Кошничката е празна.

Top

Оливал Хијалурон Хидраторот 4Х брзо стана омилен производ за рехидратација на кожата. Поради исклучителната концентрација на состојки кои привлекуваат вода, се нанесува на влажно лице. За кожата да биде подобро подготвена за хидраторот, Оливал го создаде Хидро тоникот и заедно ги спакува во новиот Professional сет 4Х, во кој се наоѓа и gua sha камен за масажа на лице!

ХИДРИРА, ОБНОВУВА, ЈА ЧУВА КОЖАТА

Хидро тоникот е нежен производ со течна, проѕирна текстура и малку жолтеникава боја која потекнува од природните екстракти. Тоникот е pH оптимизиран, односно ја „следи“ природната pH киселост на кожата. Идеален е како прв чекор за нега по чистење на лицето, и пред хидратантните серуми, креми и/или масла. Исклучително добро влијае на кожата по ексфолијација и пред нанесување серуми богати со хијалуронска киселина. Одличен е за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и чувствителната, а воедно содржи моќна комбинација на состојки кои заедно ја хидрираат, ја враќаат мекоста на кожата и ја подготвуваат за серумска нега.

Во први редови е бета-глуканот. Овој полисахарид (сложен јаглехидрат) е хумектанс, односно, ја привлекува водата на своите молекули и на тој начин ја хидрира кожата. Често е присутен како додаток во исхраната за зајакнување на имунитетот бидејќи ја стимулира способноста на нашето тело да се брани од патогени, но на кожата има повеќе својства. Покрај тоа што помага да се врати потребната влага, го ублажува клеточното оштетување, има регенеративно и смирувачко дејство со што се заштитува хидролипидната бариера од сите еколошки фактори на кои кожата е секојдневно изложена.

ЕКСТРАКТ ОД globularia alypum, БЕТАИН, АЛАНТОИН, АЛОЕ ВЕРА ....

Покрај бета-глуканот, хидро тоникот во својот состав има и други негувателни состојки како екстракт од лисјата на растението Globularia alypum. Специфичното зимзелено растение потекнува од фамилијата на трпушевки и интересно е што расте во целиот Медитеран, па така и во Хрватска. Овој екстракт е избран и поради неговото потекло и поради неговото дејство. Зборот Globularia се однесува на тркалезен цвет со интересна сина боја, поради што ова растение е наречено и „сина маргаритка“, а alypum во превод значи „смирува болка“. Екстрактот од лисјата на ова растение има исклучителни антивоспалителни својства. Богат со полифеноли, ја смирува иритираната, реактивна и чувствителна кожа, а експетиментите покажуваат дека обезбедува природен антибактериски и исклучителен антиоксидативен ефект. Овој екстракт, како и екстрактот од алое вера, се одговорни за жолтеникавата боја на тоникот.

Хидро-тоникот исто така го содржи добро познатото тројство навлажнувачи – бетаин, алантоин и глицерин, како и фитинска киселина. Оваа киселина е дел од групата на АХА киселини, а се добива од мешунки, ориз и семиња. На кожата има кератолитичко дејство, но овој тоник никако не делува како ексфолијант, туку како хелатор и помага да се намали влијанието на тврдата вода од чешма на кожата.

ОД РУТИНА ДО РИТУАЛ СО МАСАЖА НА ЛИЦЕТО

Покрај веќе добро познатиот Хијалурон Хидратор 4Х и Хидро Тоникот кој засега е ексклузивно достапен само во сетот, Оливал Professional сетот 4Х  доаѓа и со подарок – gua sha камен, за масажа на лице. Изработен од вистински розев кварц, поради што секој камен е посебен по својата боја и текстура, gua sha е идеален додаток во вашата рутина за утринска или вечерна нега. Покрај фактот дека самата масажа има исклучително релаксирачки ефект врз мускулите на лицето (особено во областа на вилицата, која честопати е напната), овој домашен третман ќе помогне во зајакнување на циркулацијата, намалување на натеченоста и генерално за посвеж тен на кожата.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.