Top

Не е залудно кажано дека секогаш треба да ја слушаме сопствената интуиција. Овој наш внатрешен патоказ може да ни помогне во сите животни аспекти, вклучувајќи ја и негата на кожата. Така наречената интуитивна нега на кожата (intuitive skincare) станува синоним за пресвртница во светот на убавината, но всушност се сведува на она што веќе го знаеме (барем длабоко во себе). Себе-слушањето, спознавањето на сопствената кожа и следењето на сè што таа ни покажува, е веројатно најдобрата насока по која можете да тргнете ако сè уште талкате по производи, рутини и совети на социјалните мрежи.

СЕКОЈА КОЖА Е ПРИКАЗНА ЗА СЕБЕ

Без разлика дали е конвенционална или природна, козметиката е во меѓуоднос со нашиот организам. При изборот, прво е добро да го познавате сопственото тело и можните пречки за употреба на одредени состојки или финални производи. На пример, ако сте алергични на салицилна киселина, нема да ја користите во ексфолијанти и ќе ја избегнувате каде што се појавува во траги (во креми во кои може да служи како конзерванс). Нема да ја користите ниту за време на бременоста, освен ако немате зелено светло од лекар за да го сторите тоа. Во случај на преосетливост на есенцијални масла или екстракти, изберете креми кои немаат природни компоненти. Секоја кожа е различна, секоја има своја приказна и ефектот на секој чистач, серум или крем е на крај индивидуален.

НЕ МОРА ДА СОБИРАТЕ СЕ

Изборот на козметика денес е навистина обемен и јасно е дека новите производи со своите моќни состојки, формулации и намени можат да ве примамат да ги пробате. Меѓутоа, ако веќе сте пронашле рутина која совршено ви одговара и објективно сте задоволни од состојбата на вашата кожа – држете се до неа. Кожата не може да се навикне на дејството на производот, можат да се променат само нејзините потреби во зависност од надворешните и внатрешните фактори (временски услови, температура, УВ зрачење, нивоа на стрес, хормонални осцилации, навики во исхраната). Со задржување на рутината и овозможувате на кожата да се прилагоди на негата, буквално да покаже резултати, а на производите и активните состојки да постигнат одреден ефект, подолготраен од првите впечатоци.

ПОЧИТУВАЈ ЈА СВОЈАТА КОЖА И ДАЈ И ВРЕМЕ

Времето е клуч за сè, дури и за начинот на којшто работи нашата кожа. Познато е дека во просек се потребни околу 6 недели (или приближно 28 до 40 дена) за да се обноват клетките на кожата и со тоа да се затвори еден од нивните циклуси на постоење. За време на секој од овие периоди кожата флуктуира, нејзината состојба се менува, особено ако се земе во предвид менструалниот циклус. Сосема е нормално кожата да биде склона кон мастење пред менструацијата, а со тоа и на запушување на порите и појава на мозолчиња. Следењето на состојбата на кожата е особено корисно тука. Откако ќе ги препознаете фазите низ кои таа поминува (или воопшто телото како целина), ќе ви биде полесно да ги идентификувате потребите и да ја прилагодите рутината.

СТРПЛИВОСТ И ДОСЛЕДНОСТ

Времето е клучно и кога се воведуваат нови производи, или кога правите било каква промена во рутината. Покрај фактот дека на активните состојки им е потребен одреден „работен“ период за да го достигнат својот целосен потенцијал, на одредени активни состојки (ретиноиди, киселини) особено им е потребно ова време. На пример, салицилната киселина или ретиноидот ќе го забрзат бавниот циклус на размена на клетките, што на некоја кожа може да изгледа како влошување од претходната состојба или пак реакција на производот.

Но, не мора да значи дека е тоа. Фазата на чистење или т.н. purging е минлива состојба која можете да ја препознаете по тоа што неправилностите ќе се појават на карактеристични места, осносно на места каде се појавувале и претходно. Фазата на чистење може да трае од две недели до еден и пол месец (во зависност од самата кожа), а потоа по правило, доаѓа до прочистување и подобрување. Ако сте подготвени на оваа фаза, производите со активни состојки треба постепено да ги воведат (идеално е еден по еден), континуирано и доследно да се користат, технички според упатствата на производителот. Бидете трпеливи, следете ја кожата.

КАКО ИЗГЛЕДА ИНТУИТИВНАТА НЕГА ВО ПРАКСА

Да речеме дека рутината се состои од и дополнителни производи. Основата на рутината се производи за чистење на лицето, една крема според типот на кожата и СПФ. Сè останато што се додава на рутината е опционално и повеќе наменето за состојбите или потребите на кожата и може да се користи со метод на ротација.

На пример, дополнително имате хидратантен тоник, серум со хијалуронска киселина, ексфолијант и масло за лице. Во пракса, нивната употреба може да биде строго зацртана во одредени временски интервали, но може да биде и…погодивте, интуитивна. Ова значи дека во неделата кога кожата е, на пример, повеќе масна, ќе нанесете тоник и само тенок слој крем, а серумот ќе го нанесете наутро пред заштитата од сонце. Ако забележите полнење на порите, а во исто време на кожата и недостасува сјај, искористите го ексфолијантот ако треба двапати во таа недела – а наредната недела прескокнете го.

Ако пак, кожата е видливо сува и ослабена, иритирана од ветрот и зимските минуси, понудете и серум двапати на ден и дополнителен слој нега во вид на масло како завршен чекор во вечерната рутина. Истото важи и за заштитниот фактор. Заштитата од сонце е навистина неопходна и можеме да ја сметаме за најдобрата превенција од предвременото стареење на кожата во сите негови “луксузни” форми: дамки, брчки, губење на тонусот. Но, употребата на креми за сончање во пракса зависи и од контекстот. Ако планирате да останете на отворено неколку минути завиткани во шал и капа со половина од лицето покриена, а во исто време УВ-индексот е помал од 2, прескокнете го заштитниот фактор без каење.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.