Поради своето повеќенаменско дејство, ниацинамидот е глобално позната состојка. Покрај тоа што го смирува воспалителниот процес, го регулира лачењето на себумот и делува на намалување на појавата на неправилности на кожата, ниацинамидот е неутрален, па така, многу лесно може да се вклопи во рутината со останатите активни состојки. Тоа се ретиноидите, АХА и БХА киселините.
Пример, Витамин Б3 серумот можеш да го користиш наутро на влажна кожа, пред нанесување на кремата за заштита од сонце, а навечер можеш да нанесес ретиноиди или спомнатите киселини.
Дериватите на витамин А, односно ретиноидите, исто така се исклучително корисна состојка во борбата против проширените и затворени пори. Пред да употребите ретинил палмитат, ретинол или ретинал, добро е да знаете дека може да предизвика фаза на чистење. Без разлика на рутината, ретиноидите секогаш се воведуваат постепено. Препорачливо е да почнете од најнежната верзија, односно Витамин Р2 серумот кој содржи ретилил палмитат, ресвератрол и хијалуронска киселина.
Витамин Р2 серумот се нанесува на влажна кожа, и потоа влагата се заклучува со хидратантна крема. Она по што се разликува од Витамин РА серумот е начинот на нанесување, но и јачината на ретиноидот. Витамин РА серумот содржи 0,1% ретиналдехид, што е најјаката можна форма на ретиноид достапна на слободниот пазар. За разлика од Витамин Р2 серумот, овој серум се нанесува на сува кожа. Повеќе за разликите меѓу серумите можеш да прочиташ тука.