Кошничката е празна.

Top

Ретинол – спомнувањето на овој збор предизвикува спротивставени реакции, дури понекогаш и страв. Вистината е дека нема доволно информации за тоа што точно е витамин А или ретинол. Без оглед на мислењето за тоа, сепак, едно е јасно – дерматолозите сметаат на тоа како чиста магија.

Но, дали навистина знаеме што точно прави ретинол? И дали навистина знаеме зошто треба да го користиме или зошто повеќето дерматолози сметаат дека е волшебна супстанција?

Дерматолозите и козметичарите долго време го ставаат на пиедестал

Честопати се среќаваме со ретинол под различни имиња, што создава одредена збунетост кога се обидуваме да откриеме што е најдобро за нашата кожа и кои производи ја имаат таа состојка во нив.

Ретинол или познат како витамин А е витамин растворлив во масти, важен за добар вид, здрава коса и кожа, како и за имунолошкиот систем. Дерматолозите го објаснуваат неговиот подмладувачки ефект велејќи дека не само што го стимулира формирањето на колаген, туку и го забавува неговото разложување.

И тука се главните придобивки што можат да доведат до системска употреба на производи што содржат ретинол во нашите секојдневни животи:

1. Успешно се соочува со проблемот – акни 
Не само што ја регулира маснотијата на кожата, туку ги намалува и порите и ги штити од затнувањe и целосно го менува изгледот и структурата на кожата. Кога станува збор за папули и пистули, во голема мера можат да помогнат послаби ретиноиди, кои се достапни во слободна продажба односно без рецепт. 

Додека пак, кога станува збор за цистични акни потребен е појак ретиноид кој ќе биде препишан од страна на дерматолог.

2. Ги намалува брчките
Ретинол не само што ги измазнува фините линии и брчките, туку ја подобрува густината на колагенот и ја зајакнува кожата, па дури и кожата на жените кои се  40+ станува видливо поздрава и по сјајна.
Главната примена на ретиноидите, всушност, е оваа. Зошто? Затоа што нивната ефикасност поврзана со anti age ефектот е докажана преку милион клинички студии.

(НЕПИШАНО) ПРАВИЛО: Не чекајте брчките да се појават па да ги третирате/лекувате, туку спречете ги со навремено вметнување на ретиноиди во вашата рутина.  

3. Ја осветлува кожата
Го стимулира обновувањето на кожата на клеточно ниво. На клеточно ниво: замена на стари, оштетени темни клетки кои ги формираат флеките со нови и здрави клетки, правејќи ја кожата посвежа и измазнета.

4. Ја намалува видливоста на темните дамки и лузни
Со текот на времето, го изедначува тенот, ги осветлува сончевите флеки, успешно ги корегира лузните од акните и хиперпигментацијата.

Но! Не сите РЕТИНОИДНИ ВИДОВИ имаат иста моќ…

Кога зборуваме за козметика која содржи ретиноиди, најчесто слушаме дека се споменуваат различни типови, како што се Ретинол, Ретиналдехид, Третиноин и други.  Но, што точно се овие сложени имиња?

Всушност, ретиноидите се вообичаено име за целото семејство на деривати на витамин А. Затоа, ние ќе го користиме зборот ретиноид кога зборуваме за целото семејство, и за специфичниот вид ако станува збор само за него.

Проблемот е во тоа што има многу видови, некои брендови користат свои патенти и сето ова заедно може да го направи изборот на соодветен производ за нега на кожата што содржи ретиноиди, крајно збунувачки и да го претвори во вистинска “авантура”.

Сепак, најчесто употребуван е ретинол, кој спаѓа во групата на ароматични ретиноиди растворливи во маснотии за локална употреба, која исто така вклучува алитретиноин, третиноин, изотретиноин и ретиналдехид.

Ретинол и ретиналдехид најчесто се користат во козметички цели, а третиноин, изотретиноин и алитретиноин за третман на разни дерматолошки заболувања.  Последните 3 се најсилни и затоа не е добра идеја самостојно да ги употребувате, односно тие треба да се користат под надзор на специјалисти или по нивна препорака.

КАКО ДА СЕ ВОВЕДЕ И ОД ШТО ДА СЕ ПОЧНЕ?

Метаболизмот на клетките на кожата значително се забавува кон крајот на 20-тите, т.е.  рани 30-ти.  Можеби ова е време кога треба да започнете да користите производи  со ретинол, како поблага форма на ретиноиди.

Кога ќе започнете да користите продукти за лице со ретиноиди треба да: 

  • го користите во мали количини навечер, поради фотосензитивност (осетливост на сонце). 
  • започнете со нанесување на продуктот на лицето и вратот, во количина од зрно грашок.  Почекајте до следниот ден и видете дали има реакција.
  • нанесете хидратантен крем на лицето откако ќе се впие продуктот со ретинол (околу 20 минути), а наутро, после миење, обавезно нанесете  хидратантен крем со заштитен фактор.

Како да започнете? 

