата од рутината, но исто така и внатрешни и надворешни фактори (исхрана, стрес, хормони, временски услови, УВ зрачење).

За почеток, заедно со хидратацијата, на кожата и е потребен соодветен процес на чистење и СПФ. Треба да се воведат нежни, pH оптимизирани чистачи во два чекора, како што се Микроемулзијата и Амино гелот, кои темелно ќе ја исчистат од кремите за сончање, шминката и други нечистотии без да ја исушат кожата. Добриот производ за заштита од сонце, користен секој ден и избран според типот и потребите на кожата е клучен чекор во секоја рутина, а можеби е и најважниот сојузник во денешната anti-age нега.

2. ВНИМАВАЈТЕ НА КОЖНАТА БАРИЕРА

Здравјето на кожата треба да биде на прво место и сè започнува од тоа. Заштитниот слој, но и природниот микробиом се клучни за зачувување на нормалните карактеристики и улогата на нашата кожа. Тие се исто така клучни за спречување на дехидрацијата, склоноста кон иритации, како и за воведување на силни активни состојки. Што значи тоа во пракса? Додека бариерата е нарушена, во рутината не треба да има простор за ретинол, како и високи концентрации на хемиски пилинзи и слични супстанции. Наместо тоа предност треба да им се даде на хидрантни и смирувачки компоненти. Претерувањето со ексфолијацијата, комбинирањето на различни киселини во текот на неделата и слични обиди, за жал, обично завршуваат со сосема спротивен исход од посакуваниот.

3. ВОВЕДЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ХИДРАТАЦИЈА (ВО ВИД НА ТОНИК И СЕРУМ)

Лесната хидратацијата никогаш не е на одмет. Предноста на ваквите производи е тоа што се збогатени со состојки како хијалуронска киселина, полиглутаминска киселина, ектоин, кои длабински ја внесуваат влагата, даваат исполнетост, оптички ги пополнуваат ситните брчки, на кожата и пружаат смирувачки ефект и посвеж изглед. Добро е да се изберат течни лесни производи, како што се Хидро Тоникот и Хијалурон Хидрататорот 4Х, кои лесно се вклопуваат во секоја рутина и се погодни за нега на буквално сите типови на кожа, вклучувајќи ја и масната кожа. Дополнително, постојат антиоксиданси кои се многу пожелни во рутината за време на летниот период. Витамин Ц серумот со Professional Флуид за лице СПФ 30 или Professional Крем за лице СПФ 50, особено во комбинација со хијалуронска киселина, е добитна комбинација против ефектите на слободните радикали, флеки и несовршености.

4. НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ЈА ЗАКЛУЧИТЕ ВЛАГАТА

Мaсната кожа често се третира со многу агресивни, исушувачки производи кои можат да го регулираат лачењето на себумот и да дадат краткорочно олеснување кога станува збор за маснотијата, но на долг период тие често доведуваат до маѓепсан круг, односно – уште посилна маснотија и акни. Негата на кожата треба да биде нежна. И на масниот тип на кожа потребна и е хидратација која често се базира на хијалуронска киселина како златен стандард. Меѓутоа, сеа доаѓа трикот. Од страв од креми кои оставаат впечаток на тежина во споредба со течните серумски препарати, како и од страв од комедогеност на маслата, по хидрирањето со серумите, овој клучен последен чекор е изоставен. Ова, на долг рок, доведува до дехидратација бидејќи овој последен слој во рутината не ја заклучува влагата во кожата и не спречува сушење. На хијалуронската киселина секогаш и е потребна влажна основа и похранлива текстура над неа за да го покаже својот полн потенцијал.

5. СПФ Е ТВОЈ ПРИЈАТЕЛ

Покрај тоа што е anti-age сојузник, заштитниот фактор е исклучително важен во одбраната од кумулативното оштетување на кожата предизвикано од УВ зрачењето. Тука не се вклучени само иритации, црвенило, брчки, туку постојат и многу поопасни последици. Честопати во лето се доведува до прашање и употребата на фотосензитивни состојки како ретиноди и киселини. Всушност, сè зависи од индивидуалната подготвеност и свесност.

Ако нанесувате крема за сончање секој ден, без оглед на временската прогноза, во доволни количини и со фактор 30 или 50, доколку ја обновувате во текот на денот – особено на плажа, доколку избегнувате буквално „пржење“ на сонце или солариум и ако нема пречки од индивидуална природа, нема причина да не продолжувате со негата со овие активни состојки. Запомнете, СПФ е клучен бидејќи спречува и изгореници, но исто така овозможува и најдобро можно дејство и видливи резултати на ретинолот и АХА или ПХА киселини.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.