Кошничката е празна.

Top

Брчките се природна појава во текот на хронолошкото стареење, но со таргетираната нега на лицето можеш да ја успориш нивната појава. Дали знаеш дека уште во дваесетите години се препорачува превентивна нега на лицето? Дали знаеш дека кожата тогаш почнува да ја губи еластичноста, а синтезата на колагенот значително се намалува?

Ако си 20+ и ја читаш оваа статија, време е и ти да почнеш со примена на правилна нега на лицето! Во продолжение ти носиме едноставни насоки за таргетирана нега со која може да се успори (или дури и долгорочно да се спречи) појавата на брчките.

ЗА ПОЧЕТОК, ФОКУСИРАЈ СЕ НА ЧИСТЕЊЕ

Вечерната рутина би требала да започне со чистење на лицето, како би се отстраниле сите нечистотии што се насобираат во текот на денот. Правилното чистење на лицето е најважниот чекор во рутината, бидејќи правилното чистење делува на видливоста на порите, но и на самата текстура на кожата.

Двојното чистење или DC (double cleanse) е незаменлива метода за чистење на лицето. Зошто? Затоа што е апсолутно генијална! Маслениот чистач како прв чекор буквално ги топи шминката и филтрите од СПФ, како и себумот од кожата. Гелниот чистач како втор чекор ги отстранува остатоците од нечистотијата кои инаку би останале на површината на кожата, а многу веројатно е и да се вратат назад во порите.

Маслениот чистач се нанесува со дланките директно на суво нашминкано лице и се вмасирува нежно со прстите барем 1 минута. Така, од топлината на самата кожа се топат сите нечистотии, а со масажата ја поттикнувате и циркулацијата. При изборот на чистачи потребно е да ги прилагодиш на својот тип на кожа.

НЕ ЗАБОРАВАЈ НА СПФ

Заштитен фактор треба да се нанесува низ целата година, не само во летните месеци. Покрај тоа што ја штити кожата од малигни заболувања, делува и против предвремените знаци на стареење во вид на: губење на тонусот, ситни линии, брчки и хиперпигментација. Може да се каже дека СПФ е најдобрата anti-age нега затоа што е најефективна превенција.

Соодветна заштита од УВА и УВБ зрачење е можна само со наменски производи, што ги исклучува кремите и пудрата со заштитен фактор. Декоративната козметика најчесто не содржи филтри од широк спектар и обично не се нанесуваат во доволна количина која навистина би штитела од сонце.

Се препорачува СПФ да се нанесува во обилна количина, а потребната количина можеш да ја утврдиш со претходно нанесување на прстите, односно од коренот до врвот на јаболчната коска на показалецот и средниот прст. Не заборавај, штетата од сончевите зраци е можна и во затворен простор со прозорци, бидејќи УВА зраците кои влијаат на стареење на кожата и појава на брчките, поминуваат низ стаклото. Немој да користиш разни митови за СПФ како оправдување, наместо тоа, во својата рутина вклучи заштитен фактор.

ПОТПРИ СЕ НА АКТИВНИТЕ СОСТОЈКИ

Целовкупна рутина за нега на лицето ќе постигнеш со воведување на состојки кои таргетирано дејствуваат на одредени појави на кожата. Секоја состојка има специфично својство, па потребно е да го прилагодиш серумот или емулзијата на твоите потреби. Обично серумите се најбогати со активни состојки. Се нанесуваат по чистење на лицето, пред хидратантна крема.

Витамин Ц е активна состојка која и дава антиоксидативна нега на кожата, а делува и на хиперпигментациските флеки преку изедначување на тенот. Витамин Ц серумот во комбинација со хијалуронска киселина го враќа природниот младелашки сјај на кожата.

За обнова на тонус и цврстина на кожа, одбери серум со пептиди. Пептидите ја поттикнуваат клеточната регенерација, а со тоа ги ублажуваат знаците на предвременото стареење. Пептидниот серум П го намалува губењето на цвртсината, еластичноста и влагата.

За долгорочно да делуваш на брчките и ситните линии, во рутината вклучи ретинал. Станува збор за дериват на витамин А, за кој е потребно бавно воведување во рутината. Витамин Р2 серумот е погоден за почетници во негата со ретиноиди, додека Витамин РА серумот е наменет за оние со поотпорна коќа. За разликите меѓу овие два серума можеш да прочиташ во нашиот водич тука.

РЕЗУЛТАТИТЕ НЕ ДОАЃААТ ПРЕКУ НОЌ

Откако ќе ја составиш својата рутина за чистење и нега на лицето, потребна е истрајност и упорност. Резултатите нема да бидат видливи по првото користење на новововедените производи. Потребно е одредено време за резултатите да бидат видливи. Доследноста во рутината доведува до убав и чист тен! Еден од советите кој треба да го послушаш е да не воведуваш повеќе производи одеднаш, туку постепено производ по производ. Зошто? Иако се тоа производи кои ќе и помогнат на кожата, сепак воведувањето на повеќе производи наеднаш може да направи шок, а резултатот е контаефект.

Секако, потребно е и да се придржуваш до правилата и препораките за употреба..и за крај, не заборавај да имаш реални очекувања.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599