Кошничката е празна.

Top

Микроексфолијантот е иновативен пилинг за сите типови на кожа, кој темелно чисти, ја изедначува бојата на тенот, поттикнува мазност и буди здрав сјај на кожата.

АКТИВАЦИЈА ВО ДОПИР СО ВОДА

Микроексфолијантот е своевиден „хибрид“ од два вида на пилинг, механички и хемиски. Спојувајќи ги физичката и хемиската ексфолијација, овој пилинг на вашето лице (и деколте) воедно му овозможува и ефективно чистење на мртвите клетки од кожата и продолжено противвоспалително дејство.  Во допир со вода, текстурата на пилингот која е во форма на бел прав, преминува во кремаста, густа паста која се нанесува на влажно лице со нежни кружни движења, потоа се измива со млака вода, а кожата ја остава чиста, мазна и спремна за следниот чекор од рутината.

СИЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА И ЗРНЦА ОД РИЦИНУСОВ ВОСОК

Ефектот на хемискиот пилинг и продолженото противвоспалително дејство се должи на салицилната киселина во застапеност од 1% кој е поднослив за скоро секој тип на кожа. Салицилната киселина, добиена од салицин кој потекнува од кора на бела врба, претставува бета-хидрокси киселини (BHA). Обично се користи во медицински препарати, но покрај позитивното делување врз организмот, салицилната киселина има докажано позитивно дејство и врз кожата.

На прво место е секако кератолитичкото дејство, што значи дека го стимулира лупењето на мртвите клетки на кожата и „открива“ чист тен. Бидејќи ги смирува воспалителните процеси и обезбедува антисептички и комедолитички ефекти, салицилната киселина е идеална активна супстанција за третман на кожа склона кон акни, митесери и комедони. Длабински ги чисти порите, го спречува нивното затворање и го балансира лачењето на природната масленост на кожата. Со подолга примена, салицилната киселина исто така придонесува за ублажување на видливоста на постепените флеки и хиперпигментацијата.

Физичката, односно механичка ексфолијација на Микроексфолијантот се должи на природните зрна од рицинусов восок. Со користењето на зрна од растително потекло, постигната е нежноста при примената на самиот производ, но исто така се испочитувани и стандардите за „зелена хемија“, според кои не е пожелно да се користи микропластика во формулацијата на производите.

НЕГА СО БИОТИН И АЛАНТОИН

Покрај активните пилинг компоненти, Микроексфолијантот содржи низа на хранливи состојки како витамин Х (биотин) и алантоин. Биотинот е витамин од исклучителна важност за организмот кој е растворлив во вода и служи како коензим во различни процеси во организмот. Алантоинот, од друга страна, е супстанција која придонесува за омекнување на површинскиот слој на кожата, правилна хидратација, регенерација и мазност на тенот. Секој за себе, но особено во комбинација, овие состојки се исклучително важни за здравјето и убавината на кожата.

ДОВОЛНО Е ДА ГО КОРИСТИТЕ 3 ПАТИ ВО НЕДЕЛАТА

Микроексфолијантот се препорачува да се користи навечер до 3 пати во неделата за сите типови на кожа, со исклучок на почувствителна кожа, кожа склона кон капиларни промени, розацеа и слични состојби, каде пилингот се користи еднаш во неделата. Лицата чувствителни или алергични на салицилна киселина во составот не смеат да го користат Микроексфолијантот, а посоодветна варијанта на пилинг можете да најдете во производите како што се Оливал Хранлив пилинг со масло од смил или Оливал Активен пилинг со масло од смил.

Исто така, употребата на Mикроексфолијант не се препорачува за оштетена, иритирана и видливо воспалена кожа со отворени ранички. Поради дејството на салицилна киселина, можна е појава на мало чувство на пецкање, што е знак за активно дејство на оваа супстанца. Доколку чувството на пецкање стане интензивно и се појави воспалување, производот треба веднаш да се исплакне и да се прекине со употребата. Со цел да се провери толеранцијата на производот на кожата, добро е да се направи тест на подлактицата пред да се користи на лицето, а воедно треба да се избегнува паралелна употреба на производи со киселини во својот состав. Доколку го користите Микроексфолијантот, во текот на денот се препорачува да се нанесе крема со заштитен фактор. Сите љубители на козметиката без состојки од животинско потекло ќе бидат воодушевени од фактот дека Mикроексфолијантот е со вегански состав.

Нарачајте го вашиот Оливал Микроексфолијант тука 

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.