Кошничката е празна.

Top

Веруваме дека досега знаете, но сепак сакаме да повториме – квалитетното чистење со производи кои не ја сушат кожата, е основата на секоја добро поставена рутина. Понекогаш, изборот на вистинските производи за двојно чистење може да биде тежок. Кога се користи мицеларен раствор, и дали првиот чекор мора да е маслен чистач?

Звучи збунувачки? Затоа, во продолжеток ви ги носиме одговорите на сите недоумници за кои веруваме дека ве интересираат.

ЗА ПОЧЕТОК СУВА КОЖА

Сувата кожа всушност не е многу чест тип на кожа, и по правило не е склона кон неправилности. За овој тип, особено е важно да се чисти со производи кои не ја сушат кожата. Избегнувањето на овие производи ќе помогне за заштитната бариера да остане недопрена и сочувана. На сувата кожа, како прв чекор често и одговараат млека за отстранување на шминката. Затоа секогаш прва препорака ни е Негувателното млеко со масло од смил кое нежно ја отстранува шминката и СПФ-то. Дополнително, сите нечистотии ќе се тргнат со нежната Мицеларна пена од колекцијата со Смил. Кај сувата кожа нема да погрешите ни со употреба на масла, па така, Микроемулзијата и Амино гелот од Professional колекцијата се исто така сигурен избор. Овие производи нема да ја исушат кожата, а темелно ќе ја исчистат.

ВО ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕ, НОРМАЛНА ДО КОМБИНИРАНА КОЖА

Нормалниот до комбиниран тип е најчест и најраспространет тип на кожа. Често може да се помеша со масниот тип, бидејќи Т-зоната во дехидрирана состојба може да се масти, а знае да е склон и кон неправилности. По правило, на овие типови кожа повеќе им одговараат мицеларни раствори од млечни текстури, а во колекцијата со Смил можете да најдете два. Тоа се Мицеларниот раствор со смил и Мицеларниот раствор со смил 2во1 кој ги спојува дејството на моќните мицели со хранливото масло од сусам. Покрај нив, тука е и Мицеларниот раствор со зелено кафе. Екстрактот од зелено кафе долгорочно ја зајакнува природната влажност на кожата, ја враќа природната рамнотежа и го освежува тенот. 

Секогаш треба да имате на ум дека по употребата на мицеларните раствори, лицето треба да го исплакнете со вода или да продолжите со вториот чекор во чистењето. Како втор чекор во чистењето, на нормалниот до комбиниран тип на кожа, најмногу одговараат Мицеларниот гел со масло од смил или Мицеларната пена зависно од потребите и преференците на текстурата. Микроемулзијата и Амино гелот одговараат на широк спектар на кожа, а со нив нема да користите памукчиња, нити ќе ја „влечете“ кожата. Покрај тоа, производите не содржат вештачки бои и мириси.

ЗА КРАЈ МАСНА КОЖА

Кај овој тип на кожа, повторувањето и придржувањето до рутината е исто така многу важно. Тука не препорачуваме млечни текстури за чистење на лице, но со користење на Мицеларен раствор задолжително би препорачале втор чекор во форма на Мицеларен гел или Амино гел. Микроемулзијата во овој случај е најдобар избор бидејќи помага во отстранување на себумот. Со редовната примена на двојното чистење темелно се чистат порите со што стануваат видливо помали. Совет плус – на масната кожа често и е потребна дополнителна помош во вид на механичко чистење.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.