Кошничката е празна.

Top

Негувана, цврста, здрава кожа со природна младелашка исполнетост и сјај?
Да, возможно е да го постигнете тоа со употреба на бројни козметички состојки, меѓу кои се и церамидите. Често (неправедно) запоставени, церамидите се исклучително корисни бидејќи и помагаат на кожата да ја задржи потребната влажност и ја зајакнуваат природната отпорност. Всушност, здравата и сочувана функција на бариерата е темел на здравиот тен, како и воведувањето на нега како ексфолијанти или ретиноиди.

ДЕЛ ОД ПРИРОДНИОТ СОСТАВ НА КОЖАТА

Баш како хијалуронската киселина и колагенот, церамидите се структурен елемент на кожата кој природно (во прилично висока концентрација) се наоѓа во нејзините слоеви. По својот состав, тие се маснотии кои ги опкружуваат и штитат клетките од сушење. Со текот на годините, природниот процес на стареење на целиот организам, како и делувањето на надворешните фактори, се менува и составот на кожата при што нивото на церамиди опаѓа. Меѓу останатото, ова е една од причините поради кои со текот на времето нашата кожа станува посува, склона кон иритации и чувствителност, а со губење на материјата која ја врзува целата структура, стареењето почнува да се приметува и на самата површина: ја губиме цврстината, се појавуваат фини линии и брчки.

ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НИКОГАШ НЕ Е ПРЕРАНО, НО НИ ПРЕКАСНО

Познато е дека превенцијата од предвремено стареење на кожата е најдобриот пат за сочувување на нејзиното здравје и добар изглед. Никогаш не е прерано (ни прекасно) за квалитетна нега богата со навлажнувачи и липиди, а истото важи и за вклучување на церамидите во секојдневната нега. Тоа е возможно преку додатоците во исхраната и козметичките производи. Бидејќи се природно присутни во сечија кожа, церамидите се идеален додаток во негата на сите типови и состојби на кожата, но крајниот избор на серум или крема сепак најмногу зависи од самата формулација и другите состојки.

Како да ги препознаете? Церамидите со себе обично носат ознаки како NP, NS, EOS, EOP, AP. Посебноста е во нивните прекурсори – сфинголипиди и фитосфингозин – кои делуваат како своевидни „комуникатори“ во кожата и го поттикнуваат самосталното производство на церамиди.

ОБНОВУВААТ, ЗАЈАКНУВААТ, РЕВИТАЛИЗИРААТ...

Дефинитивно, церамидите се една од најмоќните состојки против стареење, а покрај тоа, носат и низа други позитивни дејства на кожата. Преку превенцијата од сушење, поттикнуваат регенерација на кожата и производство на многу потребните липиди што ја чуваат бариерната функција. Воедно, со ревитализирање на еластичноста и отпорноста на кожата, долгорочно се зајакнува нејзината способност да ја задржи потребната влажност.

Уште една од многубројните позитивни страни на церамидите е нивната исклучителна компатибилност со скоро сите познати (и признати) активни состојки: пептиди, хијалуронска киселина, полиглутаминска киселина или – ретиноиди (колоквијално познати како ретинол). Во производи, чија формулација содржи високи, потентни проценти на ретиноиди, церамидите играат важна улога во смирувањето на потенцијалните иритации на кожата. Затоа, церамидниот комплекс е дел од Витамин РА серумот со 0,1% ретиналдехид (ретинал) за третманска нега против брчки, акни и комедони. Церамидите, нивните прекурсори и другите негувателни состојки како бисаболол, алантоин и алое вера и овозможуваат силна потпора на хидролипидната бариера, а со тоа, ја намалуваат можноста за сушење, црвенила или било каква чувствителност што може да се појави при употребата на ретиноиди.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.