Кошничката е празна.

Top

Природна козметика, поедноставени формулации и природни состојки се денеска се почест императив во негата на кожата и косата.

Но што ни гарантира дека производот е навистина природен како што е наведено на неговата амбалажа? Најточен показател е всушност независниот сертификат NATRUE за природна и органска козметика.

Овој сертификат го издава непрофитната и независна организација The International Natural and Organic Cosmetic Assocation со седиште во Белгија. Основана во 2007 год. оваа организација е посветена на заштита на природната и органската козметика во целиот свет.

Нивната цел е да го поддржат квалитетот и користењето на природните состојки, а со тоа и производителите кои најмногу ги исполнуваат стандардите за квалитет и интегритет во развојот и изработката на природната козметика.

ОД ПРИРОДНИ СУРОВИНИ ДО ОДРЖЛИВОСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО

NATRUE сертификат може да се добие исклучиво со поминување и следење на сите строго пропишани критериуми на NATRUE стандардите, но и ускладување на производниот процес. NATRUE стандардот е развиен од страна на NATRUE Scientific Committe Criteria and Label и периодично се ревидира, развива и усовршува.

Темелните принципи на NATRUE сертификатот се следниве:

  • Дозволени се исклучиво природни состојки од органско потекло, состојки деривирани од билки и биоидентични состојки
  • Исклучени се состојки од синтетичко односно вештачко потекло
  • Исклучена е водата како природна состојка со цел да се избегне вештачкото “пумпање” на процентите на природните состојки во формулациите
  • Поддржана е одржливоста на производството, употребата на рецикабилни амбалажи и долгорочната посветеност на критериумите на организацијата.

За сертификацијата (логотип на женска силуета) да биде возможна, исто така е потребно барем 75% од линијата на производи кои производителот сака да ги сертифицира да бидат во складност со барањата и стандардите на организацијата.

ПРВ NATRUE СЕРТИФИКАТ ВО ХРВАТСКА - КОЛЕКЦИЈАТА ОД СМИЛ

Од 2007 година, па се до денес, преку 270 производители на природна козметика станаа дел од NATRUE фамилијата, а производи сертифицирани со овој вреден сертификат, можеме да најдеме во триесет земји во светот. Една од тие земји е и Хрватска. Од самиот свој почеток во 1994 год, Оливал во своето производство на козметика се води по високи стандарди на производство и користење на што е можно почисти изворни состојки од локално потекло. Првенствено тоа се хранливи масла меѓу кои се истакнува пионерската употреба на вечно омиленото масло од смил во изработка на производи од нега.

Својот NATRUE сертификат Оливал го добива во 2014 година. Таа потврда за квалитет воедно била прва во Хрватска и поширокиот регион. Во овој момент сертификатот за природна и органска козметика го носат 14 производа за нега на лице и тело од колекцијата на смил, како и 5 Натурал део креми.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.