Кошничката е празна.

Top

Ако ги прашаме експертите која е една од највредните состојки во нашата кожа, верувам дека повеќето би рекле дека тоа е хијалуронската киселина.

Многумина ги нарекуваат нејзините молекули „магични“ заради широкиот спектар на делување и заради начинот на кој хијалуронската киселина влијае на нашето тело и кожа.

ШТО Е ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

По својот состав хијалуронската киселина е полисахарид (јагленхидрат) и се наоѓа природно во човечкото тело. Во поголеми количини, се наоѓа помеѓу клетките на кожата, каде што обезбедува хидратација, цврстина и еластичност на кожата.

Исто така, хијалуронската киселина обезбедува побрзо заздравување и регенерација на кожата. Причината за ова е можноста на хијалуронска киселина да ја врзува водата сама по себе и со тоа да ја одржува кожата „затегната“, хидрирана и млада со природен сјај. Сите ние сме родени со високо ниво на хијалуронска киселина, која се намалува во текот на животот. 

Губењето на молекулите на хијалуронска киселина доведува до: 

  • губење на хидратација, 
  • губење на еластичност на кожата,
  • формирање на брчки на кожата околу очите и устата

Првите знаци на дехидрација и стареење на кожата кај жените почнуваат да се забележуваат околу 25 годишна возраст.

Разликата помеѓу хијалуронска киселина и колаген

Кожата е најголемиот орган во човечкото тело што сочинува околу 15% од телесната тежина, а приближно 50% од хијалуронската киселина во нашето тело се наоѓа токму во кожата.  

Хијалуронската киселина и колагенот се неопходни за одржување на слоевите и структурата на кожата. Колагенот и дава цврстина на кожата, но хијалуронската киселина е таа која го храни и хидрира колагенот.

Колагенот е како една гумена лента, но замислете да ја истегнете таа гумена лента милион пати, како што правиме со нашата кожа (при гестикулации) на која и е потребна влага. Сега споредете со тоа да ја истегнете истата гумена лента милион пати под вода. Шансите за сушење и пукање на гумената лента се минимални под вода. Хијалуронската киселина е течност што го одржува колагенот влажен и еластичен.

Како што старееме, телото ја губи можноста да одржува една иста количина од хијалуронска киселина во кожата. Како што се намалува нивото на хијалуронска киселина во кожата, се намалува и можноста на кожата да задржи вода. Резултатот на тоа е кожа која станува сува и ја губи можноста да одржува хидратација. Хијалуронска киселина го исполнува просторот помеѓу сите клетки со вода и со тоа ја одржува кожата без брчки. Хијалуронската киселина претставува желатинозна супстанција (лубрикант), која природно се наоѓа во секој дел од нашето тело. 

Функции на хијалуронската киселина: 

  • Задржува колаген, 
  • Зголемува влажност
  • Обезбедува еластичност и флексибилност на ткивото и кожата. 

Таа има способност да ја врзува водата и да ја чува во длабоките слоеви на кожата. Еден грам хијалуронска киселина, може да врзе до 6 литри вода. 

 

Како што спомнавме, со текот на годините, како телото расте и почнува да старее, концентрацијата на хијалуронската киселина почнува да опаѓа. 

Како и за останатите продукти наменети за апликација на кожа, така и за хијалуронска киселина важи правилото, прво да се стават неколку капки на дланка (каде што ќе дојдат во контакт со човековата телесна температура), по што ќе се нанесе на лицето и тоа на ПОЛУВЛАЖНА КОЖА. 

Нанесувањето на хијалуронската киселина, на полувлажна кожа, после чистење на лицето е од особена важност за упивањето на истата и навлегувањето во клетките. 

Нус ефект на хијалуронската киселина, честопати, знаат да бидат иритациите на лицето кои резултираат со црвенило, чешање, чувство на сувост. 

Зошто се случува тоа? 
Една од причините е тоа што сте ставиле серум со хијалуронска киселина, меѓутоа не сте го заштитиле серумот со соодветна крема која ќе содржи керамиди, на пример. 
Во случаи кога, хијалуронската киселина се употребува самостојно, без “заштитен слој” над неа, тогаш таа не само што нема да привлече вода во клетките, туку ќе ја земе со себе и во себе и онаа вода која ја имало веќе во нив. 

ОЛИВАЛ ХИЈАЛУРОН ХИДРАТОР 4Х

Тоа што го прави овој серум поразличен е неговиот комплексен состав, кој ќе овозможи продирање на хијалуронската киселина во сите слоеви на кожата, притоа надополнувајќи го нејзиниот губиток и создавање на залиха која во текот на 24 часа постепено ќе се ослободува и ќе надополнува и најмал % на загубена хијалуронска киселина (најчесто, испрарена во атмосфера). 

Концентрираниот хијалуронски хидратор 4H е создаден за длабинска (ре)хидратација на сите типови кожа. Тоа е производ од серумски вид кој во својот состав содржи 4 вида на хијалуронска киселина: 

  • Sodium Hyaluronate crosspolymer 
  • Sodium Hyaluronate 
  • Sodium Acetylated Hyaluronate 
  • Hydrolyzed Sodium Hyaluronate 

Кои се меѓусебно поврзани во форма на мрежа (cross-linked) која продира длабоко во слоевите на кожата и се искачува се до stratum corneum. (прикажано на сликата)

Оливал Хијалурон Хидраторот 4Х исто така содржи:

  • Полиглутаминската киселина

Полиглутаминската киселина ја задржува „создадената“ хидратација, создавајќи невидлива заштитна бариера на површината на кожата, спречувајќи ја таа вода која овој серум ја носи до длабочината на кожата да испари (транспедидермално губење на влагата). Дава чувство на моментално олеснување и освежување во форма на решавање на чувството на затегнатост. Обезбедува видливо измазнета, свилена текстура на кожата, го штити од надворешни влијанија и ги смирува воспалителните процеси.

  • Ектоин

Ектоин, еден вид на аминокиселина, е исклучително добар во смирување на воспаленија и ја зајакнува природната отпорност на кожата, што го прави одличен за луѓето со нарушена хидролипидна бариера.  Го поддржува ефектот на хидратација и ги ублажува ефектите од изложеноста на надворешни влијанија, особено UVA зрачење.

  • Провитамин Б5 (пантенол)

Пантенолот обезбедува дополнителна грижа за кожата, мекост и еластичност, го поддржува дејството на активните супстанции и го заокружува целокупниот навлажнувачки и обновувачки ефект на производот. Поради витаминот В5 во својот состав, овој серум може да го употребуваат сите видови на кожа, па дури и најосетливата. 

 

Објавено од @magnolia.glamour

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.