Кошничката е празна.

Top

Антиоксидансите во козметичките производи и помагаат на кожата да се одбрани од оштетување на клетките, предизвикано од слободните радикали. Иако слободните радикали се појавуваат сосема природно во човечкото тело, постојат дневни фактори кои го поттикнуваат нивното побрзо дејствување. Тоа се: нездрав начин на живот, пречесто изложување на сонце, изложеност на загаден воздух. Способноста на кожата да се одбрани од влијанието на надворешните фактори се намалува со природниот процес на стареење. Затоа, во вистински момент, ви претставуваме листа на антиоксиданси со цел подобро да се запознаете со нив, како и со начините на кои и помагаат на кожата.

КОЖАТА (ЕДНОСТАВНО) ГИ САКА ВИТАМИНИТЕ

Како што нашиот организам има потреба од храна полна со различни витамини, така има потреба и нашата кожа. Секој од нив има различен ефект и на свој начин и помага на кожата да има здрав и сјаен изглед. Витаминот Е е познат по својата способност да помогне за обновување на кожата при фото-оштетување, а исто така помага да се подобри ефикасноста на другите антиоксиданси. Затоа овој витамин често се наоѓа во комбинација со витамин Ц и ресвератрол.

Витаминот Е e вклучен на почетокот на Оливал Professional негата во Микроемулзијата, за покрај нежното чистење, на кожата да и ги обезбедиме многу потребните витамини и да и помогнеме во одбраната против надворешните влијанија.

Еден од најпопуларните витамини, познат по својата способност да ги осветли хиперпигментациските флеки е витаминот Ц.  Неговиот дериват – натриум аскорбил фосфат (САП) може да се најде во Витамин Ц серумот. Го избравме затоа што е многу понежен за кожата и можноста за иритација е многу помала во споредба со производите со Л-аскорбинска киселина, а може да се комбинира и со ниацинамид.

Ниацинамид или витамин Б3, е последниот витамин вклучен во Оливал Professional колекцијата. Овој витамин ќе го изедначи тенот и текстурата на кожата, ќе ја намали појавата на поствоспалителни флеки и ќе го регулира лачењето на себумот. Одлично делува за зајакнување на бариерната функција, помагајќи да се задржи кожата хидрирана… Вистински мултипрактичар!

ТУКА СЕ И РАЗНИТЕ АНТИОКСИДАНСИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО

Не се витамини, а сепак очајно и се потребни на…. погодивте, станува збор за биофлавоноиди. Супстанциите вообичаено присутни во растенијата, одговорни за специфичната боја на нивните лисја или плодови, се корисни и за кожата. Природните извори на ресвератрол, исклучителен антиоксиданс, може да се најдат во грозјето, виното, боровинките и брусницата, кикиритките, ф’стаците, како и во какаото и темното чоколадо.

Ресвератролот е еден од биофлавоноидите кој исклучително добро делува на осветлување на кожата, а исто така овозможува подобра апсорпција на витаминот Ц. Посебно е познат по неговото смирувачко дејство и спречување на воспалителни состојби на кожата, со што се намалува појавата на различни неправилности како мозолчиња и акни. Затоа ресвератролот е дел од формулацијата на Витамин Р2 серумот. Заедно со ретинил палмитатот и хијалуронската киселина придонесува за поцврста и посјајна кожа.

АНТИОКСИДАНСИ КОИ КОЖАТА ДОПРВА ГИ ОТКРИВА

Од друга страна, некои антиоксиданси одамна се присутни во исхраната и суплементите, а дури сега го наоѓаат своето место во козметиката. Еден од нив е астаксантинот. Станува збор за пигмент кој природно се јавува кај растенијата и микроалгите, а припаѓа во групата на каротеноиди. Затоа се одликува со богата и раскошна портокалова боја! Има исклучителен ефект против фотостареењето и во спречување на хиперпигментацијата, како и во превенција на првите брчки.

Во нега на кожата, пионерски е применет во Витамин РА серумот. Тој игра клучна улога во регенерацијата, а заедно со ретиналдехидот го намалува влијанието на слободните радикали врз кожата. Покрај тоа што има инхибиторен ефект во создавање на меланин, астаксантинот ќе и помогне на кожата да ја одржи преку потребната влажност.

ГО НАМАЛУВААТ ГУБЕЊЕТО НА ВЛАГАТА, ДЕЛУВААТ КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД УВ ОШТЕТУВАЊЕ...

Со антиоксидативното дејство ќе се намалат ефектите од оксидативниот стрес, односно антиоксидансите ќе обезбедат подобра заштита на кожата, ќе овозможат хидратација и ќе ја намалат можноста за трансепидермално губење на влагата, попозната како ТЕВЛ. Топикалната апликација, за разлика од оралниот внес на антиоксиданси, му овозможува на ткивото пристап до повисоки концентрации на овие состојки и ја намалува можноста за несакани ефекти во споредба со другите органи во телото.

Убаво е  да знаете дека со сето она што антиоксидансите и го даваат на кожата, во комбинација со крема за заштита од сонце, можете целосно да ја трансформирате вашата кожа – да ја направите посвежа, помазна и поцврста.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.