Кошничката е празна.

Top

За еден од двата производи кои се воведени во колекцијата од Смил, Оливал имаат добиено многу барања на социјалните мрежи, а другиот сигурно ќе стане неизбежен дел од рутинската нега за масна кожа. Во продожение дознајте повеќе за нашите природни новитети, Крем за околу очи и Матирачкиот флуид со масло од смил!

ОКОЛУОЧНАТА НЕГА Е НОВА ОБЛАСТ ВО КОЛЕКЦИЈАТА СО СМИЛ

Веќе добро познатите придобивки од етеричното масло од смил се споени во синергија со екстрактите од мака (афион) и семките од чилеанската малина, додека раскошната и богата текстура на природната Крема за околу очи со масло од смил се должи на хранливиот шеа путер и масло од семки од кајсија, авокадо и арган.

Екстрактот од мака е една од помалку познатите, но докажано ефективни природни состојки за нега на кожата, особено кога станува збор за нега на пределот околу очите. Посебна е по тоа што ја инхибира липогенезата и ја стимулира липолизата, што значи дека го намалува обемот на нагласено ткиво на подочниците (изразени и отечени кругови под очите во форма на „вреќички“). Иако темните кругови екстремно тешко се третираат со козметика, бидејќи се честа појава како резултат на генетската предиспозиција, физиономијата на лицето и животните навики, екстрактот од мака целно делува на подобрување на изгледот на кожата околу очите – помага да се зајакне цврстината и еластичноста на ткивото и допринесува за светол ефект на пределот околу очите. Оваа крема нежно ќе ја хидрира, негува и финално ќе ја изедначи областа околу очите, истовремено ублажувајќи ги долгорочно отоците на подочниците.

Екстрактот од семе од чилеанска малина содржи голем дел незаситени масни киселини и витамин Е, а исто така содржи фитоалексин, или природен фенол ресвератрол, кој го стимулира создавањето на колаген. Има антиоксидантно дејство и ја одржува нормалната функција на клеточните мембрани во кожата, со што се подобрува задржувањето на влагата во кожата. Со долгорочна употреба, помага да се одржи природната еластичност и свежина.

Кремот за околу очи лесно се вклопува во секоја рутина и се користи по потреба – наутро, навечер или двапати на ден, по чистењето на кожата. Треба да се нанесе во помала количина на пределот околу очите, избегнувајќи контакт со самото око.

МАТИРАЧКИОТ ФЛУИД ИДЕАЛЕН ЗА МАСНАТА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

Смилот, скваланот, масло од камелина и екстракт од тимијан се состојките кои ја сочинуваат уникатната формулација на Матирачкиот флиуд со масло од смил. Екстрактот од тимијан, главната ѕвезда на оваа формулација, се добива со дестилација на цветовите, лисјата и стеблата на ова диво растение. Главните компоненти заслужни за активното дејство на кожата се тимол и карвакрол, полифеноли со силно антивоспалително, антимикробно и антиоксидативно дејство.

Екстрактот од тимијан во Матирачкиот флуид со масло од смил дејствува во синергија со маслото од камелина која е исклучително богата со алфа-линоленска и линолна киселина. Станува збор за омега масни киселини кои одговараат за масна кожа. Овој комплекс целно ја ублажува и спречува појавата на неправилности во форма на акни, мозолчиња, комедони и црвенило по воспалителните процеси кај кожата.

Делувањето може да се подели на 4 главни начини:

  1. има антиоксидантно дејство врз себумот, со што се спречува развојот на бактерии
  2. ги неутрализира епидермалните лезии кои ја штитат кожата од промените предизвикани од C.acnes
  3. ja ублажува појавata на воспалителни цитокини, со што се намалува воспаленоста на кожата
  4. спречува хиперкератинизација (задебелување на површинскиот слој на кожата) преку намалување на зголемената активност на ензимот 5-липоксигеназа, што ја намалува можноста за нови неправилности

Матирачкиот флуид со масло од смил има лесна, транспарентна, течна текстура која се нанесува и апсорбира многу лесно. Не остава масни траги на кожата. Самостојно, флуидот ќе биде одличен за масна, проблематична кожа, склона кон зголемено лачење на себумот, но и за комбинирана кожа во комбинација со други производи за нега. Се користи по потреба, навечер, наутро или двапати дневно, и може да се нанесе и во тенок слој под производ за заштита од сонце.

Кремот за околу очи и Матирачкиот флуид  со масло од смил не содржат вештачки мириси. Мирисите на самите производи доаѓаат од состојките присутни во формулациите. Така, поизразениот билен мирис на флуидот доаѓа од екстрактот од тимијан, кој е дел од главниот активен комплекс во него.

ФОРМУЛАЦИИ КРУНИСАНИ СО НЕЗАВИСЕН ЦЕРТИФИКАТ

И двата производи, како и целата колекција од Смил, припаѓаат на природна козметика чиј квалитет е потврден со независен сертификат.

Овој сертификат го издава непрофитната и независна организација „Меѓународната Асоцијација за Природна и Органска Козметика“ со седиште во Белгија. Основана во 2007 година, организацијата е посветена на заштита и промоција на природната и органска козметика низ целиот свет. Нивната цел е да го поддржат квалитетот и употребата на природни суровини, а со тоа и видливоста на производителите кои ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и интегритет во развојот и производството на природна козметика. Сертификатот за NATRUE може да се добие само со усвојување на сите строго пропишани критериуми и следење на стандардите на NATRUE, но и усогласување на производствениот процес.

Како би се овозможила сертификацијата со препознатливиот логотип на женска силуета, потребно е барем 75% од производите од колекцијата да бидат во склад со барањата и стандардите на организацијата.

Од самите почетоци во 1994 год во изработката на козметика, Оливал се водат по високите стандарди на производствен процес и се залагаат за што почисти, изворни состојки од локално потекло, а колекцијата со Смил е прва во Хрватска и регионот чиј квалитет е потврден со овој сертификат уште во 2014 год.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.