Кошничката е празна.

Top

Зошто овој ритуал е важен?

Загадувачите на воздухот, производи со заштитен фактор и водоотпорна шминка во комбинација со себумот од лицето, формираат дебел и густ слој на кожата веќе до средината на денот.

Ако посветувате само 20 секунди дневно на чистење на лицето, користејќи стандардни методи: миење или чистење со мицеларна вода што сте ја нанеле на парче памучна вата, знајте дека не е доволно да се растворат и отстранат сите нечистотии. 

Бактериите, себумот и честичките од нечистотија остануваат на вашето лице, ја гушат кожата и ја прават безживотна.  Ако го чистите лицето двапати со ист производ, исто така не сте направиле многу.

Сличностите привлекуваат!

Ова е еден од законите на хемијата, кој совршено функционира при двојното чистење на лицето кое треба да е задолжително навечер. 

Поради овој закон, важно е да знаеме зошто треба да се чисти лицето два пати односно зошто треба да применуваме двојно чистење. 

Двојното чистење е метод на чистење на лицето два пати како дел од ноќната рутина и тоа: 

Прво, со средство за чистење на база на масло, со цел да се растворат во масло растворливите нечистотии како себум, СПФ крема, шминка (доколку ја носите во текот на денот). 

Иако не носите шминка тој ден, чистењето на лицето со маслено средство треба да биде прв чекор при ноќната рутина за нега на кожа и тоа се со цел да се исчистат порите од насобраните нечистотии. 

Втор пат, со средство за чистење на база на вода, за да се остранат нечистотиите кои се растворливи во вода, како пот и нечистотии кои се залепиле на лицето во текот на денот. 

Чистењето на овој начин, гарантира дека и двата типа на нечистотии се отстранети од нашата кожа, а лицето е чисто до најдлабоките можни слоеви на кожата кои може да се опфатат со овој начин на чистење. 

Производ за чистење на кожа врз основа на типот на кожата

– Нормалната кожа треба да се измива со нежни средства кои нема да бидат агресивни за кожата така што ќе изберете кленсер со минималистички состав. 

Ако имате нормална кожа изберете чистач во форма на гел и масло

– Сувата кожа, треба да се измива со средства кои се класифицирани како “хидратантни чистачи” и кои нема дополнително да ја нарушат слабата заштитна бариера на кожа. 

Ако имате сува кожа изберете чистач во форма на пена и млеко

– Масната кожа е тип на кожа кој е позахтевен од другите видови, во однос на избор на чистач. Личностите со масна кожа секогаш треба да бараат чистач во форма на пенлив гел или пена. 

Доколку имате масна кожа и дополнително таа е склона кон појава на акни и е чувствителна тогаш обавезно изберете пена и масло

– Комбинираната кожа или изборот на средство за чистење на комбинирана кожа секогаш треба да е насочено кон вториот дел од сложувалката наречена combo skin односно треба внимателен избор на чистач кој ќе биде насочен кон третирање на оној дел кој ја прави комбинирана кожа со оглед на тоа дека кај овој тип во 99% од случаите имаме масна Т- зона заедно со сува или нормална кожа. 

Насочете се кон избор на средство за чистење на кожа кое нема да ја зголеми сувоста на веќе сувата кожа или пак ќе ја поремети хидролипидна бариера на нормалната кожа од лицето, како што е комбинацијата на мицеларна вода/масло со гел/пена

Веќе сме запознаени со неоспорените благодети на чистачите со масло од смил, па затоа овој пат ќе се фокусираме на состојките на новите Оливал Professional чистачи.

ОЛИВАЛ МИКРОЕМУЛЗИЈА ЗА ПРВ ЧЕКОР ВО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ

Прв чекор, во вечерното двојно чистење! Ова е нешто што задолжително треба да се потенцира, затоа што наутро навистина немате потреба од двојно чистење. 

Состав на овој маслен чистач:

1. МАСЛО ОД КОНОП

Скоро секое природно масло носи придобивки за нашата кожа и коса, но маслото од коноп е сепак на самиот трон помеѓу сите нив. Главната причина е првенствено составот богат со протеини, омега-3 и омега-6 масни киселини, витамини А и Б, магнезиум, цинк, фосфор и калциум. Овој сет на состојки не е лесно да се најде во природата и на едно место, како што е случајот тука.

Маслото од коноп, кога се нанесува на кожата, е корисно за:

  • хидрирање на сува кожа
  • намалување на црвенило и нерамномерност
  • превенција од акни
  • намалување на симптомите на алергиски реакции
  • запирање на осипот
  • побрзо заздравување на кожата
  • навлажнување на кожата
  • подмладување на кожата
  • против брчки

Без разлика дали страдате од проблеми со кожата, дерматитис, сува кожа на лицето, акни на лицето и телото, псоријаза или имате здрава кожа без дамки, маслото од коноп ќе биде добар сојузник за вас. Активните состојки ќе ја подобрат целокупната состојба на кожата, а докажано е дека може да помогне и во специфични проблеми.

2. СКВАЛАН

Скваланот ја враќа нормалната состојба на кожата и ја враќа нејзината природна рамнотежа. После примената на скваланот, сувата кожа веќе не е толку склона кон сувост, а масната кожа станува помалку масна и не се случува неконтролирано лачење на себум.

