Хиперпигментацијата е всушност промена на бојата на кожата како резултат на зголемената количина на меланин. Најчесто се реализира во форма на затемнети флеки или дамки на кожата. Но, ајде да навлеземе малку подетално…
Хиперпигментација на кожата - што е тоа?
Знаеме дека хиперпигментацијата е проблем со кожата што се реализира во форма на темни дамки.
Сепак, што смета во хиперпигментацијата? Не станува збор само за дамки што ќе ги добиете по случаен избор, оваа состојба исто така вклучува:
- старечки дамки
- сончеви дамки
- пеги
- флеки за време на бременост
- мелазма и сл.
Овие флеки на кожата се јавуваат како резултат на создавање на вишок меланин, кој потоа, условно кажано, се акумулира и се задржува на одредени места на кожата.
Меланинот е всушност она што го одредува нашиот тен, т.е. пигментација на кожата. Тогаш кога имате повеќе меланин, вашата кожа е потемна. Затоа тие места на површината изгледаат потемни од кожата што ги опкружува.
Но, ова не значи дека хиперпигментацијата вклучува само темни, кафени дамки. Напротив, овој феномен вклучува случаи на промена на бојата на кожата кои се манифестираат во форма на црвени, розеви или виолетови дамки или цели ленти на кожата.
ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА
Кожата може да ја менува бојата и структурата со текот на годините, па затоа на неа може да се формираат дамки во разни бои. Може да се појави хиперпигментација, црвенило, хипопигментација на кожата. Кога ќе видите кафени дамки на кожата, тоа е хиперпигментација.
Кафените дамки се потемни од остатокот на кожата и се забележуваат и најчесто тешко е да се сокријат со шминкa. Овие флеки можат да се појават каде било на телото, но најмногу се појавуваат на лицето. Некогаш се виновни УВ зраците, понекогаш генетиката, понекогаш лошата грижа. Сепак, од сè, сонцето е најголемиот виновник, бидејќи има акумулација на меланин. Колку ќе бидат темни дамките, зависи од тоа колку е длабоко меланинот во кожата.
Причини за појава на хиперпигментација:
- лоша исхрана
- отпорност на инсулин
- Адисонова болест
- хормонален дисбаланс
- хемиско оштетување на кожата
- порфирија
- габични инфекции
- автоимуна болест
- недостаток на витамини
- воспаление на крвните садови
- последица од пушењето
- реакции на лекови и сл.
ПРЕДЛОГ РУТИНА
НАУТРО:
1. Миење на лице
Како што имам кажано и пак ќе повторам – дали ќе миете лице само со вода или пак со некое средство како мицеларна пена / гел, зависи од вас. Оливал во својата понуда имаат неколку чистачи, со пристапна цена и супер квалитет.
2. После миењето на лицето, пак од вас и од тоа колку сакате да вложите во негата на кожата зависи; дали ќе применувате тонер или не.
Секогаш е пожелно, но продуктот кој наредно ќе го спомнам, е сепак по важен да се инвестира во него, зошто тој всушност, е тоа што ќе делува во третманот и превенција на хиперпигментацијата.
3. Тој продукт е добро познатиот 10%тен Витамин Ц серум на Оливал; кој се употребува наутро после миење на лице.
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс и неговата локална примена може да го намали оштетувањето на кожата предизвикано од сонцето и да ги намали првите знаци на стареење со зацврстување на кожата и намалување на брчките.
СОСТАВ НА ОЛИВАЛ ВИТАМИН Ц:
- Sodium Ascorbyl Phosphate – SAP – натриум аскорбил сулфат, естер на Витамин Ц кој е многу стабилен и за чие дејство е потребна рН средина од 5-7 ; што значи едноставно кажано, дека нема да даде нус појави ако се користи на сува или осетлива кожа, затоа што нема да се промени под дејство на рН на кожата, ниту пак овој серум ќе ја промени нормалната рН на неа. Ниту пак ќе доведе до иритации и појава на црвенило.