1. Прво испробајте ја понежната верзија (Оливал Витамин Р2)
Побарајте продукт кој во својот состав ќе содржи ретинолен естер , бидејќи се многу поблаги на кожата во однос на чистиот ретинол.

2. Постепено преминувајте кон појака форма на ретиноид (Оливал Витамин РА)
Започнете со мала доза, само 2 пати неделно. Ако сè се одвива добро и не доживеете сувост, црвенило или чешање, постепено можете да ја зголемите фреквенцијата на примена.

3. Заштита од сонце
Како и со секоја рутина за нега на кожата каде целта е да се минимизираат недостатоците на кожата, откако витамин А е вклучен во вашата рутина за нега на кожата, навистина треба да размислите за добро формулиран крем со SPF 20, 30 или 50+. 

Започнете со примена на ОЛИВАЛ ВИТАМИН Р2 СЕРУМ кој претставува комбинација од неколку активни компоненти, како: 0.1% ретинил палмитат кој е исклучително нежна форма на ретиноид, односно ретинол за почетници, потоа ресвератрол, хијалуронска киселина, како и алое вера. 

Тој длабински ја хидрира кожата, го смирува црвенилото и неправилностите, делува антиоксидативно и долготрајно допринесува за цврстината и еластичноста на кожата, па така ефективно ја намалува видливоста на брчките. Со оглед на хидратантната формулација, концентрацијата на ретиноиди и  смирувачките состојки, овој серум можете да го користите секојдневно, навечер на влажно лице, со нанесување на крем по него. 

најпотентната форма на ретиноид во слободна продажба

Како да продолжите? 

Со примена на ОЛИВАЛ ВИТАМИН РА СЕРУМ. За разлика од Р2 серумот на Оливал, кој содржи ретинолни естри и ресвератрол, овој серум во својот состав содржи: 

  1. Ретиналдехид 
  2. Астаксантин

И баш поради првите букви од овие две соединенија го има добиено името витамински RA серум. 

Ретиналдехид е форма на ретиноид што покажува исклучително добро дејство против предвремено стареење на кожата и неправилности на кожата во форма на акни (особено кај возрасни личности).  

Голем број студии покажале дека тој е единствениот во групата на ретиноиди, кој со локална апликација на кожа, обезбедува антибактериска активност против грам-позитивни бактерии како што се S. aeureus, Micrococcus spp. или патогени микроорганизми поврзани со развој на воспалителни состојби како што се акните.

1. Забрзува размена на клетките на кожата (старите ги заменува со нови и здрави клетки)
Нормалната замена на клетките нанкожата се случува за 28 дена. Со примена на ретиналдехид, овој период ќе се скрати за околу 14 дена. 

Со самото тоа, ќе се забрза регенерацијата на кожата и ќе почне намалувањето на видливоста на неправилностите на кожата. 

2. Ја подобрува текстурата на кожата
Преку процесот на забрзана замена на стари и не функционални клетки, со нови и здрави клетки, кожата ќе започне да го добива својот природен сјај и свеж изглед. 

3. Помага да се исчистат порите
Како што ќе ги отстранува мртвите клетки од кожата, кои за себе врзале нечистотии така оваа супстанција ќе ги чисти порите и со самото тоа после извесен период од неговата примена ќе се намали нивниот дијаметар. 

Од друга страна, ретиналдехид балансира создавање на масло од страна на кожата и со самото тоа, уште еден фактор кој ги полни порите е намален односно е под контрола. 

4. Зголемува продукција на колаген и со тоа се намалува појавата на брчки
Новите клетки кои од длабоките слоеви на кожата, ќе дојдат на нејзината површина се карактеризираат со добра функција. Под добра функција, се подразбира и подобрената продукција односно создавање на колаген, кој е важен за пополнување на брчките и фините линии на кожата. 

Покрај ретиналдехид, како што напоменавме на почеток, овој серум содржи и астаксантин. 

Астаксантинот е еден од најмоќните природни антиоксиданти и спаѓа во каротеноиди. Тој е 10 до 100 пати посилен од витамините Ц и Е. 

Главната особина, поради која е формулиран во овој серум заедно со ретиналдехид е да намали боја на веќе присутни флеки и да спречи појава и формирање на нови. 

Астаксантинот ја штити кожата од флеки, предизвикана од изложеност на УВ зраци така што ја забрзува нејзината регенерација, со резултат здрава и сјајна кожа. Тој исто така против, хиперпигментација делува и со потиснување на производството на меланин во кожата и контролирање на неговото таложење во клетките. 

Тоа што е важно за овој серум е да се аплицира 10 минути после чистење на лице и после неговото нежно масирање на лицето, повторно да почекате 10 минути и да продолжите со хидратација.

Предупредување: Не се препорачува примена на ретиноиди кај бремени жени и доилки.

 

Набавете ги вашите ретиноиди со клик на овој линк, а можете да ги најдете и во ДМ маркетите, парфимерија Паладиум во Прилеп и аптеките св.Пантелејмон и Хигија во Кавадарци.
Објавено од @magnolia.glamour

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.