Кошничката е празна.

Top

Заштитата од сонце одамна не е, или барем не треба да биде, на маргините за нега на кожата. Веќе добро познат факт е дека оваа позната кратенка СПФ се препорачува за дневна нега, без оглед на временските (не) прилики, а особено ако во рутинската нега се користат активни состојки како киселини за хемиски пилинг (ексфолијација) или ретиноиди.

Заштитата од сонце не е резервирана само за на плажа и во лето. Не е потребна само за над 25°C, и кога нема облаци. Таа е основен, клучен дел за негата на кожата на која било возраст, заедно со нежно чистење и соодветната хидратација. Таа е најдобрата можна превенција за видливото, но и невидливото кумулативно фотооштетување, како и кај предвременото стареење на кожата.

Развојот на производи за сончање во Professional колекцијата, кои првенствено ќе бидат функционални, но и текстурално интересни, адекватни, негувателни и пријатни за секојдневна нега, беше голем приоритет на Оливал последните неколку години. Со оглед на потребата да се заштитиме од штетните ефекти на УВА и УВБ зрачењето, но исто така и фактот дека нивниот асортиман е богат со серуми и многу потентни активни состојки како што се ретиналот и AHA и PHA киселините за кои што заштитен фактор е апсолутно потребен, Оливал воведе два нови производи – Professional Флуид за лице СПФ 30 и Professional Крема за лице СПФ 50.

Ова се производи кои го комбинираат најдоброто од двата света. Класична фотозаштита со силно преплетување на проверени УВ филтри од новата генерација и хидратантна, дневна нега збогатена со негувателни активни состојки.

Оливал Professional Кремата за лице СПФ50 е матирачки мус за дневна нега на лицето и вратот. Овој крем со прекрасна пенаста текстура обезбедува целосна висока заштита од сонцето (УВА и УВБ зрачење) со заштитен фактор 50 (ППД 19,9). Исклучително брзо се апсорбира во кожата, остава кадифен мат финиш, но не ја масти кожата. Идеална е за сите типови на кожа, но особено е погоден за комбинирана и масна кожа, како и за љубителите на матиран тен во текот на целиот ден. На кожата дејствува како прајмер, не остава тешко чувство, поради што лесно го заменува дневниот крем и е одличен за секојдневна нега во текот на целата година или по потреба. Не остава бели траги и е одлична подлога за шминкање.

Како што и самото име кажува, Оливал Professional Флуид за лице СПФ30 е лесен производ со флуидна, скоро течна текстура за дневна нега на лицето и вратот. Многу е нежен и прилагодлив на кожата, лесно се апсорбира и остава нежно чувство на мекост. Исто како кремата, тој овозможува целосна висока заштита од сонце (УВА и УВБ зрачење) со фактор 30 (ППД 15,6). Свиленкастата текстура на течноста, на тенот му дава хидриран и природен сјај. Флуидот е идеален за сите типови на кожа, но особено е погоден за сува и чувствителна. Одличен е за секојдневна заштита и нега во текот на целата година или кога е потребно, самостојно или пред шминка, а исто така е лесно надоградлив.

Двата производи се збогатени со ниацинамид и убикинон (коензим Q10). Ниацинамидот (витамин Б3) го намалува појавувањето на неправилности, го регулира лачењето на себум и видливоста на порите, го изедначува тонусот и текстурата на кожата. Убикинонот или коензим Q10 (антиоксиданс) штити од слободни радикали предизвикани од УВ зрачење и околните стресови, ја стимулира синтезата на колаген, ја смирува кожата и делува превентивно на знаците на предвремено стареење. Производите не содржат дополнителни бои и мириси и се лабораториски тестирани.

Professional Кремот за лице СПФ 50 и Флуидот за лице СПФ 30 е потребно да се нанесат рамномерно во соодветна количина како последен чекор на утринската рутинска нега, после миење (чистење) и претходно нанесени производи за нега како што се тоници, серуми и пред нанесување на шминка. Совршено се комбинираат во иста рутина со активни супстанции како што се Витамински серум Ц, Хијалуронски Хидратор 4Х или Пептиден серум П. Важно е да се нагласи дека примената на производи за сончање идеално се повторува на секои неколку часа, како и да се избегне продолжено и прекумерно изложување на сонце и покрај нивно нанесување, особено во лето од 11 до 16 часот.

Professional Флуидот за лице СПФ 30 и Кремот за лице СПФ 50 се важен и неопходен сегмент од дневната рутина.

Комбинирана кожа. Сува кожа. Зрела кожа. Дехидрирана кожа. Нормална кожа. Кожа склона кон акни. Кожа со митесери. Кожа која нема сјај. Кожа со розацеа. Чувствителна кожа. Потемнета кожа. Посветла кожа. Кожата на мажи, но и на жени. Кожата на тинејџери и тинејџерки. За оние кои во рутинската нега користат само гел за чистење, но исто така и за оние кои користат и тоници и серуми.

Заштитата од сонце е потребна за сите кои ги престојуваат на сонце, но и во затворен простор каде што достигнуваат неговите зраци.

За секого, секаде и (скоро) секогаш…СПФ

Производите се достапни во нашата продавница на ул.Рајко Жинзифов бр.23 (кај Цреша бар), парфимерија Паладиум во Прилеп и аптеките св.Пантелејмон и Хигија во Кавадарци, а можете да ги набавите и со клик на овој линк.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.