- МСМ или MethylSulfonylMethane која ќе го стимулира производството на колаген, со што ќе се намали длабочината на веќе постоечките брчки и ќе се спречи односно успори создавање на нови.
- Хијалуронска киселина која ќе ја хидрира вашата кожа и ќе го врати природниот сјај на вашето лице.
- Алое вера екстракт е исто така компонента на овој серум, застапена во солидни концентрации, кои на кожата би резултирале со намалување на воспаленија, хидратација и омекнувачко дејство.
Витамин Ц кремата на Оливал се базира на дејството на витамин Ц и негување од страна на масла од макадамија и бадем. Витамин Ц, како и кај Оливал Витамин Ц серумот, доаѓа во форма на стабилен и високо толериран натриум аскорбил фосфат (SAP). Тоа е форма на витамин Ц која е исклучително нежна за кожата, има одличен ефект против хиперпигментација и процедурални дамки, обезбедува антиоксидативно дејство, го изедначува тенот и го враќа сјајот на кожата. Поради неговото антиоксидативно дејство, се препорачува да се користи во утринска рутина со задолжителна употреба на SPF, но може да се користи и навечер.
4. Тоа што е важно да се напомене, а сме го кажале мал милион пати е примената на СПФ крема веднаш после витамин Ц, која ќе го “заклучи” серумот под кожата и нема да дозволи истиот да оксидира под дејство на УВ зраците. Со тоа серумот со витамин Ц ќе биде способен да ја изврши својата функција соодветно.
Кремата со заштитен фактор и витаминот Ц делуваат синергистички односно си го поддржуваат взаемното делување над кожата.
НАВЕЧЕР:
1. После двојното чистење на кожата; прво со маслен чистач (пр. Оливал Мицеларен раствор со масло од смил), проследено со истиот чистач (гел/пена) од утрото
2. Настапете со делување преку апликација на активна компонента.
Доколку сте почетник во третирањето на флеките, започнете со Оливал Серум против хиперпигментација со масло од шафран
Шафранот во својот состав се карактеризира со голема концентрација на витамини и антиоксиданси кои делуваат на различни начини и доведуваат до тоа шафранот како соодветно преработена состојка да ги има следниве дејства:
- Против-воспалително дејство со кое ќе ја смири иритираната кожа како и онаа кожа која е неправилно сончана односно “изгорена” од сонцето.
- Антифунгално дејство со што ќе делува директно како помош на третман на акни
- Осветлувачки особини кои се всушност и главните особини на шафранот, повторно ќе повторам; додаден како соодветно подготвен препарат во одредени продукти.
Покрај тоа продукти со шафран се одличен избор и за третирање на темни кругови околу очите.
Од друга страна, ако долго време се обидувате да се ослободите од хиперпигментациите и сте примениле различни начини за тоа, посегнете по Оливал Витамин РА серум, кој во својот состав содржи ретинАЛ (ретиналдехид) или форма на ретиноид која е појака од најпознатиот ретинОЛ.
За разлика од Оливал Витамин Р2 серумот, кој содржи ретинолни естри и ресвератрол, овој серум во својот состав содржи ретиналдехид и астаксантин и баш поради првите букви од овие две соединенија го има добиено името Витамин RA серум.
Ретиналдехид е форма на ретиноид што покажува исклучително добро дејство против предвремено стареење на кожата и неправилности во форма на акни (особено кај возрасни личности). Голем број студии покажале дека тој е единствениот во групата на ретиноиди, кој со локална апликација на кожа, обезбедува антибактериска активност против грам-позитивни бактерии како што се S.aeureus, Micrococcus spp. или патогени микроорганизми поврзани со развој на воспалителни состојби како што се акните.
Витамин РА серумот:
– Забрзува размена на клетките на кожата (старите ги заменува со нови и здрави клетки)
Нормалната замена на клетките на кожата се случува за 28 дена. Со примена на ретиналдехид, овој период ќе се скрати за околу 14 дена. Со самото тоа, ќе се забрза регенерацијата на кожата и ќе почне намалувањето на видливоста на неправилностите на кожата.
