По долг и напорен ден, само сакаме да се опуштиме. При тоа, секако не ги прескокнуваме чекорите за нега на лицето, но се трудиме целиот процес на чистење, тонирање, хидрирање и наменска нега да не трае премногу долго.
Пудрата, маскарата, руменилото и карминот најчесто ги отстрануваме со навидум практични марамици за отстранување на шминка или уште почесто, со гел за миење лице. Но, дали е тоа доволно?
ТАЈНАТА НА ЧИСТА (И ЗДРАВА) КОЖА ЛЕЖИ ВО ТЕМЕЛНОСТА
Можеби веќе знаете, но добро е да се повтори; мит е дека кожата мора да ја триеме со прстите за навистина да биде чиста. Доколку почувствувате затегнатост на лицето веднаш по миење и сушење, особено при движење на усните и веѓите, многу е веројатно дека покрај нечистотиите, сте ја извекле и многу потребната влага од порите.
Друг мит е дека геловите и пените се користат за отстранување на шминка. Всушност, ваквиот вид на производи се користат во вториот чекор на чистење, по отстранување на шминката, во моментот кога сите остатоци од пудрата и маскарата ги измиваме од лицето.
Едно е сигурно – со примена на брзи решенија и агресивни производи за чистење на лицето, нема да почувствувате позитивни промени на вашата кожа, туку само долгорочно оштетување. Наместо тоа, инвестирајте во квалитетни, нежни производи прилагодени на типот и состојбата на вашата кожа, но одвојте и неколку минути повеќе за двојно чистење на лицето.
ПРВО ОТСТРАНЕТЕ ЈА ШМИНКАТА И НЕЧИСТОТИЈАТА
Секoja утринска или ноќна рутина за нега на лицето треба да започне со квалитетно чистење. Зависно од временскиот период во денот, кожата го ослободува акумулираниот себум, остатоците од ноќната нега, декоративната козметика, но и ситната нечистотија од воздухот. Оливал Мицеларниот раствор со масло од смил е доволно нежен, но и ефикасен за штотуку разбудената кожа, сè уште неоптоварена со шминка. Поминете ја кожата со некоку потези, а потоа задолжотелно исплакнете ја со вода.
Доколку користите водоотпорна маскара или кармин, на крајот од денот најлесно ќе ги отстраните со двофазниот Оливал Мицеларен раствор 2во1, збогатен со природно масло од сусам и етерично масло од смил.
Со еднаш натопено памукче (или крпа) и неколку потези ќе ги исчистите трепките, областа околу очите, усните и остатокот од лицето. Мала количина од производот втријте ја во потешко достапните области, како онаа околу носот, и масирајте се додека производот не добие млечна боја.
СЕГА ДЕТАЛНО ПРИПРЕМЕТЕ ЈА КОЖАТА ЗА ПОНАТАМОШНА НЕГА
Вториот чекор всушност претставува малку подлабоко, потемелно чистење. Покрај растворените остатоци од производот за отстранување на шминка и самата шминка, сега кожата ја ослободувате од сите масти и нечистотии кои секогаш остануваат малку подлабоко во порите.
Тука клучен момент е правилниот избор на производи за чистење. Изберете според потребите на вашата кожа, така што за комбинирана и масна кожа изберете го Оливал Мицеларниот гел со масло од смил, а за сува и чувствителна Оливал Мицеларната пена со масло од смил. Покрај тоа што ја чистат кожата без да ја исушат и затегнат, тие се збогатени со вредни состојки кои имаат голем удел, како што се маслото од смил и алое верата кои длабински ја хранат и ја смируваат кожата.
Навлажнете го лицето, нанесете пена или гел, нежно масирајте и исплакнете. Со цел производот подобро да го вмасирате во кожата можете да го користите вашиот омилен уред за чистење на лице, сунѓерче или пак, само вашите прсти. Исплакнете со млака вода, вишокот од вода отстранете го со лесно тапкање со чиста крпа и нанесете тоник. Вашата кожа ќе заблеска, а секоја од нејзините пори ќе биде прочистена и подготвена за подобра, подлабока апсорпција на производите што следуваат – серуми.