Скваланот:

  • Ја хидрира кожата
  • Ја подобрува регенеративната способност на кожата
  • Го намалува појавувањето на фини линии и брчки
  • Ја враќа еластичноста на кожата
  • Го враќа нејзиниот природен сјај

3. ЕКСТРАКТ ОД СЛАДОК КОРЕН (Licorice Root Extract)

Спречува формирање на флека после третманот на акната. Дополнително има и антифунгално и антибактериско дејство. Односно поуспешно се бори против акни предизвикани од бактерии или габични фактори. 

4. ВИТАМИН Е:

– Хидрира 

Витамин Е применет самостојно во форма на серум или како дел од некој продукт, може многу да помогне за длабинска хидратација на кожата.  

– Против брчки

Маслото од витамин Е го стимулира производството на колаген и создавањето и зајакнувањето на колагенските врски. Тие се одговорни за еластичноста на кожата

– Против сончеви флеки на лицето

Маслото од витамин Е , содржи антиоксиданси кои ги неутрализираат ефектите на сончевите УВ зраци и штетата што тие ја предизвикале на вашата кожа.

– Против лузни од акни на лицето

Иако лузните се постојан проблем што е тешко да се реши откако ќе се појават, добро е да се знае дека тие можат многу да исчезнат и дека нивната видливост може да се намали. 

– За чистење на лицето  

Самостојно, маслото од витамин Е е одлично средство за чистење на кожата, затоа што длабински ги отстранува нечистотиите од порите. 

– Против темните кругови околу очите

Преку зголемување на хидратацијата и циркулацијата на крвта во оваа нежна регија на лицето, витамин Е кога се применува редовно. 

ОЛИВАЛ АМИНО ГЕЛ ЗА ВТОР ЧЕКОР ВО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ

Втор чекор при вечерното двојно чистење или единствен чекор при утринско чистење на лицето. 

Состав:

1. БЕТАИН

Бетаинот е дериват на наједноставната аминокиселина – глицин. Тој ги штити клетките од губење на влажноста. Бетаинот, дополнително ја зголемува заштитната улога на клетките и тие полесно се ослободуваат од слободни радикали кои се наталожиле во нив и им го отежнале функционирањето. 

Бидејќи е активен донатор на метил групи, бетаинот е вклучен во: 

  • синтезата на колаген и еластин,
  • обезбедува регенерација на ткивата и
  • го спречува формирањето на флеки. 

Со еден збор овозможува обновување на физиолошките функции на кожата и намалување на брзината на стареење на кожата. 

2. АЛАНТОИН

Алантоин е состојка која најчесто се користи во разни козметички производи. Докажано е дека има позитивен ефект врз смирување и заздравување на кожата скоро 70 години, поради што алантоинот во кремите е една од најчестите состојки.

Како хидролат, алантоинот е тесно поврзан со уреична киселина или уреа. Со други зборови, алантоинот е совршена алтернатива на уреата. 

Оваа природна состојка е одличен избор за нега на сите видови на чувствителна кожа, а најголемата предност е што се потребни екстремно ниски концентрации за да се добие ефективно дејство.

Алантоин се произведува синтетички денес, а неговите придобивки се следниве:

  1. отстранување на мртвите клетки,
  2. грижа за масна и нечиста кожа
  3. заздравување на раните
  4. измазнување на кожата
  5. регенерација на клетките
  6. хидратација на кожата.

Алантоин има силно антиинфламаторно дејство, затоа се додава во екстремно ниски дози (0,2 – 0,5%) во козметиката (чистач, крем, тоник, млеко за тело, итн.).  

3. АЛОЕ ВЕРА

Алое вера е исклучително лековито растение познато по својот сок и гел што ги добиваме со екстракција од месестите лисја.  Има антиинфламаторни и регенерирачки својства и ги хидрира сите типови на кожа.

Што прави алое вера на кожата?

  • Ублажува изгореници (особено по изложување на сонце),
  • Има антиинфламаторно дејство врз сите проблеми со кожата,
  • Забрзува заздравување на кожата,
  • Ја хидрира кожата без маслен филм,
  • Спречува стареење на кожата,
  • Помага во враќање на влагата во сериозно дехидрирана кожа,
  • Ги намалува акните и црнките,
  • Осветлува темни дамки и хиперпигментација.

ПРАВИЛА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ

– Не чистете го вашето лице, повеќе пати од претходно опишаниот начин на чистење. Ако го миете – ризикувате да добиете оштетена заштитна бариера на кожа, што е проследено со појава на иритации. 

– Не чистете го вашето лице предолго. 

  • Утринското чистење нека трае 15/20 секунди. 
  • Вечерното чистење неа трае максимум 1 минута

– Добро отстранете го (измијте го) лицето од чистачот (пена/гел/масло) со МЛАКА вода. 

– При чистење на лицето, добро измасирајте го и челото, делот помеѓу веѓите, страните на носот. 

– Не употребувајте никакви четки при чистење на лицето. 

Утринското чистење на лицето секогаш треба да биде во еден чекор. Дали ќе изберете да го измиете лицето само со вода или пак со некое средство тоа зависи од вас и од тоа каква потреба има вашата кожа. Вечерното чистење пак, секогаш треба да биде составено од два чекори или двојно чистење (double cleansing). 

Набавете ги вашите омилени чистачи со клик на овој линк, во ДМ дрогериите, аптеките св.Пантелејмон и Хигија во Кавадарци или парфимерија Паладиум во Прилеп.

Објавено од @magnolia.glamour

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.