Кошничката е празна.

Top

Пептидите се аминокиселини поврзани меѓу себе со пептидни врски. Аминокиселините се составен дел на протеините. Протеините, пак, се составен дел од кожата. Самиот колаген на кожата е протеин. Колагенот е тој, кој како што се обновува – така се обновува нашата кожа. 

Според најновите студии, резервите на колагенот започнуваат да се трошат уште од средните 20ти (односно околу 25тата година од животот). Тогаш, нашата кожа почнува да реагира повеќе на надворешни дразби и овој период е карактеристичен за појава на возрасни видови на акни. 

Функција на пептидите

1. Подобрување на еластичноста на кожата

Кожата на лицето, е таа која што постојано е изложена на надворешни влијанија. Како резултат на тоа, нејзината еластичност започнува да опаѓа, па и да немате брчки, можете да забележите дека тонусот, а со самото тоа и сјајот на кожата не се исти како на 20 години. 

Пептидите, преку зголемување на создавањето на колагенот, ќе го вратат сјајот на кожата после 2 месеци редовна примена. 

2. Намалување на флеки и пигментации на кожа

Преку зголемувањето на количината на колаген, пептидите директно ќе влијаат на забрзана регенерација на кожата. Тоа значи дека, колагенот ќе овозможи на кожата да имаме здрав и ефикасен метаболизам, кој ќе доведе до елиминација на пигментирани (потемнети) клетки со нови и здрави. 

3. Намалување на прекумерно масна кожа

Преку зголемување на количината на колаген во кожата, пептидите директно ќе ја зголемат и количината на вода во истата. Со самото тоа, балансот помеѓу вода:масло ќе се регулира и така ќе се нормализира прекумерното создавање на масло (себум) во кожата. 

Функцијата на пептидите е да ја одржуваат кожата здрава, затегната, мазна и сјајна. 

ОЛИВАЛ ПЕПТИДЕН СЕРУМ

Доколку барате производ кој ќе направи очигледни позитивни промени на кожата која има помалце или повеќе видливи знаци на стареење, тогаш мислам дека серум од избор за вас би бил Оливал Пептидниот серум П. 

Исклучително богат со пептиди, аминокиселини кои ефикасно ги размножуваат клетките на колагенот, овој серум, кога се нанесува двапати на ден, покажува одлични резултати дури и на многу зрела кожа.  

Активните супстанции во овој серум се специјалните пептидни композиции на Matrixyl 3000 и Matrixyl synthe’6 ™, направени во Франција. 

Матриксил 3000 е синтетички пептид специјални развиен од страна на Sederma Inc. во Франција.  

Тој е прва antiage состојка базирана на технологија на пептид во матрикс, односно пептид заштитен во соодветна обвивка кој се ослободува и започнува да делува веднаш после стапување во контакт со кожата. 

Матриксил 3000 е составен од два вида на пептиди и тоа – палмитоил трипептид-1 и палмитоил тетрапептид-7. Овие два пептиди работат синергистички (надополнуваат дејство) за да го обноват и одржат младешкиот изглед на кожата со сигнализирање и активација на клетките да започнат производство на повеќе колаген.  

Пептидите се тие кои ги регулираат активностите на клетките преку сигнализирање на клетките. На пример, кога колагенот се распаѓа, неговата концентрација опаѓа и тогаш пептидите се оние испраќаат сигнали до фибробластите за производство на нов колаген. Колагенот е вклучен во заздравувањето на раните и исто така е одговорен за одржување на кожата силна и цврста. Без пептиди, кожата ќе почне да ја губи цврстината. Со текот на времето, ова ќе резултира со појава на брчки, промени во текстурата и кожата ќе го изгуби својот еластицитет.

Бидејќи не сите пептиди имаа иста и еднаква можност да го зголемат производството на колаген, еластин и други макромолекули во кожата, важно е да се применува препарат со добро создаден синтетички пептиди кој со леснотија ќе ги исполнува овие ефекти. Бројни производи за нега на кожата ги вклучуваат овие синтетички пептиди за да обезбедат ефекти против стареење, вклучително и намалување на појавата на фини линии и брчки, намалување на текстурата на кожата и зголемување на цврстината на кожата.  

А како најдобар пептид создаден во лабораторија или синтетички пептид е Matrixyl 3000 кој всушност е застапен во Пептидниот серум П на Оливал. 

Што прави Пептидниот серум?

  • спречува формирање на брчки
  • ја намалува видливоста и длабочината на брчките
  • ја подобрува еластичноста на кожата
  • го стимулира производството на колаген

Споредбената студија која е направена, така што одредена група користела серум со пептиди, а друга група користела серум без пептиди (плацебо), покажала дека после 2 месеци континуирана употреба, длабочината на брчките на лицето кај личностите од групата која употребувала серум со пептиди е намалена за 30 до 100%

Оливал пептидна крема П

Од друга страна, ја имаме кремата со пептиди на Оливал, која е новитет, во смисла, достапна да се купи самостојно (до скоро беше достапна само во форма на сет со пептидниот серум). 

Оливал Пептидната крема П, во својот состав покрај тоа што содржи Matrixyl 3000, има и масла од макадамија и бадем кои ќе ја нахранат и хидрираат кожата. 

Маслото од макадамија е богато со витамини А и Е што го прави ова масло одличен избор за хидратација на кожата. Ова масло нашата кожа го апсорбира со неверојатна леснотија и брзина, затоа што го препознава како дел од себе поради слична структура со природниот себум и така таа успева да ја задржи нејзината природна еластичност и хидратација. 

Бадемовото масло е универзално масло за нега на кожа богато со витамини и минерали кое ја регенерира и храни кожата. 

Разликата помеѓу серумот и кремата е тоа што: 

  • серумот, содржи два вида на пептиди и хијалуронска киселина за полнење на клетките со вода 
  • кремата, содржи еден вид на пептид и масло од макадамија и бадем за хидратација односно “заклучување” на водата во кожата.  
  • кремата е идеална за пред 30тата година
  • серумот е одличен избор од првиот момент кога сметате дека треба да се позанимавате со појава на фини линии и брчки 
  • и серумот и кремата во комбинација, пак ги препорачувам доколку генетиката одредува да имате рано забележливи знаци на стареење или имате 22/23 години, а веќе се познаваат првите фини линии 

заклучок

Со самото тоа што на кожата ќе и “даваме” пептиди, преку нивна редовна апликација како дел од вечерна рутина, ќе го подобриме и зголемиме и забрзаме процесот на создавање на колаген. А колагенот е протеин чие што опаѓање на концентрација во кожата доведува до појава на (први) брчки. 

Освен тоа, преку зголемување на количината на колаген, пептидите директно ќе влијаат на забрзана регенерација на кожата. Тоа значи дека, колагенот ќе овозможи во кожата да имаме здрав и ефикасен метаболизам, кој ќе доведе до елиминација на пигментирани (потемнети) клетки со нови и здрави. 

совет +

Пептидите во комбинација со Златното масло од смил на Оливал, даваат одлични резултати при: 

  • Дехидрирана кожа
  • Кожа со флеки
  • Кожа со акни 
  • Кожа со депигментации 
  • Кожа без сјај 
  • Кожа без тонус 

Набавите ги вашите пептиди со клик на овој линк. Оливал Пептидниот серум и крема, можете да ги најдете и во парфимерија Паладиум во Прилеп, како и аптеките Св.Пантелејмон и Хигија во Кавадарци.

Објавено од @magnolia.glamour

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.