Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ PROFESSIONAL СЕТ Б3

2,100 ден

PROFESSIONAL СЕТ Б3 содржи:

 

1. Витамински серум Б3 – 30 мл
2. Витаминска крема Б3 – 50 мл
3. ПОДАРОК/ Масажер за лице од црн обсидијан

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

- +

Опис

Неверојатно лесната, брзоапсорбирачка текстура на Витамин Б3 серумот е наменета за нега на кожа склона кон неправилности и црвенило. Станува збор за комплексна формулација во која се споени 8% ниацинамид со 1% транексамична киселина, екстракт од кора од магнолија, ксилитол и провитамин Б5 (пантенол). Ниацинамидот целно делува против појавата на акни и мозолчиња, го регулира прекуумереното лачење на себум и ја намалува видливоста на проширените пори, додека во синергија со транексамичната киселина, ја намалува видливоста на флеките и допринесува за изедначување на текстурата на кожата. Екстрактот од кората од магнолија, ксилитол и пантенол ја смируваат и хидрираат кожата, и ја потикнуваат регенерацијата. Не содржи вештачки бои и мириси.

Употреба: Нанесете го серумот на чиста и навлажнета кожа, пред крема или масло. Може да се користи наутро, навечер или по потреба.

Витамин Б3 гел-кремата базирана на делувањето на ниацинамидот, екстракт од кора од магнолија, сквалан и пантенол длабински ја хидрираат кожата и даваат смирувачки ефект. Немасната текстура брзо се апсорбира, а кожата ја остава мека. Маслото од германска камилица дава благ орашаст мирис и нежна бело-сина боја. Не содржи вештачки  бои и мириси.

Употреба: Нанесете ја кремата над серум или самостојно.

Напомена: Двата производа можат да се комбинираат со деривати на витамин Ц како што е SAP (натриум аскорбил фосфат), односно производи како што се Оливал Витамин Ц серумот и Оливал Витмин Ц кремата. Во моментот производите се достапни само во Оливал Professional сетот Б3.

Состојки:
Витамин Б3 серум:
Aqua, Niacinamide, Panthenol, Tranexamic Acid, Xylitol, Maltodextrin, Lecithin, Magnolia Officinalis Bark Extract, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Tocopherol, Disodium EDTA
Витамин Б3 крема:
Aqua, Squalane, Glycerin, Niacinamide, Isononyl Isononanoate, Panthenol, Sodium Polyacrylate, Butylene Glycol, Sodium Stearoyl Glutamate, Maltodextrin, Cetyl Palmitate, Lecithin, Magnolia Officinalis Bark Extract, Chamomilla Recutita Extract, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Tocopherol, Disodium EDTA

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.