Често го слушаме прашањето „Како да се намалат проширените пори?“.
Затоа, прво ќе напоменеме дека порите се сосема природна појава на кожата и со употребата на козметички производи тие нема да се отворат, затворат, физички да се намалат или исчезнат.
Тоа посебно важи за малите точкички на носот кои често се помешуваат со митесери, а навистина не се. Порите се вообичаена, нормална појава на кожата, есенцијален дел од нејзината текстура и функционалност. Меѓутоа, со редовно чистење и правилна нега со одредени состојки, порите можат да бидат чисти, а со тоа и визуелно помали.
Правилната употреба на производите компатибилни со типот и потребите на кожата, како и секојдневната нега, значајно ќе помогнат при визуелното намалување на проширените пори.
ШТО СЕ ПРОШИРЕНИ ПОРИ И КОИ СЕ МОЖНИТЕ ПРИЧИНИ ЗА НИВНАТА ПОЈАВА
Нашата кожа секојдневно е изложена на надворешни загадувања и стресови од кои не штити, но појавата на проширени пори може да се случи од разни причини. Генетската предиспозиција и хормоналниот дисбаланс можат да бидат првите причини. До запушени и општо приметливи пори може да дојде поради неадекватно чистење на кожата, или едноставно од користење на козметички производи кои не ви одговараат.
Порите и се најпотребни на кожата бидејќи овозможуваат излачување на разни супстанции вклучувајќи го и себумот. Доколку целокупниот процес е урамнотежен, себумот поминува потполно неприметно низ порите. До потешкотии, евентуално може да дојде ако лојните жлезди лачат повеќе себум, што може да доведе до запушување на порите, а со самото тоа и до проширување. Постојат состојки кои ќе помогнат за порите да останат чисти, потребно е само да се одлучите да ги вклучите во вашата рутина.
НИАЦИНАМИДОТ И РЕТИНОЛОТ ПОМАГААТ ЗА ПРОШИРЕНИТЕ ПОРИ
Покрај многу потребното, секојдневно чистење на кожата каде секогаш топло го препорачуваме методот на двојно чистење, постојат состојки кои дополнително можат да помогнат при решавање на запушените пори, како и во нивното темелно длабинско чистење.
Поради своето повеќенаменско дејство, ниацинамидот е глобално позната состојка. Покрај тоа што го смирува воспалителниот процес, го регулира лачењето на себумот и делува на намалување на појавата на неправилности на кожата, ниацинамидот е неутрален, па така, многу лесно може да се вклопи во рутината со останатите активни состојки. Тоа се ретиноидите, АХА и БХА киселините.
Пример, Витамин Б3 серумот можеш да го користиш наутро на влажна кожа, пред нанесување на кремата за заштита од сонце, а навечер можеш да нанесес ретиноиди или спомнатите киселини.
Дериватите на витамин А, односно ретиноидите, исто така се исклучително корисна состојка во борбата против проширените и затворени пори. Пред да употребите ретинил палмитат, ретинол или ретинал, добро е да знаете дека може да предизвика фаза на чистење. Без разлика на рутината, ретиноидите секогаш се воведуваат постепено. Препорачливо е да почнете од најнежната верзија, односно Витамин Р2 серумот кој содржи ретилил палмитат, ресвератрол и хијалуронска киселина.
Витамин Р2 серумот се нанесува на влажна кожа, и потоа влагата се заклучува со хидратантна крема. Она по што се разликува од Витамин РА серумот е начинот на нанесување, но и јачината на ретиноидот. Витамин РА серумот содржи 0,1% ретиналдехид, што е најјаката можна форма на ретиноид достапна на слободниот пазар. За разлика од Витамин Р2 серумот, овој серум се нанесува на сува кожа. Повеќе за разликите меѓу серумите можеш да прочиташ тука.
ПОЖЕЛНИ СЕ И КИСЕЛИНИ ЗА ЕКСФОЛИЈАЦИЈА
Доколку сепак сакаш да почнеш со киселини, бидејќи сметаш дека тоа е најдобро за твојата кожа, не можеш да погрешиш со Пилинг Тоникот АХА ПХА или Микроексфолијантот. Пилинг Тоникот површински ги отстранува мртвите клетки на кожата додека Микроексфолијанот делува и длабински, чистејќи ги порите. Нежните АХА и ПХА киселини во тоникот се одличен избор за чувствителна и сува, до нормална кожа на лицето. БХА киселината (салицилна) во прав во Микроексфолијанот ќе одговара за комбинирана до масна кожа на лицето.
Во двата случаи би посоветувале само повремена употреба до три пати неделно. Најважно е да знаете дека овие производи никако не се користат во иста вечер, а по нивната употреба кожата секогаш треба добро да се хидратизира.
ЗАШТИТАТА ОД СОНЦЕ ЈА ЧУВА КОЖАТА И РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РУТИНАТА
Најважниот, а често прескокнат чекор е нанесувањето на заштитата од сонце. Кога се користат киселини и ретиноиди ЗАДОЛЖИТЕЛНО е во утринската рутина да се нанесува СПФ. Имено, овие состојки ја зголемуваат осетливоста на сончевите зраци, а СПФ ги штити постигнатите резултати. Кај директното изложување на сонцето, добро е да ја обновите заштитата на секои два часа. Ако наутро излагаш за на работа, тогаш доволно е пред повторното излагање да нанесете СПФ. Зависно од тоа дали сакаш полесни флуиди или мус текстури, можеш да избереш помеѓу Professional Флуид СПФ 30 или Professional Крема СПФ 50. Двете креми немаат додадени мириси, ни бои, а штитат од широкиот спектар на УВА и УВБ сончеви зраци.