– Ја подобрува текстурата на кожата
Преку процесот на забрзана замена на стари и нефункционални клетки, со нови и здрави клетки, кожата ќе започне да го добива својот природен сјај и свеж изглед.
– Помага да се исчистат порите
Како што ќе ги отстранува мртвите клетки од кожата, кои за себе врзале нечистотии така оваа супстанција ќе ги чисти порите и со самото тоа после извесен период од неговата примена ќе се намали нивниот дијаметар. Од друга страна, ретиналдехид балансира создавање на масло од страна на кожата и со самото тоа, уште еден фактор кој ги полни порите е намален односно е под контрола.
– Зголемува продукција на колаген и со тоа се намалува појавата на брчки
Новите клетки кои од длабоките слоеви на кожата, ќе дојдат на нејзината површина се карактеризираат со добра функција. Под добра функција, се подразбира и подобрената продукција односно создавање на колаген, кој е важен за пополнување на брчките и фините линии на кожата.
Покрај ретиналдехид, како што напоменав на почетокот, овој серум содржи и астаксантин.
Астаксантинот е еден од најмоќните природни антиоксиданти и спаѓа во каротеноиди. Тој е од 10 до 100 пати посилен од витамините Ц и Е. Главната особина, поради која е формулиран во овој серум заедно со ретиналдехид е да намали боја на веќе присустни флеки и да спречи појава и формирање на нови.
Астаксантинот ја штити кожата од флеки, предизвикана од изложеност на УВ зраци така што ја забрзува нејзината регенерација, со резултат здрава и сјајна кожа. Тој исто така против хиперпигментација делува и со потиснување на производството на меланин во кожата и контролирање на неговото таложење во клетките.
Тоа што е важно за овој серум е да се аплицира 10 минути после чистење на лице и после неговото нежно масирање на лицето, повторно да почекате 10 минути и да продолжите со хидратација.
3. На ред, после чистење на лицето и третирање со активна компонента, доаѓа хидратацијата и во овој случај стандардната хидратантна крема може да ја замените со Оливал Омега еликсир.
Главна карактеристика кај овој серум е кратката листа на состојки кои ги содржи. Кратко и јасно, во него има неколку работи кои се од особено големо значење за кожата, како што се:
– Сквалан (squalan) кој е всушност носителот на дејството на овој серум, како и носител на името (омега еликсир) затоа што скваланот се добива од маслиново масло и е богат со oмега-3 & oмега-6 масни киселини, па така, претставува природен антиоксиданс. Сквалан се карактеризира со намалување на воспаленијата на кожата, ја одржува нејзината влажност и посредува во отстранување на мртвите клетки од кожата.
Одлично се поднесува од страна на речиси сите, па дури и оние лица кои имаат хронични проблеми со акни.
– Масло од чиа
Истo како и скваланот и маслото од чиа семенки е богато со oмега-3 & oмега-6 масни киселини кои имаат огромно позитивно дејство врз кожата. Баш поради присуството на омега-3 & омега-6 масни киселини, маслото од чиа семе е идеално и супериорно за хидратација на кожата без оставање на масни траги.
Омега 3 масните киселини имаат антивоспалително дејство со што помагаат во смирување и нега на иритираната или воспалена кожа. Дополнително, маслото од чиа содржи и состојки со антиоксидативно дејство (како цинкот), што ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од оксидативниот стрес (штети предизвикани од надворешните фактори како загадениот воздух, ув зраците од сонцето и др.)
Дополнително, овој Омега еликсир на Оливал во својот состав содржи и:
а) масло од малина – намалува воспаленија од акни на кожа, хидратација, штити од штетните надворешни влијанија)
б) масло од авокадо – хидратација на кожа, особено добар избор ако имате егзема, псоријаза и розацеа)
в) масло од evening primrose (првата утринска ружа) – е масло кое спречува појава на акни особено онакви чија состојба се влошува за време на ПМС.
Исто така одличен избор за кожа склона кожа розацеа и атопичен дерматит.
Објавено од @magnolia.glamour