Кошничката е празна.

Top

Иако многу се зборува за важноста на користење на СПФ како дневна нега, во текот на целата година, честопати користиме разни изговори за да го оправдаме избегнувањето на употреба на креми за заштита на лице и тело.
Во продолжение издвојуваме неколку од најчестите СПФ митови, како би ги препознале и освестиле сопствените изговори, но и да ги избегнете опасностите од изложување на сонце.

1. КРЕМИТЕ ЗА СОНЧАЊЕ МИ ПРАВАТ МОЗОЛЧИЊА И МИ ЈА МАСТАТ КОЖАТА

Кожата е специфичен орган, а нејзините потреби и состојба варираат индивидуално од личност до личност. Поради оваа причина, истиот козметички производ на декларативно ист тип на кожа може да има сосема различни ефекти.

Треба да го пронајдете идеалниот производ за себе и секако ова не е лесна задача. Освен што е потребно разбирање за основната нега и едукација за различни кожни состојби, треба да се прилагодите и на моменталните временски услови. Секако, не можете да погрешите со користење на креми со заштитен фактор во текот на целата година, но дефинитивно треба да ги нанесувате во почести интервали во текот на летните месеци – минимум на секои два часа или при секое капење, сончање, потење и бришење.

Честопати одредени креми за сончање имаат помасен состав кој не одговара на сите типови на кожа, но имајте предвид дека не сите креми за сончање се исти. Треба да се нагласи дека за масните типови на кожа ќе одговара полесна, брзоапсорбирачка текстура како Professional Флуидот за лице СПФ 30 или креми со матирачки ефект како Professional Кремата за лице СПФ 50.

За кожата склона кон затворени пори и формирање акни, не препорачуваме употреба на „тешки“ креми кои потенцијално можат да предизвикаат несакани неправилности со кои би ве одвратиле од првичната цел, а тоа е целосна и секојдневна заштита од сонце. Соодветното отстранување на СПФ исто така може да помогне во решавањето на затворените пори и појавата на неправилности. На крајот од денот, лицето треба да се исчисти со методот на двојно чистење, со употреба на Микроемулзија во првиот чекор, и Амино гел во вториот чекор.

2. МОЈАТА ПУДРА ИМА СПФ И ТОА МИ Е ДОВОЛНО

Минималната заштита за кожата на лицето, особено во текот на летото, е СПФ 30, но не е лошо дополнително да се нанесе пудра во која има минимум СПФ 15. Количината во која треба да се нанесе само пудрата, за навистина да се заштити кожата од штетните сончеви зраци, не е количината што обично ја нанесуваме на лицето. Шминката со СПФ честопати штити само од УВБ зраци, односно спречува евентуално црвенило на кожата и изгореници, но не успева да обезбеди целосна заштита, како што би обезбедил подебел слој од крема за заштита од широк спектар.

Меѓународно признаена дебелина на облогата, потребна да се постигне декларираната заштита, е 2mg/cm2 кожа. За да се олесни проценката на потребната количина, се препорачува да се следи т.н. fingertip unit метод и rule of nines поделба на деловите од телото.

Станува збор за обилно нанесување на производот, од коренот, се до врвот на показалецот и средниот прст за секој од наведените делови на телото.

  1. глава, лице, врат
  2. лева рака
  3. десна рака
  4. горен дел на грб
  5. долен дел на грб
  6. горен дел од торзо
  7. долен дел од торзо
  8. лев бут
  9. десен бут
  10. лева потколеница и стапало
  11. десна потколеница и стапало

Не сите се шминкаме на ист начин, односно при користење на разни сунѓери и четки, честопати го нанесуваме производот во потенки, проѕирни слоеви, недоволни за заштита од сонце. Секако, при повторна примена потребно е да се размислува за веќе нанесената шминка, па доколку не сме во состојба и можност да ги отстраниме сите слоеви на шминка, треба да размислиме за производи за заштита во форма на спреј.

3. ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ПОМИНУВАМ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР ПА НЕ МИ ТРЕБА СПФ

Изминативе години, поради пандемијата и работењето од дома, поминавме повеќе време во затворени простории, па затоа, не користевме крема за сончање во иста мера како и порано.

Сепак, она за кое малкумина од нас размислија е дека стаклото на прозорецот всушност не штити од УВА (А = aging, стареење), туку само од УВБ (Б = burning, изгореници) сончеви зраци.

Тоа значи – кога седиме покрај прозорец нашата кожа веројатно нема да стане црвена, но дефинитивно не значи дека сме целосно заштитени од штетните ефекти од сончевите зраци. На ист начин, не сме заштитени дури и кога е облачно. Во повеќето случаеви, ќе избегнеме изгореници од сонце, но штом ја изложиме кожата на УВА сончеви зраци, ризикуваме да се појават предвремени брчки, фини линии и хиперпигментациски флеки.

Во ситуации кога не сме директно на сонце, кога е облачно или едноставно имаме намера да го поминеме времето во затворен простор, идеално е да се применат  креми за сончање со помал фактор, како би имале барем мала заштита која ќе ги спречи предвремените промени на кожата.

4. КОЖАТА МИ Е НАВИКНАТА НА СОНЦЕ И НИКОГАШ НЕ ПОЦРВЕНУВАМ

Сите сакаме да мислиме дека нашата кожа е најотпорна на сончевите зраци, но правата вистина е дека ниту една кожа не може да биде отпорна сама од себе. Некои кожи се почувствителни, склони кон црвенило и не формираат пигменти, но во никој случај не треба да го поистоветуваме брзото потемнување со отпорноста на кожата на сонце.

Честото излагање на сонце е исклучително стресно за секоја кожа, така што различните типови на кожа различно реагираат на стресот на кој се изложени. Некои ќе реагираат со насилни изгореници, а потоа и лупење, додека други ќе потемнат и со тоа ќе се обидат да се заштитат. Редовното сончање без соодветна заштита навистина треба да се избегнува, а во случај на употреба на производи како што се Super Mrkva пекмезот и Super Mrkva маслата за забрзано потемнување, задолжително е потребен производ со висок СПФ.

Кожата треба дополнително да се хидрира по секое изложување на сонце, а за инстантно освежување можете да посегнете по SanSOS Лосионот за после сончање. Исто така, препорачливо е да се пијат поголеми количини вода и да имате предвид дека со соодветна грижа можете да го зачувате нејзиното здравје. Во статијата „Топ 5 совети како во лето да ја зачувате влажноста (и сјајот) на кожата“, можете да најдете подетални упатства и не заборавајте:

Стресот не е добар за нас, ниту за нашата кожа!

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.