Кошничката е празна.

Top

Се прашуваш ли што им ја дава карактеристичната портокалова боја на лососот или на лушпите од ракчињата- шкампи? Одговорот е астаксантин, молекула која спаѓа во групата на каротеноиди и природно ја има во растенијата и микроалгите, а гореспоменатите морски животни ја добиваат преку нивната исхрана. Најраспространетиот природен извор на астаксантин доаѓа од микроалгата Haematacoccus pluvialis, а поради нејзиниот опсег на ефекти врз кожата е позната во светот на козметиката. Дознајте на што можете да се радувате и да очекувате ако користите производи кои во списокот на INCI го имаат астаксантинот.

ГЛАВНО ДЕЈСТВО - АНТИОКСИДАТИВНО!

Астаксантинот е првенствено антиоксиданс, што значи дека го спречува дејството на слободните радикали кои предизвикуваат стареење на клетките на кожата. Припаѓа во групата на каротеноиди и е исклучително важен во превенцијата на штетните влијанија на УВ зраците, односно игра голема улога во спречувањето на фотостареењето. Познати се над 700 видови на каротеноиди, а меѓу нив, покрај астаксантинот, се и познатиот бета-каротен, потоа алфа-каротен, бета криптоксантин, лутеин и други.

Астаксантинот помага да се спречи создавањето на брчки кои се јавуваат како резултат на оксидативниот стрес, кој придонесува за ослободување на слободните радикали. Се смета дека е до 100 пати посилен од витаминот Е и витаминот Ц. Освен антиоксидантното дејство, влијае на подобрување на  хидратацијата на кожата, ја враќа нејзината еластичност и и овозможува подобро да ја задржи влагата. Кожата станува посјајна однадвор и поздрава одвнатре. Астаксантинот е особено корисен за чувствителна кожа склона на иритација бидејќи го смирува црвенилото и значително ги намалува воспалителните процеси на кожата.

СОВРШЕН ПАРТНЕР НА РЕТИНОИДИТЕ

Астаксантинот е идеален во комбинација со ретиноиди бидејќи ја поттикнува нивната функција, а заедно делуваат посилно против хиперпигментацијата. Токму затоа е дел Витамин РА серумот. Ретиналдехид во процент од 0,1% е многу моќна состојка, која задолжително мора постепено да се внесува во рутината. Најдобро е Витамин РА серумот да почнете да го користите секоја трета вечер, првите две до три недели, а потоа да ја зголемувате дозата на употреба, нормално доколку и одговара на кожата, на секоја втора вечер, а потоа секоја вечер. Бидејќи со користењето на ретиноиди, секогаш ја споменуваме употребата на крема за заштита од сонце наутро, астаксантинот овде дополнително ќе помогне на СПФто  во неутрализирање на фотооштетувањето на кожата. Првите конкретни резултати од ефектот на ретиноидите можете да ги очекувате по 3 до 6 месеци, а првите резултати од ефектот на астаксантин по 8 недели. Нивниот заеднички резултат ќе бидат поплитки брчки, намалување на нивниот изглед и севкупно поеластична кожа со здрав сјај!

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.