Кошничката е празна.

Top

Многу се зборува за чекорите за припрема на кожата пред сончање, па така, сигурно сте ги направиле правилните. Сте избрале квалитетни масла и креми, сте ги нанесувале барем половина час пред изложување на сонце и сте го повторувале слојот од производот уште неколку пати на плажа. 

Сега е време да се посветите на грижата за кожата по сончањето! 

ДЛАБИНСКИ ИСЧИСТЕТЕ ЈА КОЖАТА

За што мечтаеме после часови и часови сончање? Па се разбира, за освежителен и прочистувачки туш! Доброи за парче лубеница! Нека првиот чекор за нега по сончањето трае сè додека ви одговара, но не би било лошо да се држите до препораките. Пред сè, туширајте се со ладна вода. Покрај тоа што во вашето тело ќе се подобри циркулацијата на крвтастудениот млаз вода помага полесно да се сочува новостекнатиот тен. 

Од друга страна, козметиката за заштита од сонце е многу густа и се користи изобилно, па и покрај квалитетните состојки, тие можат да ги затворат порите и да предизвикаат разни неправилности. Погрижете се да користите нежни, но ефикасни гелови за туширање, кои по можност не содржат сурфактанти кои ја сушат кожата, како што е SLS. Добро ќе ви дојде да користите и ракавица изработена од природни материјали, со која можете нежно да ја масирате кожата и да ја ослободите од потешката текстура на производите за сончање. 

БИДЕТЕ РЕДОВНИ И (НЕЖНИ) СО ПИЛИНГОТ

Иако и со таква ракавица може да направите полесен пилинг на телото, барем еднаш неделно, посветете малку повеќе време и внимание на оваа ставка. Задолжително изберете производ кој нема да ја исуши кожата, туку ќе ја исчисти со помош на природни честички, а при тоа ќе ја нахрани со своите хранливи состојки.

Избегнувајте ги оние гелови кои наместо совршена мазност и пријатен мирис, оставаат чувство на затегнатост зад себе. Бидете нежни, но темелни со пилингот. Започнете од петиците и нозете, а потоа нежните кружни движења полека „дигајте ги“ кон горниот дел од телото. На овој начин ќе бидете сигурни дека не сте пропуштиле ништо а воедно ќе ја зголемите и циркулацијата. 

ХИДРАТИЗИРАЈТЕ СЕ ОД СИТЕ СТРАНИ

Нема сомнение дека постојано се обидуваме да го применуваме ова важно правило, но некогаш се случува едноставно да заборавиме на тоа. За кожата да биде убава, здрава, цврста и еластична, потребна и е вода. Всушност, потребна и е многу вода, и одвнатре и однадвор, особено по подолго изложување на сонце. Производите кои содржат хранливи масла и состојки како што е какао путерот брзо ќе и ја вратат влагата на сувата кожа и ќе ги нахранат сите нејзини слоеви. Доколку ви е потребна брза и брзо-апсорбирачка доза на хидратација, посегнете по Оливал SunSOS лосионот за по сончање. Се разбира, не заборавајте на водата и храната богата со бета-каротен (моркови, сладок компир, дињи и манго). 

УБЛАЖЕТЕ ГИ ИЗГОРЕНИЦИТЕ СО АЛОЕ ВЕРА

Ако некогаш во животот „прописно“ сте изгореле од сонце, веќе буквално научивте дека на вашата кожа и е неопходна заштита од сонце. И доколку ви се случи тоа непријатно искуство оваа сезона, не паничете. Нежниот гел на Оливал збогатен со смирувачка алое вера нежно ќе ја излади изгорената кожа, ќе го намали лупењето, црвенилото и ќе ја стимулира нејзината регенерација.

Секако, дозволете и на кожата да се одмори и регенерира, па сепак одморете се од сончањето неколку дена. Не се впуштајте во козметички третмани и не користете производи кои содржат киселини. 

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА ЧУВСТВИТЕЛНИТЕ ДЕЛОВИ

Кожата на вашето тело обилно потхраните со некој од производите од Волшебната, Кристалната или пак Ружината колекција на Оливал, а кожата на лицето освежете ја со хидратантна маска, серум и крема. При тоа, може да се случи да ги занемарите ушите, усните, прстите на стапалата и кутикулите. За да не дојде до лупење и непријатна затегнатост и сувост на кожата, погрижете се за длабинска хидратација и на овие делови. 

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599