Кошничката е празна.

Top

Без разлика дали е права, кадрава, долга или кратка, секоја коса бара повремена нега која вклучува малку повеќе од шампон. Пакувањето со масло е идеален начин за враќање на влагата, здравјето и сјајот на вашата коса, а за тоа ќе ви треба само одвоено време и хранливи, природни растителни масла.

Знаеме што е маска, што е масло, но што е пакување? Тоа е всушност еден вид на домашно лекување за длабинска нега на косата со помош на вредните нутритивни својства на маслата. Покрај тоа што честопати претставуваат најекономична варијанта, маслата не само што ја измазнуваат површината на влакната, туку и навлегуваат во косата, ја хранат однатре и помагаат да се задржи влагата. Тие ја штитат косата, ја прават поотпорна на кршење и надворешни влијанија, но го олеснуваат и стилизирањето. Исто така, таквата грижа не содржи парабени, силикони и други состојки кои можат долгорочно да и наштетат на косата.

МОЖЕ И НА СУВА И НА МОКРА КОСА

Една од главните дилеми е дали маслата се нанесуваат на сува или мокра коса. Одговорот е – можете да ги направите и двете! Ако планирате да го оставите пакувањето преку ноќ и вашата коса не е оптоварена со производи за стилизирање, слободно нанесете го маслото на сува коса и завиткајте ја во турбан. Ако сте користеле пена, лак, восок и имате намера да го држите пакувањето на главата пократко време, претходно измијте ја косата за да се ослободите од нечистотиите и да ја подготвите за апсорбирање на масло.

Масленото пакување можете да го нанесете пред или за време на миењето – со мешање на омилените масла во омилениот регенератор или маска за коса, а потоа оставете да отстои на вашата коса пред да ја исплакнете. Лесната маслена нега може да се користи и на свежо измиена коса, доколку маслото се нанесува на врвовите на косата, од висина на увото па надоле со лесно „прочешлување“ со прстите.

КОЛКУ ПОДОЛГО ГО ДРЖИТЕ ПАКУВАЊЕТО, ТОА ПОДОБРО

Постојат многу предности на маслата во нега на коса, а една од нив е што можете да ги користите на неколку начини, или пак, како што ви одговара во моментот. Доколку имате повеќе време пакувањето со масла може да го нанесете на сува коса, да ја завиткате во шамија и следното утро да ја измиете косата.

Ако пак, од друга страна, имате помалку време, ќе ја натопите косата и ќе ги задржите маслата малку пократко време со цел да ја нахраните. Кога сте навистина во брзање, компромисно решение е во домашната или купена маска да го додадете маслото по ваша желба, но и секојдневно да ја одржувате со малку масло за нега и сјај. Покрај маслата, не е на одмет во понатамошната нега да се запознате со придобивките од користењето на природни шампони и да изберете комплементарни производи кои нема одново да ја исушат нахранетата коса.

ЧИЧЕК ЗА ПРВУТ, РИЦИНУС ЗА РАСТ

Можеби дома веќе имате некои од маслата кои се користат за пакување. Маслиновото и кокосовото масло се добар пример за такви масла и навистина се широко достапна опција. Но, како и за нега на кожата, постојат масла кои се по соодветни на одредени типови коса, како и на нејзините потреби.

Маслото од авокадо е одлично за враќање на мекоста и сјај, особено за долга коса. Маслото од чичек особено во комбинација со шампонот од чичек, е докажан рецепт за справување со сув првут, а неговите антимикробни и антиинфламаторни дејства, исто така ќе помогнат при екстремно сува кожа на скалпот. За брз раст на косата, но и трепките и веѓите, изберете густо, богато рицинусово масло. За многу долга или виткана коса што лесно се заплеткува, маслото од кокос и рицинус ќе биде подобар избор бидејќи е полесно да се примени на скалпот и низ целата должина. Пукањето на влакното можете да го спречите со богато пакување од арганово масло, а на темната коса ќе и го вратите волуменот со помош на масло од орев.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599