Кошничката е празна.

Top

Ако сакате да имате здрав тен и негувана кожа на лицето, во вашата секојдневна рутина треба да внесете нешто повеќе од миењето на лицето само со вода. Најдобриот начин за отстранување на сите нечистотии е секако мицеларниот раствор кој со техниката на двојно чистење ќе ви донесе беспрекорен и здрав тен.

МИЦЕЛАРНИОТ РАСТВОР ОМИЛЕН ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ

Можеби нема да забележите, но дури и ако го поминете денот во затворен простор, на лицето се „лепат“ честички нечистотија што може да му наштетат на тенот, но и на здравјето на кожата на лицето. Дека е навистина така, најдобро ќе се убедите кога на крајот на денот ќе го поминете лицето со памукче натопено во средство за чистење на лице. Без оглед на тоа што не сте се шминкале и не сте биле никаде, памукчето ќе биде сиво-кафеава боја од нечистотија.

Баш поради тоа, неопходно е секој ден да се отстранува овој слој на нечистотија, со цел, да не се акумулира во порите а потоа да ги затвори и да ви предизвика непријатности. Затоа е најдобро секој ден вашето памукче да го топите со мицеларен раствор.

Иако мицеларните раствори станаа многу популарни пред неколку години, нивната моќ е откриена уште во 1913 година во Франција. Имено, тогаш еден од најголемите проблеми за нега и чистење на кожата била тврдата вода бидејќи го намалувала дејството на сапуните и детергентите.

Сето тоа доведува до развојот на мицеларниот раствор. Негови главни состојки се мицели, односно молекуларни агрегати кои на едниот свој крај „не сакаат“ вода, а на другиот маснотии. Бидејќи тие не се растворени целосно во вода, мицелите многу добро привлекуваат маснотии и нечистотии на себе. Затоа мицеларните раствори се омилени препарати во козметичката индустрија.

ИЗБЕРЕТЕ МИЦЕЛАРЕН РАСТВОР ПРЕМА ПОТРЕБИТЕ НА КОЖАТА

Додека козметичките орманчиња во скоро секоја бања се полни со различни тоници, влажни марамчиња и слични средства за чистење на лицето, факт е дека откако ќе пробате мицеларен раствор, тешко дека ќе продолжите да живеете без него.

Мицеларните раствори се помалку ја иритираат кожата отколку другите производи наменети за чистење на лицето. Покрај тоа, во својот состав обично не содржат алкохол, не ја сушат кожата, а од друга страна, тие се доволно силни за да ги отстранат сите нечистотии. Мицеларните раствори може да се користат како средства за отстранување шминка, чистење на лицето или хидратација.

Кога станува збор за избор на мицеларен раствор, најдобро е да изберете според потребите на вашата кожа. Некои се наменети за масна и комбинирана кожа на лице, додека други се добри за сите типови. Секако изберете мицеларен раствор кој е богат со природни состојки кои дополнително ќе ја хранат вашата кожа.

За да му овозможите најдобра можна нега на вашето лице, употребата на мицеларниот раствор „зајакнете“ ја со техниката на двојно чистење.

ДВОЈНО ЧИСТЕЊЕ ЗА БЕСПРЕКОРЕН ТЕН

Благодарение на двојното чистење на лицето, ќе отстраните два вида нечистотии од кожата. Првиот тип се нечистотии базирани на масло, односно шминка и себум, а вториот тип се нечистотии базирани на вода – бактерии, мртви клетки на кожата и слично.

Кога станува збор за редоследот на нанесување na козметички препарати, најдобро е прво да се користи оној кој ја отстранува шминката, а потоа козметички производ кој ги отстранува мртвите клетки на кожата и остатоците од шминката. Значи, најдобро е прво да го користите мицеларниот раствор, а потоа и производот за вториот чекор на чистење – миење, во зависност од типот на кожата.

Мицеларниот раствор со масло од смил ефективно ја отстранува нечистотијата од лицето и понежната шминка, додека Мицеларниот раствор 2во1 од смил е доволно силен за да ја отстрани водоотпорната и појака шминка. Двата раствора истовремено се доволно нежни за да ја освежат кожата и да и ја вратат нејзината мекост. Откако ќе го исчистите лицето со некој од нив, измијте ја кожата со Мицеларен гел со масло од смил (комбинирана и масна кожа) или Мицеларна пена со масло од смил (сува и чувствителна кожа), кои се дополнително збогатени со алое вера.

Овој начин на чистење на лицето се препорачува да се прави навечер бидејќи сигурно не сакате да го започнете вашиот beauty sleep со остатоци од нечистотии на лицето.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.