Кошничката е празна.

Top

Добри навики се усвојуваат уште од раните денови на пубертетот. Негата на кожата можеби не е дел од основната хигиена, како што е случајот, на пример, миењето на забите, но итекако е важна. Пубертетот обично е време кога тинејџерите стануваат посвесни за своите особености, па така и за својата кожа, и во тој момент доаѓа желбата за повнимателна грижа. На што точно се однесува ова, како да им се помогне на тинејџерите да ја одберат идеалната грижа за својата кожа, прочитајте во продолжение.

ЗАШТИТАТА НА ПРВО МЕСТО

Тинејџерите навистина можат да кажат дека нивната кожа е буквално во најдобрите години. Нивото на колаген и еластин е на највисоко можно ниво, кожата добро ја задржува хидратацијата, свежиот изглед е видлив и сеуште ги нема раните знаци на стареење. Токму од овие причини клучно е таквата состојба да се одржува уште од раната младост за едноставно да трае што подолго. И девојчињата и момчињата треба да се учат за важноста на заштитата од сонце во тој период. Превенцијата е секогаш оптимално решение, а кога се во прашање УВ зраците, само заштитен фактор ќе може соодветно да го зачува здравјето на кожата и нејзината физичка состојба и изглед.

За да се спречи оштетување на кожата предизвикано од сончевото зрачење, како и влијанието на намалување на создавање на колаген, што предизвикува брчки, неопходно е секојдневно да се користи производ за заштита од сонце со УВ филтри, поточно со заштита 30 или 50. Добро е да се изберат флуиди и креми со пософистицирани нови филтри, кои се добро подносливи и за чувствителната кожа, за пределот околу очите. Креми кои брзо се впиваат и не оставаат бели траги.

Professional Флуидот СПФ30 е многу лесен и удобен за кожата, погоден за сите типови на кожа, додека Professional Кремата СПФ50 е се препорачува за масна кожа и лица со изразено мастење на Т-зоната. Бидејќи се производи кои го заменуваат дневниот крем, содржат негувателни состојки како ниацинамид и коензим Q10. 

ДВОЈНОТО ЧИСТЕЊЕ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ГИ ЧИСТИ ПОРИТЕ

Од друга страна, УВ филтрите, односно производите за заштита од сонце, треба добро и темелно да се отстранат од кожата навечер. Бидејќи повеќето од нив се растворливи во масло, одлично е да се користат средства за чистење на лицето кои се на база на масло или со една маслена фаза (маслото го топи маслото!). Тука на акција стапува Микроемулзијата, маслен чистач од кој истиснувате мала количина на суви дланки, вмасирувате на суво лице и потоа го измивате со вода.

Вториот чекор е миење, за да се отстранат сите ситни остатоци од шминката, СПФ и нечистотиите. Тоа може да биде Мицеларен гел или Мицеларна пена со масло од смил или Амино гелот, зависно од преференците. На пример, производите од колекцијата со Смил имаат природен освежително-цветен мирис, додека Амино гелот не содржи додатни мириси.

ПОЖЕЛНИ СЕ НИАЦИАМИДОТ, САЛИЦИЛНАТА КИСЕЛИНА...

Дури и основната рутина, почнувајќи од секојдневното чистење, е добра основа за чисто лице без мозолчиња. Меѓутоа, за време на пубертетот кожата поминува низ големи промени и не е чудна појавата на помали неправилности, вклучително и посилна маснотија. Во овој случај, добро е да се вклучат производите со салицилна киселина или ниацинамид.

Микроексфолијантот е интересен и едноставен пилинг во прав кој ќе ја освежи, измазни и видливо ќе ја прочисти кожата уште од првата употреба. Се промешува со малку вода во рака, се нанесува на влажна кожа, се масира и се остава да делува, па се плакне. По него, секако, следи обилна хидратација, а по потреба пилингот се користи – приближно еднаш неделно.

За секојдневна третманска нега тука е и Витамин Б3 серумот. Покрај ниацинамид, кој е клучен за балансирање на масната и проблематична кожа, овој серум содржи и други состојки (кои поретко ги има на пазарот), како што се транексамична киселина за намалување на противвоспалителните флеки, екстрактот од кора од магнолија за смирување и зајакнување на бариерата на кожата, ксилитолот и пантенолот за интензивна хидратација и обновување. Поради својата целосно течна текстура, овој серум ги заменува тоникот и есенцијата, овозможува концентрирана нега која моментално се апсорбира. Воедно не е масна и одлично оди со другите производи од секојдневната рутина.

КРЕМОТ Е ШЛАГ НА КРАЈОТ НА РУТИНАТА

Секоја кожа има потреба од крем. Буквално секоја, дури и најмaсната. Важно е да се избере текстурата и составот што му е потребен на таков тип на кожа. Што да се избере? Лесни текстури на гел или флуид кој брзо ќе се впие и нема дополнително да ја масти кожата. Пожелно е, во случај на екстремно мaсна кожа, кремите да не содржат многу хранливи и масни природни масла како маслиново, кокосово и слично. Наместо тоа, добредојдени се состојки како што се сквалан, глицерин, хијалуронска киселина. Исто така, одлично е во рутината да се вклучат креми од третмански вид, како што е Матирачкиот флуид со масло од смил, кој краткорочно хидратизира и негува, а долгорочно помага за намалување на секрецијата на себумот и спречување на запушувањето на порите која доведува до појава на акни и мозолчиња.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599