Кошничката е празна.

Top

Кога помислувате на витамин Ц, веројатно мислите на енергија, добар имунитет, здравје. Но, покрај тоа што е добар за целото тело, витаминот Ц буквално ќе ви помогне да се чувствувате одлично во вашата кожа.

СОСТАВОТ Е КЛУЧOT ЗА ЕФИКАСНОСТ

Придобивките од витамини во нега на кожата и решавањето на нејзините специфични потреби се нашироко познати, така што составот на производите сè повеќе содржи витамини А, Б5, Б12, Е. Иако витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, со години е вистинска ѕвезда на витаминската нега на кожата поради неговото брзо и разновидно дејство, за неговата ефикасност всушност е клучна формулацијата на самиот производ. Со разновидното истражување и искуство со текот на годините, формулациите со витамин Ц станаа постабилни, понежни, а кремите и серумите поефикасни.

ВАЖНА Е И КОЛИЧИНАТА НА ВИТАМИНИ

Иако докажано ја подмладува кожата на секој начин, аскорбинската киселина е многу нестабилна активна супстанца. Што точно значи тоа? Покрај тоа што при контакт со кислород може да оксидира и резултира со очигледно затемнување на серумот, оваа форма на витамин Ц може да предизвика контраефект во форма на иритација, црвенило и оштетување на кожата. Исто така, аскорбинската киселина е целосно ефикасна само во високи концентрации, и тоа додека не оксидира, што обично се случува дури и пред да се потроши целото шишенце серум.

СТАБИЛНА ФОРМУЛА = БЛЕСКАВА КОЖА

Експертите во развојот на производи за нега на кожата одговорија на предизвикот со деривати на витамин Ц, како што се магнезиум аскорбил фосфат, аскорбил палмитат, аскорбил глукозид, тетрахексилдецил аскорбат и меѓу нив најпознатиот и веќе добро истражуван – натриум аскорбил фосфат (SAP). Овој дериват или естер на витамин Ц е заштитен од оксидација. Сам по себе е неактивен, но со навлегување во подлабоките слоеви на кожата и дејството на ензимите, се ослободува чист витамин Ц. Оваа реакција е специфична по тоа што не е моментална, туку трае, што всушност придонесува за продолжено дејство на самиот козметички производ. Формулациите со оваа форма на витамин Ц се многу стабилни, отпорни на оксидација, нивната текстура не се менува и не потемнува, дури и на собна температура. Што е најважно, производите што содржат SAP (или кој било друг дериват) се многу нежни за кожата, не предизвикуваат иритација и црвенило и ефикасно ја освежуваат, прочистуваат и изедначуваат, спречувајќи предвремено стареење на кожата.

КОЛКАВА PH, ТОЛКАВА ДЕЛОТВОРНОСТ

Поради изразената нестабилност на аскорбинската киселина, треба да и се обезбеди добра „средина“, односно pH од 2,0 до 3,0. Таквата киселост на производот добро ја поднесуваат типовите на кожа веќе навикнати на активните супстанции, како и нормалната и масна кожа, но за чувствителната, сува и реактивна кожа, таквиот крем или серум многу веројатно нема да одговара. Од друга страна, дериватите на витамин Ц како SAP, имаат идеална pH средина некаде помеѓу 5,0 и 7,0, што ги прави стабилни во формулацијата, ефективни на кожата и доволно нежни за баш сите типови на кожа.

ВНИМАТЕЛНО БИРАЈТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ

Покрај стабилната форма на витамин Ц и добро погодената pH вредност, од голема важност е формулацијата да се состои и од други комплементарни, но истовремено хранливи материи. Покрај тоа што содржи витамин Ц во форма на стабилен и нежен натриум аскорбил фосфат и точно определена pH вредност од 6,4, ефикасноста и антиоксидативното дејство на Оливал Professional Витамин Ц серумот дополнително го зајакнуваат, хијалуронската киселина, МСМ и алое вера. Концентрацијата од дури 10% естер на витамин Ц докажано ја намалува видливоста на хиперпигментацијата и оксидативниот стрес на кожата, ги ублажува првите брчки, ја зајакнува еластичноста и цврстината на ткивата и и дава на кожата прекрасен природен сјај.

Витамин Ц серумот може да го пронајдете тука.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.