Кошничката е празна.

Top

По лансирањето на Professional заштитата од сонце формулирана да биде ефикасна и удобна за секојдневна употреба, Оливал решија да одговорат на уште една потреба за сите типови на кожа, а тоа е темелно чистење и чистење кое не ја суши кожата, односно, двојно чистење.

Така се создадоа Оливал Микроемулзијата и Оливал Амино гелот – два едноставни, лесни и нежни чекори за секојдневно чистење на кожата кои ќе внесат свежина во вашата дневна и вечерна рутина!

Микроемулзијата на себе го носи бројот 1 кој го означува првиот чекор во чистење на лицето. Станува збор за лесно, транпарентно масло со средна густина, во глобала базирано на каприлични триглицериди збогатени со сквалан и масло од коноп за нега, како и екстракт од сладок корен и витамин Е за противвоспалително и антиоксидативно дејство.

Ова масло нежно ги раствора и ги отстранува водоотпорната шминка и производите за заштита од сонце. Во контакт со вода, се емулгира, се претвора во млеко и со леснотија се исплакнува во целост, оставајќи ја кожата екстремно нежна, мека и без чувство на затегнатост или сувост.

Може да се користи за сите типови на кожа и во зависност од потребите – на сува или зрела кожа може да се користи самостојно, додека за комбинираната и масна кожа Микроемулзијата ќе биде идеална основа за вечерната рутина, со миење со гел по отстранување на шминката и СПФ. За нанесување се доволни само вашите дланки!

Оливал Professional Микроемулзијата доаѓа во амбалажа со пумпица која го прави производот многу лесен за употреба – неколку потиснувања од пумпицата се нанесуваат на суви дланки, се масира нежно на суво лице од 20 секунди до една минута (во зависност од јачината на шминката) и потоа се измива.

Број 2 го носи Оливал Professional Амино гелот, а со тоа го претставува и вториот дел од таканаречените ДЧ(DC) методи или техники на двојно чистење (double cleance technique). Станува збор за многу хидрантен, лесен гел богат со хидратантни навлажнувачи, кој исклучително нежно ја чисти кожата од остатоците од шминката и нечистотиите и ја подготвува за останатата нега. Збогатен е со бетаин, полиглутаминска киселина, алантоин, алое вера и екстракт од сладок корен, кои заедно ја хидрираат кожата, го спречуваат сушењето и имаат противвоспалително и смирувачко дејство.

Поради својата нежна формулација, Амино гелот првенствено е наменет за вториот чекор во чистење на лицето, но може да се користи и самостојно во случај да не носите шминка, СПФ или неколку слоеви на производи на лицето или пак, ако преферирате да користите само гелови во ДЧ методите.

Како и  Микроемулзијата, Амино гелот доаѓа во амбалажа со пумпица – нанесете неколку потиснувања од пумпицата на влажни дланки, масирајте на влажно лице, исплакнете, а потоа продолжете со тоник, серум, крема.

Двата производи не содржат вештачки мириси или бои и се погодни за сите типови на кожа. Тие можат да станат дел од вашата дневна и ноќна рутина, или, бидејќи природата на секоја кожа е различна, лесно да се вклопат во рутината според конкретнитe потреби.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.