Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ КРЕМА ЗА ОКОЛУ ОЧИ СО МАСЛО ОД СМИЛ

830 ден

Хранливата, богата текстура на Оливал кремата за околу очи се темели на етеричното масло од смил, шеа путер и маслата од коски од кајсија, авокадо и арган. Нежно ја хидрира, храни и измазнува областа околу очите, додека екстрактите од мака и чилеанска малина целно ја ублажубаат подуеноста и допринесуваат за еластичноста, тонусот и осветленоста на кожата.
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Нанесете ја кремата со тапкање на чиста кожа околу очите. Може да се користи наутро, навечер или по потреба.

 

Предупредување: Избегнувајте директен контакт со очите

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа.

 

15 мл

 

- +

Опис

Екстрактот од мака ја инхибира липогенезата и ја стимулира липолизата, што значи дека го намалува волуменот на нагласеното ткиво под очите (изразени и потечени подочници). Иако е исклучително тешко со козметика да се делува на подочниците во вид на темни кругови (бидејќи најчесто настануваат како последица на генетска предиспозиција, физиономија на лицето и животните навики), екстрактот од мака целно делува на подобрување на изгледот на кожата околу очите – помага да се зајакне цврстината и еластичноста на ткивото и оптички допринесува за свежината на таа област.

Екстрактот од семката на чилеанската малина е богат со незаситени масни киселини и витамин Е, а содржи и природен фенол, односно ресвератрол кој го поттикнува производството на колаген. Делува антиоксидативно и ја одржува вообичаената функција на клеточните мембрани во кожата, со што се подобрува задржувањето на влагата во кожата, природната еластичност и исполнетост.

Состојки: Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Sucrose Polystearate, Cetearyl Alcohol, Apricot Kernel Oil, Persea Gratissima Oil, Rubus Idaeus Seed Extract, Glycerin, Butyrospermum Parkii Butter, Sodium Stearoyl Glutamate, Argania Spinosa Kernel Oil, Benzyl Alcohol, Cetyl Palmitate, Xanthan Gum, Tocopherol, Papaver Rhoeas Extract, Helichrysum Italicum Flower Oil, Rosmarinus Officinalis Leaf Extract, Salicylic Acid, Sodium Chloride, Sorbic Acid, Limonene

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.